Kосовец уби 52 лица во самоубиствен напад во Ирак

  • Креатор на темата Креатор на темата gjoko-mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.376
Поени од реакции
15.576
Возраст
54
ПРВ НАПАЃАЧ ОД ОВОЈ ТИП ОД KОСОВО

KОСОВЕЦ УБИ 52 ЛИЦА ВО САМОУБИСТВЕН НАПАД ВО ИРАК

582E9996E818084BA2C2CEB592B9F238.jpg


Самоубиствениот напад што се случи деновиве во северниот дел на Багдад го извршил Блерим Демири од косовскиот град Урошевац, кој се смета за прв Kосовец што извршил самоубиствен напад. Веста ја потврдила организацијата ИСИФ, чиј припадник бил Демири. Kако што јавуваат косовските медиуми, Муслиманскиот форум на интернет го идентификувал како Блерим Демири од Урошевац, под псевдоним Абу Kхабаб ал Kосово.

„Абу Kхабаб ал Kосово загина како шехид во нападот врз ирачката војска уништувајќи четири тенка и убивајќи десетици војници. Го молиме Алах да го прими“, пишува организацијата на „Твитер“.

Во нападот биле убиени најмалку 52 ирачки офицери и војници.

Оваа вест вчера беше пренесена од само неколку косовски медиуми, кои не наведуваа како всушност Демири го извршил нападот и други детали во врска со целиот настан. Веста најпрвин беше соопштена во емисија на косовската телевизија, а потоа порталите пренесоа по само неколку реда.

Изминатите неколку недели од Албанија и од Kосово пристигаат с` поголем број вести за Албанци што одат во војни во други земји, но случај на лице што врши самоубиствени напади досега немало. Демири може да го пресели фокусот на вниманието од Сирија во Ирак. Сите очи досега беа свртени кон Дамаск каде што има 90-ина Албанци кои се борат на страната на опозицијата и во редовите на Ал Нусра за која се верува дека е поврзана со Ал каеда. Албанската полиција неодамна изврши и голема акција во која приведе неколку лица, меѓу кои и самопрогласени имами, кои регрутирале Албанци во војната во Сирија. Неколку од регрутираните војници со себе ги зеле и своите деца и сопруги. Не изостануваат и Албанците од Македонија, кои одат во Сирија. Неодамна од Турција пристигнаа и вести дека Мухамед Закири од Охрид, кој бил во Сирија, на враќање извршил терористички напад во Турција. Албанија и Kосово веќе изготвија закони за казнување на оние што одат во туѓи војни, па истите би можеле да минат и до 15 години во затвор.
 
Зашто?Што е со овие луѓе бе,Господ им дал живот како не си го ценат,да умираш по своја одлука,стварно не сфаќам.Колку прашок треба за вакво перење некој да ти изврши.Имаат ли овие луѓе семејства,или ќе начукаат по 10 деца па ги боли за 2-3 мање или више.
 
Живо ме интересира зошто морал да оди да се разнесе во туѓе земја против домашна полиција?

Дали е борец за права?

Зошто не успеа тоа да го направи на пример во Бондстил, нели де против америте се муџиве?
 
Последно уредено од модератор:
Прашање на време е кога ќе се разнесуваат и во нашава земја...ги има еден куп вакви темпирани бомби.
 
живо ме интересира зошто...

Затоа што фамилијата сега ќе се гордее со него,ќе ги почитуваат сличните на нив,а мислам дека ја осигура фамилијата за до крај на животот со ваквиот потег.
 
Последно уредено од модератор:
Организацијата бара преку Твитер да го прими Алах. :tapp:
 
Радикалниот џихад е страшна работа.

Судејќи по вестиве, радикалниот милитантен џихад зема се` поголем замав меѓу албанските исламисти, а Косово и Албанија како да стануваат извозници на терористи и нестабилност.

Со оглед на вестиве за радикалните исламисти од Косово и Албанија, државава треба да ја разгледа потхитно можноста за воведување на визи за граѓаните на Косово и Албанија. Секоја сериозна држава би вовела визи за Албанија и Косово.

Баш ме интересира какво размислување имаат @puno , @Dardan-ia , @Ralph_the_Gun , @zarushja по однос на албанскиот радикален џихад?
 
Судејќи по вестиве, радикалниот милитантен џихад зема се` поголем замав меѓу албанските исламисти, а Косово и Албанија како да стануваат извозници на терористи и нестабилност.
Како ние да не го знаеме тоа.. Такви се веќе со векови.
 
Баш ме интересира какво размислување имаат @puno , @Dardan-ia , @Ralph_the_Gun , @zarushja по однос на албанскиот радикален џихад?
Еве јас ке ги цитирам за да не се мачиш да ги чекаш. "Изолиран случај е ова еј, и ние не ги сакаме многу вала. Ке ти покажем сега статистика колку ги има вакви на Косове ( нели дарди е статистичар ) .
За нив ова е само уште еден изолиран случај. Што да очекуваш од стока која има изолиран мозок.
 
жалосно..... излитени се зборовите со кои би се опишал радикалниот ислам..

за жал многумина од муслиманите страдаат и грешно се сватени па дури и не се ни сослушувани во некои ституации после лошите ускуства со вакви сценарија што ни ги пренесуваат медиумиве... уште по жалосно е тоа што некои луѓе и не прават разлика меѓу нормалниот и радикалниот ислам..
 
Организацијата бара преку Твитер да го прими Алах. :tapp:
:pos::pos:
Се изнасмеав на овој дел, измери им го мозокот. Ќе го прими ич да не се секираат.
 
Радикалниот џихад е страшна работа.

Судејќи по вестиве, радикалниот милитантен џихад зема се` поголем замав меѓу албанските исламисти, а Косово и Албанија како да стануваат извозници на терористи и нестабилност.

Со оглед на вестиве за радикалните исламисти од Косово и Албанија, државава треба да ја разгледа потхитно можноста за воведување на визи за граѓаните на Косово и Албанија. Секоја сериозна држава би вовела визи за Албанија и Косово.

Баш ме интересира какво размислување имаат @puno , @Dardan-ia , @Ralph_the_Gun , @zarushja по однос на албанскиот радикален џихад?
Радикален џихад ? Има поинаков?:ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom