Bratot
Стоик и Машкртник!
ОК, стоиш зад тврдењето дека Украина ќе биде "пикната" во НАТО за брзо време.
Јас - обратно. Времето ќе покаже.
А бе Спароу

По прво никаде не прецизирав за кое време Украина ќе стане дел од НАТО, а второ твоето тврдење е така лежерно позиционирано без никакво конкретно значење.
Во претходниот пост ти покажав дека приказната на УКР и НАТО не е од пред месец дена, Украина веќе учествува во повеќето НАТО мисии како Авганистан и Косово, а предлогот за проширување со Украина беше стопиран и одложен во 2008. Од тогаш поминаа 6 години и повторно се актуелизира нивното членство во светло на “опасноста“ од Русија.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Guys, this is VICE NEWS. The truth, let's go.
Интересно е како вистинските руси ги сметаат VICE за "правдивој", а нашиве "руси" за пропаганда.
Неам појма кои се вице њуз и кој стои зад нив, меѓутоа аналогно на ова доколку е така ко што тврдиш, примери за истото имаш насекаде по светот, особено во САД каде повеќето Американци веруваат во се’ што ќе им сервираат СНН и ФоксЊуз, додека друг дел од нив ги третираат како средства за дезинформирање на властите и манипулирање на јавното мислење. Затоа, заземањето на ставови од медиуми е ѓаволска работа, кои користат добро познати манипулативни техники, на пр. известувањето во “сендвич“ каде првин кажуваат позитивна работа, продолжуваат со негативна и затвараат со благо позитивна. Ова е доволно за да се всадат одредени сомнежи кои во следната фаза ќе бидат се’ повеќе засилувани.