Македонски зборови и изрази за често користени странски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Еден од најочигледните показатели за подреденост на свеста е губењето на својот говор и користењето на изразите и начинот на размислување на туѓа свест. Принудно и во оваа статија. Со оглед на сегашната „асимилирана“ македонска свест, за да не И' звучи чудно, иако ќе избегнувам, на места ќе морам да користам странски изрази кои се прифатени во значително „асимилираната“ заедничката свест кај македонците.

Говорот е збирен израз на обликот на една свест и духовност. Секој поединец зборува со говорите на: местото каде се родил, роднините со кои живеел, пријателите со кои се дружел, местата каде подолго време престојувал, културните влијанија на неговото време кои ги прифатил или не успеал да ги избегне... и многу други чинители на кои бил изложен. Јазикот, говорот на еден народ ја изразува неговата духовност и свеста создадена низ се што проживеал низ вековите. Во изворните ракописи на Стариот Завет, зборот јазик и народ се истоветни. Библиски исто така создавањето на народите се врзува со „мешањето“ на јазиците и губењето на единствениот заеднички говор.
Нашиот народен просветител Крсте Петков Мисирков запишал дека јазикот и верата се основата на македонскиот народ. Секое нивно нагло и изразито изменување значи духовен преврат.

Во ова време на општо светско духовно-културно бришење на личностите и карактерите, македонците искажуваат посебно слаба мисловна сила, така што во својот говор скоро и да не можат да се искажат без несвесно да користат странски зборови. Загрижувачки е што странските зборови не се користат само таму каде немаме создадено најсоодветни македонски замени. Сега веќе широко се користат странските зборови и во обичниот говор, за искажување нешта каде имаме соодветни македонски изрази. Ако е тоа така со видливото, со користењето на странските зборови, тогаш како е со невидливото во нас внатре!? Со изменетите свест и начин на размислување!

Има барем две големи причини за користење на македонски наместо странски пред се англиски зборови:
1. Соодветно на духовноста на народите/јазиците, словенскиот и во негови рамки македонскиот говор се многу поприземни и поопипливи. Англискиот, грчкиот, латинскиот и другите западни јазици се по„апстрактни“ (нивен збор најдобро ќе ја искаже нивната природа). Тие добиваат на значење внатре во умот, ама ја губат врската со околината (реалноста). Токму затоа во денешно време на одродување од природното, „апстрактните“ говори и зборови изгледаат како поприкладни за да не изразат во она кое сакаме да го кажеме. Штом сакате да изразите нешто странично, прикриено, неизложено... англиски изрази ви идат на ум? А кога искажувате нешто едноставно и отворено тогаш (под)свеста употребува македонски јазик. За разлика од словенскиот говор кој е исповрзан (етимолошки), сите западни говори се скоро без поврзаност (етимологија). Нивните зборови „висат во воздух“. Се работи за склепување на зборови од разни делови кои се земаат од неприродни места и/или неприродно составени. Обидите за откривање на потеклото на деловите на одреден збор се со очигледно „шпекулативни“ објаснувања. Англискиот говор е составен од 40% грчки, 30% латински, 20% француски, викиншки... само 10% изворни. Грчиот јазик исто така нема „етимологија“. Секој обид за потврдување на „грчката изворност“ на било кој „грчки“ збор преку етимолошко толкување е безсмислено кога и самите мораа во неговата службена одредба да внесат дека се работи за „комбиниран“ јазик. Утврдувањето на внатрешната поврзаност на македонските зборови, но чудно дури и откривањето на внатрешната поврзаност на странските зборови преку македонските основи на зборовите добива многу повеќе врски и многу поприродно толкување.

2. Секое губење на сопствената личност со култоролошко подредување кон друга личност значи создавање на губитник. Поединците и народите кои се претопуваат (асимилираат) не можат да бидат победници. Тие како личности во различните полиња на докажување скоро секогаш ќе бидат подредени и послаби од оние чија свест им се вметнала. Наместо кон странските изрази, пред се англиските, латинските и грчките, со што во себе вбризгуваме туѓа свест, треба да се вратиме наназад и да си ја побараме свеста за која не сме свесни дека сме ја изгубиле. На поле на јазикот тоа оди во правец на повторно откривање на старите црковно-словенски изрази и нивно внесување во говорот.

Со цел да се освести постоењето од македонски, наместо употребуваните странски зборови во продолжение поставувам почетен список на странски и соодветни македонски зборови. Некои од нив се само можен израз на македонска замена за странскиот збор.

