И кај нас е хаос од играчки. Цела дневна е со коцки, топки, сложувалки и уште што не. Масичката ни е ставена во еден ќош ја ставаме на средина само кога доаѓаат гости. И гарнитурата е ептен залепена до ѕидот само да се има простор и пак малку е. По цел ден газиме играчки и се препнуваме од нив.
Се сетив на една случка детето беше уште ептен малечко, бебче од неколку месеци. Цела ноќ плачеше, не можеше да заспие. Де го нишкам јас, де го нишка тој и едвај некако заспа во татко му. И тој да го стави во креветцето некако ги пушти тие тропките, плишаните мечиња што пеат и се вртатат, кога почнаа да пиштат ова малово пак си јаа врекна.. хаос а маж ми лут, бесен му се спие, сакаше да ги исфрли тропките ама не му дадов.
@gata salvaje и моето почнува многу да се инаети и да срди. Ако не е по негово се ребре, се свива, плаче абе што да ти кажувам. Ам јас го оставам да се исплаче па му минува. Ќе поплаче малку, ќе виде нема фајде и се смирува. Па не може да прави што ќе посака.Инаку и јас сум загрижена за ваквото однесување и ме фаќа страв дане прераснее во поголем инает ама се трудам да го спречувам.