Револуционер може да биде било каков, може да сака да ја урне аристократијата и да ја замени со демократија, да ја замени демократијата со тиранија, тиранијата да ја претвори во конституционална монархија, а револуционер може и да се нарече некој кој сака да ја отфрли контролата над својата држава од страна на друга.
Анархистот е идеалист. Значи тргнувајќи го на страна начинот на кој тој сака да го "урне" конкретниот тип на уредување, останува тоа дека анархистот (колку и да го негира тоа) всушност смета дека оклократијата, владеење на толпата односно невладеење, еднаквоста и контролирањето на важните одлуки да им се препушта на сите, е идеалниот начин за формирање совршено општество. Ова никогаш нема да се оствари, бидејќи не е во природата на човекот. Во природата на човекот, од моментот кога тој стекнал свест, се до ден денес и до крајот на човештвото, она што никогаш нема да се смени, е постоењето на хиерархијата. Хиерархијата е клучот на успешното човештво. Секогаш ќе има хиерархиска поделба, секогаш некој ќе биде над некого, и секогаш кога некој ќе се обиде да "воведе" анархија, ќе се најде некој попаметен и ќе го спречи тоа. Анархијата никогаш нема да биде воведена, се додека постои човекот.
Како што тврди Аристотел, два се начините за успешна револуција: Complete change from one constitution to another; Modification of an existing constitution. Изведено од тоа, за да бидеш револуционер, треба да имаш успешна револуција, комплетно остварување на целта. И се враќаме на тоа дека анархијата никогаш нема да успее. Токму затоа, анархистот не може да биде револуционер. Може да се обидува, признавам ете дека може, преку сила, за многу краток момент да го оствари тоа, но веднаш ќе биде победен и никогаш нема комплетно да успее, а со тоа нема да остави никакво наследство, ништо врз кое ќе се базира некаков идеал во иднината.
И за крај, една моја омилена реченица изговорена толку одамна од Римјаните, врз чија политика се базираат политиките на денешните успешни држави: "Државата е премногу сериозна работа за да му се препушти на народот."