асимилијација -мисловно претопување ???
активност - делување
бизнис - деловно работење
бизнисмен - стопанственик
генерација - поколение
група - збир
дефиниција - научна одредба ???
дијалект - наречје
доминација - надреденост
економија - стопанство
идиом - израз
историја - минато
инфицираност - заразеност
колективен - заеднички, општ
конкретниот - посочениот
локално - месно
ментално - мисловно
оригинален - изворен
патриот - родољуб
процедура - редослед, постапка
регион - област
сленг - помесен израз
симпатија - наклонетост, привлечност
синоним - истоветен збор ???
тотален - целосен
фактор - чинител, ставка
физички - телесно
циничност - зајадливост

...се надевам на дополнувања од другите членови со предлози за македонски решенија на често користени странски зборови.
 
Последно уредено:
Дали научна одредба е исто што и дефиниција ? Некако не ми звучат еднакви. Побарав во речник немаме таков поим - научна одредба. Побарав во речник на синоними немаат синоним за дефиниција. Ако грешам нека ме поправат македонистите .
 
Дали научна одредба е исто што и дефиниција ? Некако не ми звучат еднакви. Побарав во речник немаме таков поим - научна одредба. Побарав во речник на синоними немаат синоним за дефиниција. Ако грешам нека ме поправат македонистите .
Мислам дека за некои зборови немаме создадено единствен соодветен македонски збор. Тоа е сериозно потфрлање во изминатите 50-60 години пред се на Институтот за македонски јазик, министерствата за култура, образование, но и за секој македонски јазичар (лингвист).
За зборот „дефиниција“ не можам да се сетам дека може да се најде соодветен македонски збор. Изразот „научна одредба“ е мој предлог. Пред да го поставам списокот споменав дека некои се предлог за соодветен македонски израз замена на странскиот кој го користиме.
 
Последно уредено:
Преведи ми го "sibling" со еден збор и што сакаш ќе употребувам у мојот говор:D
 
или кажано ..... БЛИЗНАК ..... :icon_mrgr:
НЕ! Имаш еден постар брат и една помала сестра, и како наместо да кажеш "ова е мојот брат, ова е мојата сестра", да речеш "ова се моите... (siblings)".
 
И во германски го има зборов, Geschwister.
 
Преведи ми го "sibling" со еден збор и што сакаш ќе употребувам у мојот говор:D
Секој јазик има некои свои зборови со единствени значења кои не се среќаваат во друг јазик. Такви изрази имаме и ние кои се непреведливи на другите јазици. Не е толку проблемот во тие зборови, проблемот е во странските зборовите кои широко се користат, а имаат соодветен македонски збор или некој малку да се потрудел можеле да имаат. За голема осуда е што и основните зборови од областа на „информатиката“ и „интернетот“ кои имаат растечко користење во говорот не добија ниту обид за некаков соодветен македонски израз.
 
Секој јазик има некои свои зборови со единствени значења кои не се среќаваат во друг јазик. Такви изрази имаме и ние кои се непреведливи на другите јазици. Не е толку проблемот во тие зборови, проблемот е во странските зборовите кои широко се користат, а имаат соодветен македонски збор или некој малку да се потрудел можеле да имаат. За голема осуда е што и основните зборови од областа на „информатиката“ и „интернетот“ кои имаат растечко користење во говорот не добија ниту обид за некаков соодветен македонски израз.
Значи сакаш да кажеш дека постоел збор али е изгубен? Не гледам како е тоа можно пошто е многу прост збор и не се користи ни странски збор за истото значење кај нас...
 
Значи сакаш да кажеш дека постоел збор али е изгубен? Не гледам како е тоа можно пошто е многу прост збор и не се користи ни странски збор за истото значење кај нас...
Англискиот јазик има над 800 000 изрази (другите светски јазици освен кинески и арапски се околу 100 најмногу до 200 илјади). Годишно се создаваат по неколку илјади нови зборови. Тој не е етимолошки јазик и не се користи со сличности. За се ново што ќе му притреба мора да измисли збор. Словенските говори се користат со користење или измена на веќе постоечки зборови. Затоа имаат многу помал збир на зборови затоа што за нешто ново ги користат постоечките зборови или со измени со додатоци кои и самите се дел од некој друг збор. За стручна област англискиот делува подобар затоа што поточно укажува на некоја појава, но во целина станува непрактичен и со текот на времето се понепрактичен. Не постои човек кој во целост го знае англискиот јазик.
 
Последно уредено:
НЕ! Имаш еден постар брат и една помала сестра, и како наместо да кажеш "ова е мојот брат, ова е мојата сестра", да речеш "ова се моите... (siblings)".
дис ис мај олдер брутер ,анд дис ис мај литл сис ..... Генерал Сиси ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom