Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Капитализам!
Тоа е тоа...
Никој никого не присилува.
Има многу невработени во државата, дури и во времињата на СФРЈ во Македонија невработеноста била околу 18%, па дошле некои тука сега да прават фабрика надевајќи се на ефтина работна сила.
Кому му чини, и му се потребни какви било пари ќе работи.
 
А брат сакаш некој со 8 одд да те командува или пак некој што појма нема два збора англиски ? Па зошто ни е тогаш образование кажи ни ајде просветли не ...
Грешка ме разбра изгледа ти али ајде кажи ми кој во дрехи е на функција а е со 8одд.
 
Па брат неможеш да зборуваш за ДММ кога не работиш таму па да видиш што се праве . Две тепачки имаше првите што се степаа не ги вратија вторите што се степаа до мене ги вратија од кој едниот го ставија џокер после некоја ден па после соли памет какви работници сакаш во фирма или па народот е крив што молче за се нешто . Кај првите што се степаа жените изреагираа дека не сакаат таков до нив а тој да ти бил со врски и до формен требело да го стават . Ама ништо кога ќе речат например 40 50 искусни работници дека не сакаат таков нема ни да имаат таков ама овие другиве си премолчиле и сега ќе си имаат шериф на лентата :)
Насилство не оправдувам под никој случај. Тоа дека го вратиле тепачот е грешка на фирмата.
Прееска со еден колега од факултет баш муабетевме за ваа тема, пошто е актуелна пред избориве. Ми вика, брат јас се откажав од ДММ, многу мала платата е плус како у логор се работниците. Истиот тој го прашав колку време работел во ДММ, ми рече не работел ниту една ден, се откажал од другите оти зборувале така, ден пред да почне на работа. (по мое кажано не му се работи). Плус го знам јас тоа дете 5-6 години уназад и знам од секаде од каде што е бркан од работа. Од една фирма оти цигари пушел во смена, од друга оти украл алат...
Епа брату, за тоа јас не им верувам на тие што кудат само. Плата без работа нема. ДММ е млада фирма, кадарот може е никаков, ама се ке си дојде на место. Се надевам.
Сите џанки и курви се вработени од Велес. Е сега кој има памет во главата ке се смири и ке си ја тера работата, Кој не ке пишува како не чинело во ДММ.
Тоа што викаш дека некој со осмо да ти командува или без да знае јазик, во право си. Ама ај кажи како да го смениме? Јас и ти или цел форум? Да не одиме на работа? Да штрајкуваме? Приватна фирма е, одма ке не избрка и има право да го направи тоа.
И ова да кажам и бегам од темава. Разликата помеѓу вредниот работник и оној што го фрла алатот и ке прави револуција е тоа што вредниот работник ке си зима плата, а револуционерот ке си седи дома со празни џебови и кај и да отиде со тоа понашање ке го снајде истата судбина. :eek: Ова е вистина, колку и да не ни се допаѓа нас...
 
Кога ве читам за ова како револуција ќе кревате оти саботите ве терале да ги работите, си велам -мајке ми, пред неколку години заминав од Македонија, зарем толку се сменија работите?
Имам оставено 5 години работа во Македонија и во тие 5 години работев саботи, недели, празници, чуда. 2 години по ред газдите ми беа толку милосрдни што ме пуштија на Бадник 1 час да заминам од работа (оти втора смена) да си вечерам со фамилијата. Многу арни луѓе беа. За 9000 денари, 9 часа на ден, 2 слободни дена во месецот, јадење сам си купуваш/носиш од дома. И не бев само јас така, сите кои немаа врски, да речеме и среќа работеа за тие пари, на тој начин. Дури и среќни бевме што воопшто работа имаме. Да не излезеше шанса да заминам од Македонија веројатно и јас ќе работев за Дрексл, и со оглед на претходните работни искуства што го имав ќе бев задоволна што имам превоз, оброк, сабота платена или како опција дали сакаш да ја работиш или не и осигурана од прв ден. Заборавив да спомнам претходно дека од 5 години работа имам само 9 месеци стаж.
Можеби не е идеално, но од оние работи кои остануваат за еден просечен човек кој нема кој да го турне во животот , ова ми се чини најдобро. Млади слушам многу бегаат, разбирливо, не виделе мака во животот, туку со ова интернетов гуглаат само во која земја колку плата се зема па се чувствуваат обесправени, искористени. Ако ти држи газот собери парталите и замини таму каде што мислиш дека за истата работа неколку пати повеќе плата земаат. Ако е така лесно и имаш шанса, ок. Ако можеш да најдеш подобро ок. Ако не, биди среќен што постои Дрекслмајер, оти кога ќе тргнеш за нашиве приватњаци да работиш тогаш дури ќе видиш што е обесправеност.
 
Боже,Боже сеа владата им била крива што носела инвеститори кои давале ниски плати.Значи поарно е да нема ич работа отколку да има со ниска плата,а?Откај сакате високи плати со 30 посто незапосленост.Ви мавнало у тоа црпката дека за да се зголемат платите треба фабриките да имаат поголема потреба од работници отколку што има незапослени.Е пријатели коа ќе дојде времето да можеш да бираш меѓу 2-3 работни места,тогаш странецот ќе се осеќа загрозен да не те лапне конкуренцијата и ќе нуди поголема плата.А тоа комунистичките времиња поминаа коа една обична чистачка и учителка земале иста плата.Колку плата сакате со ССС?Бидете благодарни што ве пријавуваат бар,ќе имате пензија на старост.Старциве мои од дарежлививе наши приватњаци,ден стаж немаат видено,90-тите поготово,на четири месеци еднаш плата земаа.Ако не ти чини бегај странство или дреми дома со 1500 социјално.
 
Сиротите вие на 25 години првпат што сте го испотиле грбот, баталете Дракселмаер, седете си пред компјутер и пиј те си кафиња.

Прашајте ги вашите баби и дедовци за колку пари и по колку саати работеле во земјоделските задруги, и вода немало да се напијат, а цел ден биле со мотиката, а вие до ден денес мајките ви ги раскреваат постелите.
 
Aбе за тој со средно и многу му е таа плата. Или некој што завршил на дисперзирани. А некој што не испаднал од читална 4-5 години и не студирал на општествени науки, ќе бега оттука ако единствена можност за работа е фабрикава, нормално.
 
Aбе за тој со средно и многу му е таа плата. Или некој што завршил на дисперзирани. А некој што не испаднал од читална 4-5 години и не студирал на општествени науки, ќе бега оттука ако единствена можност за работа е фабрикава, нормално.


Тебе пријателе ако ти е многу слободно дајму пола на некој шо нема (а ги има многу ако незнајш) а ако имаш некој "нуклеарен" факултет шо седиш уште тука незнам , или платата ти е многу ? Ја следам темава немав ништо пишано ама поглуп пост нема не во темава туку општо на цел форум "п.с неутрален сум политички" незнам искрено како можиш да пишиш ваква глупост , па секој се бори во животот за нешто , и мислиш дека некој со факс е многу попаметен од некој со средно образование ? (Со исклучоци се разбира) не си го испотил газето ти друже да видиш дали се малце или многу тие пари


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
ја земав у маркет 15ооо денари и многу луге уште од ДАЛЕЧНАТА 1993,94,95 земале по 10ооо(значи у најгадното) и сега излегува некој и вика ЧЕКАЈТЕ БЕ ЛУЃЕ СО ТЕК НА ВРЕМЕ КЕ СЕ КАЧАТ ПЛАТИТЕ.....ПРОДАДЕНИ ПАРТИСКИ ДУШИ
Треба да чекаме уште 23 годин за да земаме 16ооо ... по втор пат го пишувам ова
 
Си земал 15.000 у маркет и тоа пред 15 години?Добро бе кого лажеш,не сме малоумни на форумов.Ден денес у големиве маркети ко Тинекс,Веро платите на продавачките се движат 8,9 илјади.По маалскиве продавнички обично по 10.000 им даваат,али затоа слободен ден им е само секоја втора недела,и тоа ретко која е пријавена.Што трипаш.
 
ova ima uloga i ukinuvanje na regrutnata ARM - tamu sme stoele i vezbale na noze od sabajle do rucek,posle rucek pak nesto so rabota ne drzea duri do vecera nemase zastanuvanje,sega slicno na toa za pari ne saka da odi mladinava (od forumov,kako sto gledame nema nekoj da pisuva od fabrikata) . ako imate ideja za podobro utre borete se agitirajte, so kukanje koj rezultat ke go postignete osven nabivanje negativna energija navistina ne znam.
 
Воа испадна ко црногорскиот виц 'А секоја среда ќе ја работиме?'. :D:D:D
 
Си земал 15.000 у маркет и тоа пред 15 години?Добро бе кого лажеш,не сме малоумни на форумов.Ден денес у големиве маркети ко Тинекс,Веро платите на продавачките се движат 8,9 илјади.По маалскиве продавнички обично по 10.000 им даваат,али затоа слободен ден им е само секоја втора недела,и тоа ретко која е пријавена.Што трипаш.
Земав пред 3 години у маркет не лажам а плата од 10ооо се земаше пред 10 години ти живееш у македонија или си уште некео детиште
Ова е индустрија фабрика за производство на делови за автомобили не може да го споредуваш со веро и тинекс ова е една глупост со кое се крева моралот кај народот платите од 9 илјади беа многу одамна и секој што ке поверува дека толку заслужува е у тешка заблуда
 
Последно уредено:
Тебе пријателе ако ти е многу слободно дајму пола на некој шо нема (а ги има многу ако незнајш) а ако имаш некој "нуклеарен" факултет шо седиш уште тука незнам , или платата ти е многу ? Ја следам темава немав ништо пишано ама поглуп пост нема не во темава туку општо на цел форум "п.с неутрален сум политички" незнам искрено како можиш да пишиш ваква глупост , па секој се бори во животот за нешто , и мислиш дека некој со факс е многу попаметен од некој со средно образование ? (Со исклучоци се разбира) не си го испотил газето ти друже да видиш дали се малце или многу тие пари


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ти пријателе да ја имаше видено маката на МФС или ФЕИТ сеуште ќе немаше ништо пишано на темава, вака твојот пост останува "поглуп"
 
Бистро Лондон и Тренд имаат потреба и од девојки за продажба на сладолед плата 15000 денари ...еве ја ако лажам огласите не лажат странците доагаат за да ја искористат ефтината работна рака зашто некој тоа им го има ветено дека македончето ке си работи за 8150 денари,а овие по форумот што ги оправдуваат се владини деца од штабови,од администрации од се и сешто само не работници
http://www.fakulteti.mk/news/14-04-01/oglas_za_vrabotuvanje_vo_trend.aspx
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom