Mалолетен сум,како да заработам некој денар плус ?
Сигурно си и на школо. Значи за работа ти останува сабота и недела,ама тогаш ноќе скитате а дење спиете.
Кога би ти кажал да купиш нешто и да продаваш на „пред“пазар,треба рано станување,што не ти одговара.
Ама еве една мала идеја:пробај со џамлии,ќе најдеш каде се поефтини на големо и низ маало и другари ќе почнеш.
Кога ќе те поднаучат,сами ќе трчаат по тебе за „роба“. Една голема на пазар е 40 ден. а стандардна 15 ден.
Ти може да бидеш и поефтин. Ама има и од евтините 1-2 денари парче, тие ги тераш х5. Ајде тргај - почни нешто.
Е сега незнам на колку мислиш тоа заработка, јас мислам и 100 денари за почеток на ден е добро.
Имам и други предлози но тие бараат повеќе обавези и време во таа работа, а ова е како занимација и таму си со нив.