Дрекслмајер

  • Креатор на темата cige
  • Време на започнување

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Никој не ве натера вас сосила да работите во фабриката, и ако вас ви се малку тие пари на некој му се доволни и не бара повеќе. 2 плати во фамилија по 10 или 11 000 прават разлика, барем за многумина, не збориме за вас Височества кои ви е испод ниво. И имате право да си одредувате ниво, никој не ви брани, само остајте ги на мира оние кои немаат друг избор или виделе далеку полоши ситуации и работни места од Дрексл, па ете се задоволни. Се чувствувате подобро кога се исмејавате на некој кој работи за тие пари? Вистина вие работите за повеќе, вашите родители работат за повеќе, сите ваши роднини и пријатели работат за повеќе, па овие суми ви се толку многу смешни?
Не видов некој да исмејува некого ради тоа што работи за толку пари. Ако малку поубаво размислиш, ќе видиш дека аргументите на сите тука се дека истите пари (МАКСИМУМ 12000) не се баш исплатливи на подолг рок, на таква работа. Нека си работи таа, цела среќа и посакувам...ама таа не е сама. Од она "ќути, има и полошo" си пати Македонија. Никој не дига глас од било кои услови да ги има, колку и да максимум работи затоа што општата ситуација на беспарица ти налага да работиш колку и да не сакаш, иако здравјето ќе си го дадеш. Нека ја праша некој оваа девојка како ќе и е за 2-3 години од денес. Дали онаа сила што ја има сега ќе ја има и тогаш. И дали со тие 12000 денари мисли семејство да основа.

A, во поглед на "Вистина вие работите за повеќе, вашите родители работат за повеќе, сите ваши роднини и пријатели работат за повеќе, па овие суми ви се толку многу смешни?" - проблемот македонски е што сите работаат за овие суми и се очекува од нас да бидеме среќни и со толку. Затоа сите сакаат надвор од земјава (со очигледни исклучоци). Valvoline ќе продава пуфки на форумов, а не оди да работи за 12000 денари во фабрика како Дрекслер оти не сака да го арчат односно да се изживуваат со него...

Valvoline - ти со бугарски пасош си во МКД (додека многумина се снајдоа за накај Запад и види ги - ич не им чуе за МКД), попуваш на форумов како на Запад да им е многу тешко (а тебе мува не те лази оти ташак си чешкаш по дома 24/7), а притоа си "дал отказ од кај Швабата" (ЛАВУ НАШМАКЕДОНСКИ) за да препродаваш коли од истата Германија (нели пропаѓаше земјава?) или Словенија (нели и оваа пропаѓаше?) или која и да е тамошна (нели СИТЕ пропаѓаа???), не плаќаш даноци во ниту една земја (нит сакаш, нит имаш намера, нит си плаќал во животот нешто изгледа), викаш дека секаде се бараат работници а не раја што легачи (а ти си го ладиш во меѓувреме), сите овде сакаат да одат под администрација (вклучувајќи те и тебе)...мислам дека ТИ си типичен претставник на она што се нарекува (стереотипно) ТИПИЧЕН МАКЕДОНЕЦ!
 
Член од
7 април 2014
Мислења
28
Поени од реакции
68
Чаре во најбрзо време? Идеја, план, совет за обичниов народ? Оти нечии усти храна чекаат, па нема секој време да чека работите да се подобрат за да може достоинствено на работа за 400 евра плата да оди. Ако имаш да понудиш, повели.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Зарем мислите дека ние сме најпаметни на свет и ке ги рушиме економските норми со привлекување на инвестиции?
целата поента е дека не треба толку многу да се крева галама за една фабрика која дошла во направена зграда,ослободена од данок,ослободена од комуналии,со минимални плати и работниците секојдневно си одат
А всушност не ми е јасен зборот дирекни инвестиции ке ми објасни ли некој кај инвестираат тие кога се им прави државата или се лажам?
?
?
?
?
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Чаре во најбрзо време? Идеја, план, совет за обичниов народ? Оти нечии усти храна чекаат, па нема секој време да чека работите да се подобрат за да може достоинствено на работа за 400 евра плата да оди. Ако имаш да понудиш, повели.
"...нечии усти храна чекаат, па нема секој време да чека работите да се подобрат за да може достоинствено на работа за 400 евра плата да оди" - па тоа и ти е и проблемот, со 200 евра само тоа можеш, можеби понекогаш ни тоа. И сами сме си криви што работите ни се на дно.

Немам ништо што да понудам. Од оддамна се разочарав гледајќи како одат работите. Јас со 200 евра месечно, не знам што побргу да наплатам.
 
legend

legend is back
Член од
25 април 2008
Мислења
1.518
Поени од реакции
224
Ве читам и незнам во кој филм сте влезени. Алооо во Македонија стее свестите се не сте 3 месеци на работа во германија каде ги чистите мочките и гомната на некој посран германец или на брод. Се смеете на девојчето али ви изгледа не знаете што значи да работиш на нива оти сте граѓани од прв ред да ви се мочан на граѓаните што седите во 40 квадрата 4 члено семејство. Ме заболе за другите градови али Кавадарци живееше и пред дрехи и да го затворат како што ги гледам вашите желби али виа озрачени велешани и други нема кај да одите ке патите. А типчето од Дојран аплицирал за у фабриката абе чичо тиа филм на др да го кажуваш не на Kавадарчани ;). Темаата може да се прекрсти во политика слободно.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
:):):):):):):):):):):):):):):):):):):):):):):):):)[DOUBLEPOST=1397148053][/DOUBLEPOST] patot ni e platen, imame gardaroba, osigurani sme ПА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО АФРИКА ДА НЕМАМЕ ГАРДЕРОБА
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2013
Мислења
3.968
Поени од реакции
11.779
12.000 ден. > 0 ден. Можеби некој и како џепарац ги добива од неговите од дома, не мора да работи и му изгледаат смешно.
Но чисто колку за потсетување, пред 10-тина години, имаше луѓе што работеа за 6.000 ~ 7.000 ден., по 10~12 часа, неосигурани, со 6 работни дена во неделата, во некои случаи со можност и во недела да се работи, за работата во недела мотивација беше задржувањето на работното место, празниците се разбира работни, без годишен одмор и се разбира сам си обезбедува храна од јаката плата...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651

и ден денес го има ова колку да звучи нереално,од помалите средини каде е замрено СЕ се нафаќаат да одат на подолги дистанци за тие 100тина евра(продавачки,текстил итн)
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
157

А зошто да го има ова зошто например еве во овие поголемиве компании како ДММ па и Кромберг и Шуберг место да се работе по германски принципи каде што не се малтетира работникот туку се бара само квалитет па и 10 да извадат од инсталациите и да им се плате 400 евра па и овие текстилциве малце да видат зорт а не газдите да возат мерцедеси и некои си други коли кои се над 100 илјади евра а работникот за 6 илјадарки 30 дена ќе работе. Туку знаете каде е проблемов со оваа Германска компанија во тоа што им дава власт на овие нашиве па овие братучеди браќа сестри сите си ги местат на убави места како например тоа што се степа сега го наместија тим лидер. Е тоа е проблемот што не треба да им се даде власт на поединци од тука туку да ги има повеќе што се на терен од Германија директно испратени од газдата и да се виде што се работе и како дали квалитетно или само квантитет се бара затоа што германецот бара квалитет а не квантитет. И никогаш не би избркале некој што има искуство од 7,8 месеци или така да го пуште кога ќе даде отказно решение . Еве подолго време заминуваат тиа што почнале од почетокот пред 2 години.[DOUBLEPOST=1397166823][/DOUBLEPOST]
и ден денес го има ова колку да звучи нереално,од помалите средини каде е замрено СЕ се нафаќаат да одат на подолги дистанци за тие 100тина евра(продавачки,текстил итн)
12.000 ден. > 0 ден. Можеби некој и како џепарац ги добива од неговите од дома, не мора да работи и му изгледаат смешно.
Но чисто колку за потсетување, пред 10-тина години, имаше луѓе што работеа за 6.000 ~ 7.000 ден., по 10~12 часа, неосигурани, со 6 работни дена во неделата, во некои случаи со можност и во недела да се работи, за работата во недела мотивација беше задржувањето на работното место, празниците се разбира работни, без годишен одмор и се разбира сам си обезбедува храна од јаката плата...
А зошто да го има ова зошто например еве во овие поголемиве компании како ДММ па и Кромберг и Шуберг место да се работе по германски принципи каде што не се малтетира работникот туку се бара само квалитет па и 10 да извадат од инсталациите и да им се плате 400 евра па и овие текстилциве малце да видат зорт а не газдите да возат мерцедеси и некои си други коли кои се над 100 илјади евра а работникот за 6 илјадарки 30 дена ќе работе. Туку знаете каде е проблемов со оваа Германска компанија во тоа што им дава власт на овие нашиве па овие братучеди браќа сестри сите си ги местат на убави места како например тоа што се степа сега го наместија тим лидер. Е тоа е проблемот што не треба да им се даде власт на поединци од тука туку да ги има повеќе што се на терен од Германија директно испратени од газдата и да се виде што се работе и како дали квалитетно или само квантитет се бара затоа што германецот бара квалитет а не квантитет. И никогаш не би избркале некој што има искуство од 7,8 месеци или така да го пуште кога ќе даде отказно решение . Еве подолго време заминуваат тиа што почнале од почетокот пред 2 години.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Точно е дека има полошо, многу полошо. Жал ми е кога ќе прочитам дека луѓето се задоволни со топол оброк и превоз, нешто што треба да следува. Тоа е показател за мизеријата во која се наоѓаме. Зошто народот го смета работењето во фабриката за премија? Зошто во маркерите ширум Македонија се платени скоро исто, без вклучен превоз и храна и без бонус за работа во празници. Долу продавачката прееска ми кажува дека газдата им давал да земат за јадење од колонијалното продавниче, под услов ако го платат по продажна цена. Збориме за продавница во Аеродром, не некаде надвор од Скопје. Од друга страна уште полошо е кога човек ќе помисли дека странци се однесуваат нормално со твојот народ, а нашиве го шиткааат и го советуваат да не го плаќа затоа што е научен на ќути има и полошо. Мизерија.

Sent from my IdeaTabA1000L-F using Tapatalk
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
и ден денес го има ова колку да звучи нереално,од помалите средини каде е замрено СЕ се нафаќаат да одат на подолги дистанци за тие 100тина евра(продавачки,текстил итн)
Eпа јас за што викам дека голем плус е оваа фабрика. Не им е на сите розово пред очите за да одбиваат работа од 12-14 илјади денари.
Во Велес да се отепаш нема да најдеш друга работа освен ДММ. И сега ај да не одиме ние, да не работиме за 200 евра?
Криво ми е само еден колега со 9+ просек кога ми кажа дека работи во ДММ ми дое навистина грдо, ама јбг...
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Имам две братучедки кои работат во Дрекс за 8000 денари. Неколку години беа без работа, претходно работеа во конфекции на црно. Иако Дрекс не е баш најидеално, подобро е од работа на црно. Имаат здравствено и социјално осигурување, заведени се како вработени, примаат плата редовно, покриен им е превозот и храната, работи кои нажалост во повеќе наши фирми се мисловна именка. Дали може подобро? Може. Но не сега. Претходно зависеа од приходите на сопрузите, и изнајмувања од баби, дедовци и други роднини за да се поткрепат себеси и децата.

Сметам дека ваквиот развој на настаните требаше да започне уште пред 6-7 години за денес да имаме придвижување кон неколку скалила погоре.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Имам две братучедки кои работат во Дрекс за 8000 денари. Неколку години беа без работа, претходно работеа во конфекции на црно. Иако Дрекс не е баш најидеално, подобро е од работа на црно. Имаат здравствено и социјално осигурување, заведени се како вработени, примаат плата редовно, покриен им е превозот и храната, работи кои нажалост во повеќе наши фирми се мисловна именка. Дали може подобро? Може. Но не сега. Претходно зависеа од приходите на сопрузите, и изнајмувања од баби, дедовци и други роднини за да се поткрепат себеси и децата.

Сметам дека ваквиот развој на настаните требаше да започне уште пред 6-7 години за денес да имаме придвижување кон неколку скалила погоре.
Ми го зема зборот од уста.Али не од пред 6-7 години,уште од деведесеттите требаше да се почне.Место да се занимаваа тогашните влади кој повеќе ќе ги испопљачка фабриките,можеа да пробаат да ги продадат тие фабрики на странци,наместо на домашниве олигархистички крвопии за ич пари.Бар дел од работниците ќе останеа на работа со редовни примања.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom