GG - емисија за игри

  • Креатор на темата Креатор на темата skullmonkey
  • Време на започнување Време на започнување
『 Значи навистина дешки идиоти и дегени се уреднициве и газдиве на сите Македонски канали』

Да се немало појма од вкус и допир на реалност што сака публикава,кои теми недостасуваат,па да ги искористат,па да зголемат гледаност,пари она овоа,како Ентер што беше порано .... тешки дегени, почнувајќи од плавушата која е уредник во канал 5 па до телма .... Ентер,мрежа .... ништо повеќе од оваа тематика да се направи емисија ... а толку толку толку малку пари и опрема е потребна,а голем потенцијал .... Идиоти е мојот последен збор .... :(
 
Треба да си израснат во пештера за да не направиш ваква емисија. Чисто информативно ги имав сите цедиња и списанија од Ентер уште кога беа поскапи...тука лежат пари..и ке ми биде мерак некој да направи пари од ова.
И татко ми гледаше ентер еј...
 
Леле...и мене кога ќе ми текне колку сум ја чекал Ентер емисијата, гејминг делот. Дури имаше едно и на телма ако не се лажам, и тоа го пратев. Стварно не отруја македонскиве канали со тие нискобуџетни турски серии од кои паѓа интелигенцијата.
 
Нека тркнат до некоја телевизија и нека им го кажат планот . И може така ќе успеат ,со стримови и разно разни работи на интернет небива кај нас во државава .
 
Нека тркнат до некоја телевизија и нека им го кажат планот . И може така ќе успеат ,со стримови и разно разни работи на интернет небива кај нас во државава .
Немаат пари телевизиите. Турска серија е за бадијала и им се исплати. Не им се исплати да платат за вакво нешто со ограничена публика. А без пари ако се прави ќе биде бајато и стерилно.
Не е дека не е мислено на тоа, баш напротив, мислам дека премногу мислевме и чекавме ;D... но никогаш не е доцна!
 
Како жити се немаат пари зборуваш,кога не е вистина .... Само лани Канал 5 поднесе извештај дека имаа профит од пола милион евра за минатата година само .... 500.000 евра и викаш немале пари .... само не сакаат да го сменат моменталното темпо,тоа е вистината,сакаат како што е .... закржлавени ефтини продукции со Драган Вучич како папет на ефтин квиз емисија .... Но ова веќе не се 90тите за да поминеш .... сега се 10 години подоцна и друга генерација е на сцена и тие имаат повисоки барања ... доста со глупоста ... :(
 
Не сум по игрите ,нити па ги играм,ама мило ќе ми биде да видам ваква емисија на една од македонскиве телевизии.
 
Како жити се немаат пари зборуваш,кога не е вистина .... Само лани Канал 5 поднесе извештај дека имаа профит од пола милион евра за минатата година само .... 500.000 евра и викаш немале пари .... само не сакаат да го сменат моменталното темпо,тоа е вистината,сакаат како што е .... закржлавени ефтини продукции со Драган Вучич како папет на ефтин квиз емисија .... Но ова веќе не се 90тите за да поминеш .... сега се 10 години подоцна и друга генерација е на сцена и тие имаат повисоки барања ... доста со глупоста ... :(
Тоа што јас го кажав. Немаат пари :D
 
Зошто сте се фатиле за телевизииве? Зар некој од вас уште гледа телевизија во денешно време? Поготово публиката која e таргет група на GG по цел ден дреме по социјални мрежи и YouTube. Гледате дека сите гејминг емисии од странство се хостирани целосно на YouTube, со свои студија, персонал итн. Што, баба ми ли ќе гледа гејминг емисија па на ТВ да оди? :D

Јас мислам дека треба на YouTube исклучиво да оди емисијава, да се поврзе еден АdSense акаунт, (сигурно нема заработката како кај америте да биде, али ќе капе и од тамо по нешто), некој спонзор од нашиве IT фирми да се приклучи и да има дел кај што ќе се прави feature на нивни производи, реклами, ова она (помислувам на Anhoch како најразвиени во IT сферата) некоја наградна игра од време на време, турнирче, гостувања у емисија, лево-десно.. И топ ќе биде :). Каква телевизија у денешно време, не ме смејте..
 
Немаат пари телевизиите. Турска серија е за бадијала и им се исплати. Не им се исплати да платат за вакво нешто со ограничена публика. А без пари ако се прави ќе биде бајато и стерилно.
Не е дека не е мислено на тоа, баш напротив, мислам дека премногу мислевме и чекавме ;D... но никогаш не е доцна!

Батали телевизија, никој од младите не гледа веќе телевизија. Направете Youtube канал, ќе нема ни ограничување, ни термини, ни ништо, сè како што вие сакате а за финансирање пишува погоре. Интернет е мајката. Еве јас може да бидам пример за просечен 24 годишен гејмер - телевизија не сум пуштил со години, сите емисии и филмови ги гледам на интернет.
 
^ :icon_mrgr:
+ Twitch, од време на време :P
ја бар тоа правам, YouTube/Twitch... torrents.. :свиркам:
 
^ добро идеја е за на интернет , но нема никаква поента кога се работи за ваков формат во Македонија , сеуште не е развиено тоа така добро ,најголем дел од фирмите тоес спонзори ќе бараат услов за на телевизија ,што уште се работи по стар принцип во Македонија , што повеќе маса од сите генерации да допре реклама .... Интернет,јутуб,гејминг,тоа е присутно само кај нас младите кои се манијаци за ова поле и да ,би имало голема корист , но што правиме со постарите генерации што уште се навлечени на телевизијата ..... Татко ми ,мајка ми или било кој од старата генерација , немаат појма од компјутер , се што знаат е само Фејсбук и Пазар3 за огласи ..... значи поентата е дека и да оди на јутуб, нема многу брзо да кулминира во популарен производ па да привлече фирми како спонзори,зш и тие спонзори се терсе ,не се натенане кажано .... едиснтвен пример со сите маки што ми е познат што усеал на Јутуб е еден Американец од Бугарија кој има жена за Бугарка и живее во Софија и има екстра екстра популарен канал ..... GENERIKB ..... можеби ви е познат :) МINDCRACK компанијата :)

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom