- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Отидов на интернет страницата од весникот Нова Македонија со цел да земам некоја статија и да ги издвојам употребените странски изрази. По некоја случајност наидов на статија која баш има поврзаност со јазикот, во случајов со уредувањето на имињата при нивното матично внесување.
И наидов на она кое и порано сум го забележувал. Стручњакот за македонски јазик (лингвист), сака да го одбрани македонскиот јазик, а тоа го прави со масовна употреба на немакедонски зборови што зборува за „асимилираноста“ на свеста. Значи брани македонски говор, прекршувајќи го.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32714742142&id=13&prilog=0&setIzdanie=
Под статијата запишав мислење, не знам дали ќе биде објавено. Но има е-маил адреса и ќе го испратам.
Ако сакате да дадете придонес кон зачувување на македонскиот јазик, а со тоа и на македонската личност, обрнете внимание за странските зборови кои непотребно ги употребивте во статијата.
оригинален - изворен
сугестија - предлог
варијантите - можностите
експертите - стручњаците
интервенција - вмешување, измена
елиминирањето - отстранувањето
лектор - стручњак за правопис
унифицираната - единствен
официјална - службена
форма - облик
апликации - поднесоци
резервации - обезбедување
фигурира - се користи, постои
практиката - примената
регулација - уредување
аспект - страна
нормата - правилото
трендот - настроеноста
контакт - поврзаност
сумира - собере
ревидира - преправи
Самото ова покажува колкав е степенот на мисловна слабост, мисловна претопеност „асимилираност“ што и во статија за истакнување на вредностите на македонскиот јазик, македонист го огрдувате изразувањето со заразеноста (инфицирноста) со немакедонски зборови. Што тогаш со состојбата на јазикот кај обичниот Македонец.
Дури и задоволен сум. Во други статии кои го истакнувале македонскиот јазик заразеноста со употребата на странски зборови била многу поголема.

Последно уредено: