bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Наједноставна споредба е , Македонија просечна плата 300 евра , месечни основни трошоци 400 евра. Месечно -100 евра
Западна европа - Просечна плата 2000 евра, месечни основни трошоци 1500 евра. Месечно +500 евра.
@bitushanec значи во странство ако работиш високо квалификувана работа најчесто од работодавачот имаш приватно здравствено осигурување и воопшто нема да е луксуз но ќе одиш беспари во најмодерните софистицирани болници.
За стоматолог се согласувам баги поскапо е доколку се спореди со просечната плата таму и кај нас, а во квалитетот нема голема разлика.
Те молам кажи ми кои земји од западна Европа имаат просечна НЕТО плата од 2000 евра?
Во Германија, обично се зема како просечна нето плата 1500 евра, но на тоа има некои 200-300 евра некакви придонеси кои вработениот си ги плаќа. Реалните нето плати на работниците се движат од 800 евра до 1200 евра. Се зборува дека во авто индустријата платите на работниците достига 3500 евра, што е превисоко дури и за Германија. Има и плати пониски од 650 евра месечно, па така мислам дека примањата до 8000 евра годишно не подлежат на годишен персонален данок на доход. Кога ќе земеш в предвид дека ќирија за стан во германските градови е околу 700 евра месечно, финансиската ситуацијата за просечен работник не е така сјајна.
Слични се и платите во Австрија и Франција.
За стоматолошките услуги на запад не сакам да зборувам, една пломба чини од 80 до 150 евра, во зависност од држава до држава
