Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
А да не знаете како можам да проверам состојба на картичката (visa electronic од тутунска)?
 
А да не знаете како можам да проверам состојба на картичката (visa electronic од тутунска)?
Доколку имаш електронско банкарство оди на nlbklik.com.mk и внеси таму јузернејм и пасворд што ги имаш на документитте кога си поддавал за сметка во НЛБ.
 
Имам нарачано уште на 28 март, а уште не можам да видам до кај е пратката.Му пишав на продавачот и ова ми пиша:

China's tomb-sweeping day in April logistics staff A vacation for a few days It might lead to logistics speed becomes slower therefore Hope you can understand thank you please wait patiently

Да почекам или да идам open dispute?
 
До колку тежина е дозволено за да не ти наплатат царина?
 
До колку тежина е дозволено за да не ти наплатат царина?
Нема врска тежина или друго , гледај да не ти е цената на него над 20 евра , може и да ти отворат ако тежи 500 грама па да ти го царинат производот .
 
Дечки еден мој совет до сите почетнци кои планираат или веќе имаат порачано порачки од алиекспресс.
Продавачите на сајтот се најискрени, едиствено што ја зафркаваат работата се нашите во пошта.
Штом видите дека пратките ви се пратени во пошта, уште истиот ден одите оти ќе ви „исчезнат".
Пример јас порачав како почетник 2 пратки, од кои таа новата ја зедов а таа старата што дојде порано од новава „исчезна" ...Затоа одма штом видете дека дојдени ви се одите, оти ништо не правите.
Исто така му се заблагодарувам Acereal за одвоеното време и замарање со мојот проблем кој се влечкаше месец и нешто, оти да не ме упатеше тој јас сеуште ќе чекав известие од поштарот а тоа ќе се случеше никогаш.

Поздрав,и се најубаво :).
 
Здраво дечки.
Пред 9 дена порачав рачен саат од алиекспрес. Претходниве два дена пробував да ја следам пратката преку China Post Mail, ама немаше ништо. Денеска го внесов тракинг бројчето, ми се појави табела со Локација, дестинација бла бла бла..
Е сега прашањето ми беше. Како да знам на која локација е пратката бидејќи во самата табела како локација има неколку цифри?!
Не сум многу искусен со воа па добро би ми дошло малку помош од вас. :)
 
Ова е бројчето од локацијата.
10061400
Пекинг, Кина. PEK сигурно ти пишува тоа е главниот аеродром во Пекинг чекаш да ја пратат пратката.
 
Пекинг, Кина. PEK сигурно ти пишува тоа е главниот аеродром во Пекинг чекаш да ја пратат пратката.
Не пишува.. или па јас сум слеп.. А како дозна дека е во Пекинг. За да можам и јас да си проверувам.
.
Tpdr1mH.png
Еве слика!
Пробав на неколку сајтови ама не ми покажува.
 
Тракингот на али не чини.од 22 март до сега нема никаков апдејт.и сеа проверувам на италијанскиот сајт за тракинг и ми пише дека на 11 април е процесирана пратката у милано.
 
Тракингот на али не чини.од 22 март до сега нема никаков апдејт.и сеа проверувам на италијанскиот сајт за тракинг и ми пише дека на 11 април е процесирана пратката у милано.
кај мене на самата страна ми покажува кај се наоѓа пратката немам приметено дали и порано било вака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom