Што со заштедените пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Моментот кога народот од 200 евра месечни на располагање троши 500, зборуваме за штедење. :tapp:

Но, за оние што ги имаат - радо би ги инвестирал во хартии од вредност на некоја blue-chip компанија што раздава дивиденди на крај на година. Или би основал и јас сопствен бизнис кој што ќе е пропорционален со заштедата, но појма немам кој би бил тоа. :)
 
Моментот кога народот од 200 евра месечни на располагање троши 500, зборуваме за штедење. :tapp:

Народот е како паста за заби, кога ќе помислиш дека се потрошила, пред да ја фрлиш, ќе притсниш појако и ќе излезе уште паста
 
јас многу ретко штедам пари, но сепак штедам нели. Е сеа да штедев јануари и фебруари, сеа ќе го пополнев албумот за сп наеднаш, но сеа ќе идеме полека, а и поинтересно ми е.
 
Според мене финансиската неедуцираност е голем проблем не само кај нас(Македонија) туку и пошироко.

Прво чување на пари под перница е глупаво на граница со ретардирано.

Неколку факти за парите :

1.Парите прават пари
2.Парите ја губат вредноста на долг рок(читај инфлација)
3.Поради еден и два решението е инвестирање на парите

Како да ги инвестирате парите?

  • Еден начин е орочување во банка и чекање камата(и камата на камата)
  • Втор начин е инвестирање во недвижнини
  • Трет е инвестирање на берза
  • Четврт започнување свој бизнис
  • Петти - Неконвенционален метод (пример биткоини или нешто сосем трето)
Секој од овие методи си има свои предности и негативности. Ставање на парите во банка или купување на недвижнини/злато е релативно сигурна ивестиција, но со помал профит.

Берза, свој бизнис или нешто трето вообичаено е висок ризик висока добивка(секако тука битен момент е колку се разбираш од она во што инвестираш т.е „ризик произлегува кога не знаеш што праиш“)

Следно нешто „Зошто е важно да се почне со штедење порано“?

http://www.fool.com/investing/gener...fett-reveals-the-biggest-mistake-we-make.aspx

- На кратко од линков кој го мрзи да чита, двајца луѓе почнуваат да штедат Дејвид на 25 години, Михаел на 40 на 73 години Дејвид има 10% повеќе пари иако има двојно помала плата од Михаел.(Дејвид 40 000 долари годишно, Михаел 80 000 долари годишно)

П.С Според мене со заштедени пари најдобра опција, ризик/добивка е започнување на сопствен бизнис е сега замката е што ова правило не важи за Македонија освен вујко ти ако не е министер.


smihajlo, гледам, разбираш доста од економијата. Можеш ли да ми објасниш или да ме упатиш, ме интересира за заеднички фондови и инвестиции преку купување акции?
 
smihajlo, гледам, разбираш доста од економијата. Можеш ли да ми објасниш или да ме упатиш, ме интересира за заеднички фондови и инвестиции преку купување акции?
Јас себе си на тема економија сеуште се сметам за лаик.

@Branchez или @Stefus Corp.
Можеби би споделиле некој практичен совет

П.С Сеуште немам практично искуство со берза и не би сакал да делам мудрости.
П.С2 Еве линк до темата Македонска Берза

http://forum.kajgana.com/threads/Македонска-берза.6013/

П.С3 @FARANG и @leandra исто така иако не се во МК можеби би имале некоја мудрост за споделување.
 
Имам прилично сериозна сума што заштедено што оставено од баба/дедо/родители , и моменталната дилема ми е дали да купувам камиони и да работам со татко ми семеен бизнис , или да одам да учам некаде странство. Одсекојпат ми беше сон да одам на курс за пилот , а баш во последните 2-3 месеци почнав да го чачкам и материјалот по математика и физика за кој што е потребно ниво на познавање.

Сепак си оставам простор до нова година да се одлучам , до тогаш си подработувам нешто на страна и си уживам. :)
 
Оние што ги имав заштедено до пред 3-4 години ги вложив во приватен бизнис, си отворив аптека, нормално со плус донации од најблиските ;).
Оние кои ги заштедив последниве 3-4 години моментално ми се во банка, но набрзо планирам да си ги испразнам сметките и да си купам станче.
Во принцип штедам и трошам онолку колку што мислам дека ми е доволно, не сакам да аздисувам по кафани и слични работи. Сакам да си дозволам еднаш до двапати годишно одмор на дестинација која не сум ја посетила до сега и толку.
Значи заштедените пари ги чувам во банка доколку немам некоја идеја во што да ги инвестиртам, но некако во последно време само ми истекнуваат идеи за трошење ;)
 
Јас ќе ги инвестирам во курви. Кој последен се смее најслатко се смее.
Не така лесно се станува работодавец.
Без разлика на работното искуство што го имаш во таа бранша, за да станете мадам потребно е да исполнувате одредени услови.
Моја препорака да си се држите до занимањето, има клиентела која што сексуално се возбудува на милфици а богами и на баби.
Со среча и секое добро.
 
Оние што ги имав заштедено до пред 3-4 години ги вложив во приватен бизнис, си отворив аптека, нормално со плус донации од најблиските ;).

Паметно. Ова е еден од малкуте бизниси низ Македонија кои можат сеуште да вртат пари особено ако склучиш договор со фондот и добиеш некоја јака квота од 5 илади евра месечно. Ако не е премногу лично колку пари вложи за да ја спремиш целосно? Дали си дипломиран фармацевт или плаќаш некој со диплома?
 
Паметно. Ова е еден од малкуте бизниси низ Македонија кои можат сеуште да вртат пари особено ако склучиш договор со фондот и добиеш некоја јака квота од 5 илади евра месечно. Ако не е премногу лично колку пари вложи за да ја спремиш целосно? Дали си дипломиран фармацевт или плаќаш некој со диплома?
Не е лично прашањето но е индивидуално за секого. Прво многу зависи од локацијата, каде се наоѓа аптеката, а второ од тоа со колкав асортиман на лекови располагаш. Ако станува збор за градско подрачје каде што конкуренцијата е голема ќе ти требаат повеќе пари. Мојата аптека е на 4км од градот во урбанизирана населба со над 16 000 жители. За да ја опремам заедно со мебел и роба ми отидоа околу 15-17 000 евра. Нормално можеш и да ја отвориш и со многу помалку пари некаде 7-10 000 но ќе биде опремена само со основните работи (што не е лоша опција бидејќи од месец на месец ќе видиш кои лекови се бараат а кои не и нема да трупаш непотребна роба,). Неколку месеци заступно не сум зела плата и целата плата ја уложував во нова и нова роба се додека не ја наполнив онолку колку што ми беше мене потребно за да ги задоволам потребите на пациентите, но да ја отворев во градот сигурно ќе ми требаше повеќе пари.
Договор со фондот добив со 300 маки но далеку сум од 5 000 евра квота, за таа квота треба да се окозиш од работа и буквалбно да ги влечеш луѓето во аптека плус да се поврзеш со некој доктор (без ова последново ништо не правиш).
Јас сум магистер по фармација, не плаќам диплома, плаќам само техничар зошто нели нормално не можам да работам по цел ден.
 
Ги чувам ако снемам,ги чувам за тешки денови,чувам ако ми затребаат за нешто и штедам за одмори
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom