Атлетико против Барса го положија испитот на зрелоста

. Не само што ги злоставија со стил туку ги злоставија без Диего Коста и Арда- двајца клучни играчи сезонава, играчи на кои се препишуваше 70 % од успехот и играчи без кои сите мислеа дека ќе ги изеде помрачина. Да ги имаше Диего Коста оние шанси на Виља ќе дадеше 4 гола од 2 шанси.
Сеа рука на срце треба да се земе во предвид “лесниот пат’’ до ова полуфинале. Го начекаа најслабиот Милан во последниве 10 години и најслабата Барса во последниве 6-7. Нејќам да им го намалам успехот со ова, ама секој од останатите полуфиналисти, а и пар други екипи би поминале со вакви противници.
Сега кога се веќе до тука стасани, до крај на сезонава имаат десетина утакмица севкупно, мислам дека можат напаѓаат на се, и на Примера и на Лига Шампиони, со добра ротација и темпирање на формата од страна на Чоло и многу приземност и коцентрација можат да го направат најголемото чудо откако барем ја гледам фудбал.
реално, да ми кажеше некој пред две години дека Тиаго и Диего што од Јувентус ги избркаа ко кучиња откако се посраа мизерно, Адриан Лопез и Годин ќе бркаат Лига Шампиони со шлајмови ќе го пљукав
пс. Ако некој го спори Карло Анчелоти како тренерска величина, треба под итно да се префли на Фатмаѓул и да остави фудбал да гледаат тие што разбираат.