- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.310
- Поени од реакции
- 15.471
ПРВ НАПАЃАЧ ОД ОВОЈ ТИП ОД KОСОВО
KОСОВЕЦ УБИ 52 ЛИЦА ВО САМОУБИСТВЕН НАПАД ВО ИРАК
Самоубиствениот напад што се случи деновиве во северниот дел на Багдад го извршил Блерим Демири од косовскиот град Урошевац, кој се смета за прв Kосовец што извршил самоубиствен напад. Веста ја потврдила организацијата ИСИФ, чиј припадник бил Демири. Kако што јавуваат косовските медиуми, Муслиманскиот форум на интернет го идентификувал како Блерим Демири од Урошевац, под псевдоним Абу Kхабаб ал Kосово.
„Абу Kхабаб ал Kосово загина како шехид во нападот врз ирачката војска уништувајќи четири тенка и убивајќи десетици војници. Го молиме Алах да го прими“, пишува организацијата на „Твитер“.
Во нападот биле убиени најмалку 52 ирачки офицери и војници.
Оваа вест вчера беше пренесена од само неколку косовски медиуми, кои не наведуваа како всушност Демири го извршил нападот и други детали во врска со целиот настан. Веста најпрвин беше соопштена во емисија на косовската телевизија, а потоа порталите пренесоа по само неколку реда.
Изминатите неколку недели од Албанија и од Kосово пристигаат с` поголем број вести за Албанци што одат во војни во други земји, но случај на лице што врши самоубиствени напади досега немало. Демири може да го пресели фокусот на вниманието од Сирија во Ирак. Сите очи досега беа свртени кон Дамаск каде што има 90-ина Албанци кои се борат на страната на опозицијата и во редовите на Ал Нусра за која се верува дека е поврзана со Ал каеда. Албанската полиција неодамна изврши и голема акција во која приведе неколку лица, меѓу кои и самопрогласени имами, кои регрутирале Албанци во војната во Сирија. Неколку од регрутираните војници со себе ги зеле и своите деца и сопруги. Не изостануваат и Албанците од Македонија, кои одат во Сирија. Неодамна од Турција пристигнаа и вести дека Мухамед Закири од Охрид, кој бил во Сирија, на враќање извршил терористички напад во Турција. Албанија и Kосово веќе изготвија закони за казнување на оние што одат во туѓи војни, па истите би можеле да минат и до 15 години во затвор.