Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Никад нема да знаат какво е чувството да пратиш ливче од еден крај на училницата до друг, без да те фатат :D

A ако те фатат со карикатура од професорката, го јадеш стапот :P
 

Аууу човече, колекцијата со лавчиња што се паѓаа во киндер јајца :)
Убедливо најдобри играчки од киндер јајцата...
Имав цела кутија со игрчки, ама мајка ми доби некоја идеја дека треба истите тие да ги дадеме на внуците од страна на вујко ми. Какво време дојде сигурно не ги ни отвориле. Сега кога ми текнува ми иде да ја убијам дека им ги даде.
Какви филмови си правев со ова играчкиве :facepalm:

Не знам за вас, али јас имав многу голем проблем што кога играв џамлии се правев бербат целиот.
Рацете ти се прават цели со земја, и особено ако имаш светла маица, допирајќи се несвесно целата ти се прави со "прсти" на нејзе :D

Играњето на тапка, сигурен сум дека никаква идеја немаат што е тоа :)
Ставаш ти и уште еден по една сликичка и прво едниот мава, па другиот, поентата е прво да ја свртиш твојата сликичка, па после преоѓаш на неговата и ако му ја свртиш пред него, ја ќаруваш.
Највеќе нервоза паѓаше пошто секогаш имаше некои што илијашеа, играа така што плукаа на рака и ја лепеа сликичката за дланка кога ќе мавнеа и после ја превртуваа. Колку тепачки паѓаа во основно за ова :icon_mrgr:

Кога ги бркав првите девојки дома имав само телефон со жица. Па за да зборам, ги бркав сите вон куќа :pos:
Знам дека илјада пати повторија, ама најтапа ствар беше кога си креваш слушалка и слушаш некои рандом фаци си зборат на линијата :pos:


Највеќе нервози имав кога губевме во фудбал од соседното маало. Пошто продавничката во населба беше во нивно маало, кога поминувавме не кинеа од заебавање.

@Ilumious тоа во недела не беше Супер бинго со Ирена, туку беше БИНГО НА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА со Ирена.
Супер бинго го водеше Игор Џамбазов, а потоа Тони Михајловски, и беше во сабота, а потоа во понеделник. Со легендарната песна во најавната шпица "Светлана е тука, срцево ми чука тика така тика така так... (не ми текнува)... Играј супер бинго, златно супер бинго, стани и ти дел од бајката...", изреката Натали дај му на човекот :D, и нормално заебанциите кои доаѓаа со ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО.
Во петок на сител имаше Екстра бинго.

Не знам колку се сеќавате ама порано (некаде околу 1995) во понеделник (ми се чини) на телевизија имаше некаков вид на бинго или лото кое го водеше Ирена. Пензионерите кога добиваа пензија добиваа и едно ливче (бело, со жолто и црвени букви) и на него имаше некој број и тој број фактички им беше како талон за наградната игра. ногу малце ми текнува од тоа, затоа ако неој бил постар во тоа време и се сеќава, нека пише во темава. На името не ми текнува воопшто...

П.с. за машките од поновите генерации :D
Никогаш нема да дознаете како е да го мавате на жени што се сликале по списанија, на спотови кои ги даваат на ТВ, на "порното" што Сител го крадеа од ДСФ после 12 часот :D
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=13977&idg=2&idb=346&rubrika=Revija
На ова сум го мавал човече, типкава ми беше најсекси фаца заедно со Здравкица :pos:

Мада постарите на нас може да ни речат дека никогаш нема да дознаеше како е да го маваш на женска сликана за кавер на грамофонска плоча или постер за некој филм :D[DOUBLEPOST=1397085923][/DOUBLEPOST]
Кога Sony-то ќе ти заглави на оваа сликичка, прашувајќи се дали ќе ја стартува играта или не. :D

SFM066LOGO-514px.jpg
Го отвараш и го стискаш тоа да мота во надеж дека ќе продолжи :D

Сонито ми беше живо до пред некои 5-6 години. Играм некоја игра, ми се заглавува, го отварам и го стискам тоа за мотање и после некое време си продолжува играта :D
 
Последно уредено:
Нема да знаат најголема занимација во недела да ти е Бујото Мобил Арте на А1 или Дом и Дизајн како и да беше :coffee: среќа моја недела по 2 пати на пливање идев, помалце болело од денешна гледна точка.
 
Бујото бе хахахахахахаха
Колку лоша емисија беше таа :pos:

Нема никогаш да дознаат за лошите обиди на типот од Сител да ги чита на Англиски сленг филмовите кои ги презентираше во ГРАЈФЕР :pos:
 
Еднаш со другар почнавме и да ги береме „средините„ од Вест, оние првите, кога се појави весникот. :icon_lol:

Инаку нема да знаат како е да глеаш ИЗИ мисија со Дац, кај тетка ти, а они да имаат ваков телефон:

product_856.jpg


Настрана ИЗИ мисија, пред тоа неколку години кога речиси сите имавме вакви телефони, најфраери беа оние кои имаа долг телефонски кабел па го земаа ЦЕЛИОТ ТЕЛЕФОН у рака и шетаа со него низ соба коа зборат. :pos:

А за вртење да не збориме, ако има 8,9,0 у бројот си наебал, три саати дур се врати. :ROFLMAO:
 
Бујото бе хахахахахахаха
Колку лоша емисија беше таа :pos:

Нема никогаш да дознаат за лошите обиди на типот од Сител да ги чита на Англиски сленг филмовите кои ги презентираше во ГРАЈФЕР :pos:
Сеа ми текна а и еден пост на @Röddást ме потсети :pos: почнуваше емисијава негде во 10 или 11 утрото, доаѓаа гости од типот Силви Бенд со ќерка им, па свиреа, па лаф муабет некој небитен да земеш да пукаш во слепоочница, после имаше некоја игра као склопи ја кујнава и со бормашина вратнички од висечи склапаа :pos: после пак песни, па ќе дадат спот некој, и сето тоа со смеењето на Турунџуева зачинето :cuc:

Еј а ова со телефоните на Нињо, нас првиот фиксен по овој со вртење нешто лош ни се погоди, и од 2-3 носења до дневна жицата се направи лом, никако не сакаше да се собере и 2 метра слушалката од апаратот, се губеше по куќа :D и вртиш рандом броеви и ти се јавуваат луѓе и им се клештиш, абе што да ти кажам :D
 
Ај прво игри со карти..
Има некој играно магарец? Се играше со карти,треба 4 исти да собереш(претежно беа џандар,дама,поп и у зависност од колку луѓе играте се даваше или кец или десетка,кај нас 5 души максимум играа). Ако ги собереш сите карти,ја пружаш раката на маса и викаш МАГАРЕЦ...и по тебе треба сите најбрзо да ги стават рацете,па на последниот му даваа една карта. Кога ќе собереше 7 карти(по една за секоја буква од зборот магарец) излегуваше на тераса и се дереше ЈАС СУМ МАГАРЕ СО УШИТЕ НАГОРЕ,СО ОПАШОТ НАДОЛЕ. Колку заебанции имаше со тоа,некогаш само главата ќе ја подадеш и брзо ќе се издереш,а јас бидејќи живеам во центар на Кавадарци и едната тераса ми излегува на главната улица,надвор немаше квака па ги теравме тие шо губеа да излезат и убаво да се дерат,во меѓувреме му ја затворавме вратата и сите ќе ги видат кој се/шо се,па после внатре тепачки,плачки... :D

Кент исто така,тоа беше слично...требаше 4 исти да собереш,ама се играше во тим па знаци измислување,кавги меѓу паровите ако некој рече СТОП предвреме или некој ако не го види знакот :D

Исто во маало доста игравме вистина или предизвик и врти шише на бакнување...Обично ние машките на вистина или предизвик обавезно идевме предизвик бидејќи 5-6 одд и филм ти беше да ти рече иди бакни ја таа(а девојчињата беа по 2 години постари,па имаа више искуство со бакнувања и такви работи). Исто и врти шише,3 пати бакнување у образ,четвртиот пат бакнување у уста(и често пати "случајно" ќе пуштиш јазик па излегуваше многу повеќе од тоа) :D
 
Јако е што и прескачаа тие телефони, вртиш на 5ка, свртело 4ка и се јавуваш на сосема десето место. :pos:

Мене @Röddást па ме потсети на летките кои ги фрлаа за време на бомбардирањето на Косово! Леле кој доживљај беше тоа! :vozbud: Се будиш утрото и ти викаат: Излези надвор фрлаат летки! Почнавме да ги собираме ко сликички. Трчаш по пат и низ ниви ко улав да собреш шо повеќе и поразлични. Пишуваше нешто за бомбардирањето, на македонски и англиски. Паметам дека имаше една со плава боја, која беше многу ретка и се тепавме кој ќе најде таква. :facepalm:
После откако изнасобравме стотици, ги користевме ко пари уз играњето „Дуќанџии“. :D Паметам црвените беа „најефтини“, после другите а сините не беа ни пуштени у оптек пошто ги имаше едвај десет.
Старите пак викаа: Не чепкајте тоа бе ни фрлаат отров американциве! :pos:
А можда и беа делумно у право, пошто некад смрдеа многу. :cautious:

Туку, копиљациве денес нема да дознаат колку е јак периодот од кога ќе дојдеш на школо сабајлето, дур почне првиот час! Тоа беше тогашниот офлајн форум!
Се зборуваше за тоа што имало синоќа на телевизија. Пошто си немал мобилни, интернет да размениш мислење со некој (јас па и единец :oops:) и едвај чекаш да дојде утрото и да идеш у школо за да се прозаебавате! Па кога имало Лига Шампиони, мераци!

Најважното, НЕМА ДА ДОЗНААТ КАКО Е ДА НЕ ГИ ЗНАЕШ ДРУГИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ЛШ, освен утакмицата на прва шо ја даваат! Па чекаш вести на друга тв, па вестиве ќе почнат порано, утакмициве уште не завршиле, нема резултати. :facepalm:
Или после на МТВ ги кажуваат сите резултати освен таа што ќе ја репризираат, демек да им биде интересно на гледачите. :ROFLMAO:

И ко копиљ не моеш да чекаш до еден саат да глеаш утакмица, ама си го дознал некако резултатот и утре глумиш главен фраер у школо! :vozbud:
Колку заебанции имаше со таквите утакмици, еден кажува вака завршила, друг така и ај снајди се, пак ќе треба да чекаш вести за да дознаеш. :pos:

Ова со фудбалот беше само дел од муабетите, се опфаќаше целосната тв-програма, пошто тогаш нели, цела вечер си ја минувал пред тв!

Е, веќе после, коа бев 6-7 одделение се појави у мода телетексот и фраер беше оној кој има телевизор со телетекс! :pos:
 
Кога ќе купиш касета за нинтендо со 999999 games, а тоа уствари 3 игри се вртат цело време.
Кога дур играте жмурка, ти си влагаш дома си јадеш ајвар и си излагаш после 20 минути, а сите те бараат кај си, за на крај некој случајно да те видел :гик:
super-contra_486642.jpg

Игриште :cuc:
 
никогаш нема да ги разберат вежбите за општонародна одбрана и узбуната што се тестираше секој прв четврток во месецот. не можам да најдам слика од тие направи кои беа монтирани на кровоите од зградите. ти во школо, дошло 12ч и ОП, уиуууууууу уиууууууууууууу 3 мин така, додека ги истестираат. часот после тоа отишол во неповрат.
 
Огромен проблем беше шо другар ми дужеше 1000 џамлии и никогаш не ми ги даде :(
 
никогаш нема да ги разберат вежбите за општонародна одбрана и узбуната што се тестираше секој прв четврток во месецот. не можам да најдам слика од тие направи кои беа монтирани на кровоите од зградите. ти во школо, дошло 12ч и ОП, уиуууууууу уиууууууууууууу 3 мин така, додека ги истестираат. часот после тоа отишол во неповрат.
Штета што ова не се случува повеќе, ни еднаш годишно барем. Не дека го имам фатено времево ама денешниве луѓе дали 1 од 10 знае да даде вештачко дишење или па прва помош општо. Многу корисна работа за луѓе кои живеат во земјотресни подрачја како нашево.
 
Штета што ова не се случува повеќе, ни еднаш годишно барем. Не дека го имам фатено времево ама денешниве луѓе дали 1 од 10 знае да даде вештачко дишење или па прва помош општо.

1 од 10 не знаат тие што имаат полагано за кола, не па ученици :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom