- Член од
- 4 март 2011
- Мислења
- 708
- Поени од реакции
- 727
Од твојот пост може да се заклучи дека Петко е во добри односи со работодавачот кај кој работи, па според тоа, најкоректно би било договорот за вработување да го раскинат спогодбено (спогодбата мора да биде во писмена форма). Раскинувањето на договорот може да биде со или без отказен рок. Доколку работодавачот не сака да склучи спогодба со работникот за раскинување на договорот за вработување, тогаш работникот може еднострано да го откаже договорот за вработување со писмена изјава упатена до работодавачот.Помош ве молам. Петко е работник кој сака да даде отказ. Еден начин е да не се појави на работа 3 дена. Ми треба друг, пофин начин. Петко иде, му вика на газдата дека дава отказ, и после тоа што? Слободно може да си замине или треба да помине одреден период?
Вообичаено, откзниот рок е 30 дена кога работникот го откажува договорот за вработување, меѓутоа со договорот за вработување или евентуално со колективниот договор може да биде определен и друг отказен рок, но никако подолг од 3 месеци.
Повеќе информации може да најдеш во Законот за работни односи.