Немам отоци но имам чешање на оние места кои ми се изложени на сонце,рацете пред се.Ова ми се случува секогаш кога директно ќе е изложам на сонце без заштита.Имам најслаб имунитет на свет и ги мразам докторите
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ќе пробам со витамините и пудрата ,па ќе пишам.Ми рекоа кантарион да се мачкам?
Ахам, само што сакав да ти предложам.
Кантарионот е еден од најдобрите универзални лековити средства, ке ти делува 100пати поздраво и подобро од хемиски произведените лекови имено кантарионот има цикатризантно, стомахично, адстрингентно, антиинфламаторно, спазмолитично, психотропно и антидепресивно. Корисно е и за нега на кожата, кај испукана и сува кожа, изгореници, воспалени рани, повреди, црвенило од потсечување и триење на одделни делови на телото, исеченици, изгореници од различно потекло, зацрвенета кожа при подолго излагање на сонце, оштетувања предизвикани од делување на различни хемиски препарати, разни рани и повреди на кожата, воспаленија на синусите. Во стоматологијата се користи кај воспалителни процеси - гингивит, стоматит и др.
Уште нешто. За таков вид на алергии имам слушнато дека многу помага и "масло од ајдучка трева". Го има во аптеките 100% но многу поубаво е да го најдеш од некои селски продавачи, или отиди во Матија аптеката таму ќе го најдеш во најприродна состојба.
Маслото од ајдучка трева е еден од најдобрите природни препарати за сончање. За разлика од маслото од кантарион кое е добро за кожата, но не за директно изложување на сонце, маслото од ајдучка трева е најдобриот заштитник на плажа. Максимално ја штити кожата од изгореници и дава убава боја. Научно е докажано дека во хлорофилот на свежите зелени листови на ајдучката трева има составен дел кој е налик на витаминот А, како и витамин С. Ова меѓудругото го објаснува ефикасното дејство на маслото кај заштитата на кожата, како и брзото отстранување и зараснување на акни, рани, повреди, изгореници, хемороиди, анални фисури и др. Се користи како моќно антибактериско средство кај патогените микроорганизми, помага во борбата против ешерихијата и кандидата. Надворешно, маслото од ајдучка трева делува кај воспаленија на кожата и слузокожата, ја помага епителизацијата, лекува рани и гнојни процеси, ги собира крвните садови и запира крварења. Како масло за сончање, како помошно средство кај анална фисура, хемороиди, рани, нафрлања на кожата и гнојни процеси, кај мажите за инфекции после бричење.:smir: