Se raboti za stan vo izgradba i sakam da go resam uste sega prasanjeto za greenje i ladenje , ako bea cenite na klimite kako vo hrvatska ke odev so edna Mitshubishi fh 35 za dnevna so kunja i hodnik okolu 30m2 ima. za spalnite ke stavev mitshubishi sf25 tie se po okolu 11m2 , ama za ovie ceni kaj nas sto se za istite klimi tesko , zatoa ke odam ili so multi sistem toshiba so 3 edinici, edna 13 i 2x10 i toa ili site 3 daisekai6,5 ili 2 daisekai6,5malite10 i edna bi-flou(konzola)13....zatoa sto cenite vo hrvatska i kaj nas za toshiba se isti i kaj nas so montaza se poeftini zatoa sto montazata kaj nas e duplo poeftina
Мислам дека премногу се оптеретуваш со тоа и ќе вложиш купишта пари за мулти системи или пак клима уреди кои чинат преку 1000 евра.
Не знам зошто и се оптеретуваш со тоа колку се цените во Хрватска и кај нас, фокусирај се на тоа што ти е потребно тебе.
Еве неколку легитимни прашања што треба да си ги поставиш пред да почнеш да инвестираш во станот и решиш загревањето.
- Колку соби ќе користам во зимските месеци за затоплување?
- Во кој временски распон ќе ми функционираат климите?
- Дали климите ќе ми бидат потребни и за разладување?
Прво и основно треба да бидеш добро изолиран пред да инвестираш во клими, ако немаш добра изолација ниту Свети Даисекаи не ти помага да се стоплиш.
Инвестирај прво во тоа!
Затоплувам просторија (дневна плус кујна и трепезарија) од 40 квадрати со инвертер клима LG 3.5 купена од Нептун на попуст за 500 евра пред две години, можеш во секое време да поминеш и да видеш каква ми е собната температура.
За илустрација најголема сметка за струја ми е 3400 ден. годинава.
Мислам дека истата сега чини околу 550 евра без монтажа во Нептун.
Работата е што јас вложив во столаријата и наместив профил Rehau Geneo со тројно нискоемисионо стакло и сега со мало работење на климата просторијата се загрева инстантно.
Зошто ти е потребно загревањето на ходникот што го вкалкулираш во квадратура за загревање?
Спалните ти се мали соби и се користат генерално за спиење, немаш потреба да инвестираш во скап клима уред таму.
Претпоставувам дека едната од тие 11 кв. соби ти е детска соба и таа можеби ја користиш фрекфентно повеќе време и потребно е да размислуваш за неккаво решение.
Забелешки
- Треба прво да си инвестираш во солидна столарија.
- Доволно ти е една инвертер три и пол клима за дневна и кујна. (Еве предлог)
- Во спалната ти е потребна најобична клима 2.5 кв која ќе ти брка работа, еве и ако фатат некои поларни температури земи си едно панелче кое ќе ја направи собата бања за 20 минути пошто е 11 квадрати. Пример од Нео Лед климата едни мои пријатели се презадоволни и ја користат скоро три години.
- Во детската соба ако се користи фрекфентно исто ти е потребна инвертер клима од 2.5 кв, лично би одел со поефтин модел некој како овој.
- И уште една греалка за купатило ти е потребна и ќе ти биде решено скоро цело загревање, а богами и ладење на станот.
И еве некои мои пресметки
Клима за дневна и кујна 37.000 ден. со се монтажа вкупно.
Клима за спална соба 18.000 ден со монтажа плус панел 6000 ден вкупно 24.000 ден.
Клима за детска соба комплет со монтажа 32.000 ден.
Грелка за купатило 2.500 ден.
Вкупно 95000 ден. или околу 1500 евра ќе ти биде решено целото затоплување и ладење во станот.
Ако ти е долга чергата тогаш оди и со скапи модели на клими, ама мислам дека и со овие модели ќе си немаш проблеми ако си ги сервисираш редовно и чистиш филтрите во наредните 10тина години.