Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во ред. Но моето прашање најмногу се базираше на симболиката.
Има и симболика, која веќе ја напоменав.
Воедно, мудреците вавилонски се и првите Христови апостоли во тој дел од Светот, вратени од поклонението назад во Вавилон.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ако Црквата вели дека биле мудреци, тоа значи дека биле мудреци, поточно, образовани/учени астрономи, кои гледајќи го небото, ја забележале ѕвездата-водилка (ангелот Божји) од исток, која се движела „поинаку„ од другите ѕвезди. Да биле магови/магионичари, не би ни пришле кон Христа ни оддалеку.

Не случајно токму тие доѓаат на поклонение на Христовото раѓање, доаѓајќи од далечна земја, со што симболично го покажуваат „подолгиот„ пат до Бога, а тоа е потпирањето на својот ум и на овосветовното знаење, за разлика од неуките и простодушни пастири, кои први беа повикани кон Христа Младенецот и кои кон Бога пристапија по „пократкиот„ пат, лоцирани блиску до витлеемската пештера, односно патот на послушноста (кон ангелот кој ги покани), простодушноста и недовербата во самите себе.
A то што клекнале пред Исус и му дале поклони во злато и скапоцености значи дека дошле да му одадат признание на престолонаследник на израелското царство
Баш заради тоа Римјаните и го распнале.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Има и симболика, која веќе ја напоменав.
Воедно, мудреците вавилонски се и првите Христови апостоли во тој дел од Светот, вратени од поклонението назад во Вавилон.
Мислам на симболиката која е директно превземена од паганството!
Дали тие оставиле некој пишан податок? Некој историски материјален доказ?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Мислам на симболиката која е директно превземена од паганството!
Дали тие оставиле некој пишан податок? Некој историски материјален доказ?
Тројца кралеви (мудреци, маги) во разни развојни етапи на христијанството - различно се споменуваат, се најверојатно нишката која јудејството го врзува со персиската филозофија и религија, имено јудејците кои биле во персиско (вавилонско) заточеништво, многу го ценеле (дури и на ниво на месија го дигнале) персискиот крал Кир кој ги ослободил па и помогнал да си го возобноват храмот, јудејдката (а со тоа и христијанската религија) од периската го превзедоа дуализмот (доброто и злото, ангели, страшен суд ....) митраизмот (кој е персиска религија) најмногу влијаеше на христијанството од крштевање, јадење на леб и вино како тело и крв божја, славење на 25 декември како роден ден на Митра (Исус).....
Низ историјата на христијанството број на магите се менувал од 2 па до 10-20 и нивниот живот и згоди и незгоди се опишани не во светите писма туку во апокрифни книги. Најверојатно директен повод за опис на поклонување пред “царот над царевите“ има посетата на Тиридат, кралот на ерменија кој со богат караван полн со злато и скапоцености дошол да му се поклони на римскиот цар Нерон. Тој настан бил мошне популаен и познат во тоа време во римското царство и за него пишуваат и Такит, Плиниј, Светониј, Касиј...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мислам на симболиката која е директно превземена од паганството!
Дали тие оставиле некој пишан податок? Некој историски материјален доказ?
Не ми е познато дека оставиле записи зад себе.
Златото, смирната и ливанот, кои мудреците ги подарија, се чуваат на Света Гора и пред некој месец беа изложени на увид на руските граѓани.
Нивните мошти/коски, велат, дека се наоѓаат во келнската катедрала.

П.С:
Што е тоа што е „директно„ превземено од паганството?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не ми е познато дека оставиле записи зад себе.
Златото, смирната и ливанот, кои мудреците ги подарија, се чуваат на Света Гора и пред некој месец беа изложени на увид на руските граѓани.
Нивните мошти/коски, велат, дека се наоѓаат во келнската катедрала.

П.С:
Што е тоа што е „директно„ превземено од паганството?
Епа како знаел Матеј како стигнале, што следеле и што направиле? Или претпоставувал? Чим нема материјални докази или пишани извори од кои ги црпел информациите!
Кое е оружјето на сатаната, со кое оружје сликовито е прикажан? А со кое оружје сликовито е прикажан Посејдон?- ете еден пример кој ќе ти го даде одговорот на твоето прашање.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Епа како знаел Матеј како стигнале, што следеле и што направиле? Или претпоставувал? Чим нема материјални докази или пишани извори од кои ги црпел информациите!
Светото Писмо е Боговдахновено, што значи дека авторите од книгите од Писмото пишувале под влијание од благодатта Божја.
Евангелистите секогаш пишуваат по претходна проверка на она кое самите го пишуваат. Види ја првата глава од евангелието од Св. Ап. Лука.
Матеј ништо не претпоставувал, туку добро знаел што пишува. Тоа што Матеј не знаел како дошле мудреците, тоа не значи дека немало други луѓе кои не знаеле. Мајката Божја и праведниот Јосиф се очевидци на поклонението на мудреците.[DOUBLEPOST=1396131749][/DOUBLEPOST]
Кое е оружјето на сатаната, со кое оружје сликовито е прикажан? А со кое оружје сликовито е прикажан Посејдон?- ете еден пример кој ќе ти го даде одговорот на твоето прашање.
Оружјето на сатаната е едно, во миљон варијанти: тоа е лагата.

Тоа што Посејдон држи трозабец и тоа што на демоните им се припишува трозабец, со кој наводно ги туркаат душите човекови во пеколните казани, тоа не значи дека Посејдон е демон и не значи дека демоните носат трозабци. Посејдон е митолошки лик, а демоните се духовни битија и тие (демоните) не можат да носат материјални нешта.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Светото Писмо е Боговдахновено, што значи дека авторите од книгите од Писмото пишувале под влијание од благодатта Божја.
Евангелистите секогаш пишуваат по претходна проверка на она кое самите го пишуваат. Види ја првата глава од евангелието од Св. Ап. Лука.
Матеј ништо не претпоставувал, туку добро знаел што пишува. Тоа што Матеј не знаел како дошле мудреците, тоа не значи дека немало други луѓе кои не знаеле. Мајката Божја и праведниот Јосиф се очевидци на поклонението на мудреците.[DOUBLEPOST=1396131749][/DOUBLEPOST]

Оружјето на сатаната е едно, во миљон варијанти: тоа е лагата.

Тоа што Посејдон држи трозабец и тоа што на демоните им се припишува трозабец, со кој наводно ги туркаат душите човекови во пеколните казани, тоа не значи дека Посејдон е демон и не значи дека демоните носат трозабци. Посејдон е митолошки лик, а демоните се духовни битија и тие (демоните) не можат да носат материјални нешта.
А мислиш другите апостоли не оставиле свои мислења во пишана форма за дејноста и улогата на Исус?

Не ме разбираш. Цело време зборувам за симболиката. Нема материјални елементи. Зевс, Посејдон и Ад биле деца на Крон кои го поразиле. Посејдон бил врховен бог на морето, неговото оружје било трозабецот. Дали тие го замислувале како материјално тело, а не како духовно? Тој бил духовно тело, нормално т.е. така го замислувале и мислеле дека изгледа. Е сега тоа е митологија. Од таа митологија, и од тоа што тогашните бискупи, тие што го претставиле саната така, црвен со рогови и со трозабец, тој трозабец го зеле од една паганска религија. Значи кога ќе ти го спомнам поимот „сатана“ те акоцира на таа слика или на некоја друга варијанта.
Ми спомна материјални и нематеријални предмети? Па тогаш кое е оружјето на ангелите со кое војуваат против силите на сатаната- демоните?
Нели ако веруваш дека постои рајот ,веруваш дека постои и пеколот! Ако веруваш дека постојат ангелите, веруваш дека постојат и демоните. Јас не верувам на пример во демонологијата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А мислиш другите апостоли не оставиле свои мислења во пишана форма за дејноста и улогата на Исус?
Целиот Нов Завет е напишан од Апостолоите Христови, кој опфаќа и дел од животот и дел од Христовата улога во Светов.[DOUBLEPOST=1396133883][/DOUBLEPOST]
Не ме разбираш. Цело време зборувам за симболиката. Нема материјални елементи. Зевс, Посејдон и Ад биле деца на Крон кои го поразиле. Посејдон бил врховен бог на морето, неговото оружје било трозабецот. Дали тие го замислувале како материјално тело, а не како духовно? Тој бил духовно тело, нормално т.е. така го замислувале и мислеле дека изгледа. Е сега тоа е митологија. Од таа митологија, и од тоа што тогашните бискупи, тие што го претставиле саната така, црвен со рогови и со трозабец, тој трозабец го зеле од една паганска религија. Значи кога ќе ти го спомнам поимот „сатана“ те акоцира на таа слика или на некоја друга варијанта.
.
Православната Црква ги опишува и ги слика демоните онака како што се видени: темни, грди, опашести, рогати, копитасти...На некои икони, демоните се прикажани симболички, со облик од ламја. И толку: Црквата не прикажува демони со трозабци.

Тоа што другите заедници ги прикажуваат демоните вака или така, тоа е нивен проблем.

Тоа што Посејдон е прикажуван со трозабец, не мора да значи дека и демоните носат трозабец, превземен од ликот од Посејдон.[DOUBLEPOST=1396133948][/DOUBLEPOST]
Ми спомна материјални и нематеријални предмети? Па тогаш кое е оружјето на ангелите со кое војуваат против силите на сатаната- демоните?
Со енергијата која им е од Бога дадена.[DOUBLEPOST=1396134025][/DOUBLEPOST]
Нели ако веруваш дека постои рајот ,веруваш дека постои и пеколот! Ако веруваш дека постојат ангелите, веруваш дека постојат и демоните. Јас не верувам на пример во демонологијата.
Твоето неверување не е мој проблем, нели...
Тоа што правиш компилации од митологии и религии и згора на све, убеден си дека си во право, и тоа не е мој проблем.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Остај монолого‘...Со монолог, можеш до крајот од животот, убедувајќи се себе си дека си прав.

Муабетот ми беше: од кај па Ти, како сеирџија, знаеш што прави Црквата?
Црквата Света Петка во Црниче откупи неколку плацови околу црковниот двор за да направи место за паркинг за џиповите на поповите. Башка геодет сум, да ти кажам право попска куќа... мх, мх.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Целиот Нов Завет е напишан од Апостолоите Христови, кој опфаќа и дел од животот и дел од Христовата улога во Светов.[DOUBLEPOST=1396133883][/DOUBLEPOST]

Православната Црква ги опишува и ги слика демоните онака како што се видени: темни, грди, опашести, рогати, копитасти...На некои икони, демоните се прикажани симболички, со облик од ламја. И толку: Црквата не прикажува демони со трозабци.

Тоа што другите заедници ги прикажуваат демоните вака или така, тоа е нивен проблем.

Тоа што Посејдон е прикажуван со трозабец, не мора да значи дека и демоните носат трозабец, превземен од ликот од Посејдон.[DOUBLEPOST=1396133948][/DOUBLEPOST]

Со енергијата која им е од Бога дадена.[DOUBLEPOST=1396134025][/DOUBLEPOST]

Твоето неверување не е мој проблем, нели...
Тоа што правиш компилации од митологии и религии и згора на све, убеден си дека си во право, и тоа не е мој проблем.
Добро, барем ме разбра.

Но кој ги видел? Некој ги видел и нас црквата ни ги прикажува!? Нема логика.
Добар е и примерот со иконите, секој светец си е претставен на различен начин. На различен начин ја претставува борбата против злото.
Да, сите тела се духовни што значи дека се само енергии, борбата мислиш се сведува на енергија против енергија!?
Зошто моето неверување е проблем?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Целиот Нов Завет е напишан од Апостолоите Христови, кој опфаќа и дел од животот и дел од Христовата улога во Светов.[DOUBLEPOST=1396133883][/DOUBLEPOST]
Не е точно, евангелијата се пишани децении па и век после смртта на Исус, ги пишеле луѓе кои најчесто ниту имале допирна точка со јудеја, ерусалем, пример, кога во евангелијата се опишуваат фарисејите како свештеници и нивните ученици, треба да се знае дека во време на исус, фарисеите биле политичка струја во јудаизмот, не биле свештеници, немале свои ученици, тие станале свештеници во рабинскиот јудаизам кога храмот веќе бил разорен а евреите иселени од светата земја, значи во втор век. Човек кој пишувал во вториот век ќе ги опише фарисеите како религиозни водачи кои имале ученици, човек кој би ги опишувал во време на Исус - немаше така да ги доживее.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Црквата Света Петка во Црниче откупи неколку плацови околу црковниот двор за да направи место за паркинг за џиповите на поповите. Башка геодет сум, да ти кажам право попска куќа... мх, мх.
И се‘а?...[DOUBLEPOST=1396207714][/DOUBLEPOST]
Но кој ги видел? Некој ги видел и нас црквата ни ги прикажува!? Нема логика.
Да, некој ги видел, поточно, ги виделе врвните подвижници во Црквата па како се видени, така се и насликани.
Посилна логика од видените нешта-здравје![DOUBLEPOST=1396207765][/DOUBLEPOST]
Да, сите тела се духовни што значи дека се само енергии, борбата мислиш се сведува на енергија против енергија!?
Не, туку на борбата меѓу белите и црните ангели.[DOUBLEPOST=1396207837][/DOUBLEPOST]
Зошто моето неверување е проблем?
Затоа што целиот свој живот можеш да го поминеш во неверување, и кога ќе дојдат на ред неизбежните нешта, ќе се чудиш и ќе речеш: зашто овие нешта никој не ми ги кажа до сега...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
И се‘а?...[DOUBLEPOST=1396207714][/DOUBLEPOST]

Да, некој ги видел, поточно, ги виделе врвните подвижници во Црквата па како се видени, така се и насликани.
Посилна логика од видените нешта-здравје![DOUBLEPOST=1396207765][/DOUBLEPOST]

Не, туку на борбата меѓу белите и црните ангели.[DOUBLEPOST=1396207837][/DOUBLEPOST]

Затоа што целиот свој живот можеш да го поминеш во неверување, и кога ќе дојдат на ред неизбежните нешта, ќе се чудиш и ќе речеш: зашто овие нешта никој не ми ги кажа до сега...
Значи во црквата нема зло, нема демони, а сега некој ги видел и иконите се претставени внатре во црквите, фреските се внатре во црквите исто така!

Еднаш ти кажав. Има многу видови на доверба и верување. Можеш да веруваш во некого и во нешто, но прво треба да веруваш во самиот себе. Вербата во замислениот свет е реална во твојата глава, но таа всушност надвор од неа е илузија и преставува една нереалност. Како на пример, едно духовно тело да има син???
А црните и белите ангели не се енергии? Ти ги претстави како материјални тела!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи во црквата нема зло, нема демони, а сега некој ги видел и иконите се претставени внатре во црквите, фреските се внатре во црквите исто така!
Не напишав дека демони има во Црквата, ниту напишав дека демоните се видени во Црквата. Тие си имат свое место во Светов.[DOUBLEPOST=1396212950][/DOUBLEPOST]
Можеш да веруваш во некого и во нешто, но прво треба да веруваш во самиот себе.
Вербата во самиот себе е почеток на секое неверие.[DOUBLEPOST=1396213023][/DOUBLEPOST]
Вербата во замислениот свет е реална во твојата глава, но таа всушност надвор од неа е илузија и преставува една нереалност.
Не напишав верба во замислен Свет, туку верувам во Свет кој постои реално и паралелно со створениов материјален свет.[DOUBLEPOST=1396213077][/DOUBLEPOST]
Како на пример, едно духовно тело да има син???
Може, како личносна и духовна релација а не како биолошка и материјална.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom