Македонски зборови и изрази за често користени странски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
просперитет - напредок
инспирација - вдахновение
трансфер - префрлување или пренос
аспирација - стремеж
хепенинг - настан
солуција - решение
утакмица - натпревар
акција - дејство
шофер - возач
коректно - точно (правилно; исправно)
корекција - исправка
корелација - сооднос
реформа - преорганизација
конфликт - судир
агресија - агресивен - насилство - насилен
менаџер - управител (раководител)
перформанс - изведба
конечно со некого се разбираме (y)
 
Нуклеотид - јадроид
рибоза - шеќер
деоксирибонуклеинзка киселина - киселина на шеќерен јадроид без кислород.

(чисто да укажан на глупоста и непрактичноста). Тешко дека некој сериозен стручњак од некоја област би се занимавал со други термини освен тие кои се странски и се употребуваат низ цел свет.
 
Normalno e stucni termini i proizvodi koi doagjaat od drug jazicen region da go zadrzat izvornoto ime ili da dobijat makedonsko prilagoduvanje ili pak da se koristat opstoprifateni steucni zborovi koi korenot go vlecat od latinskiot, no problem e koga vece postoecki zborovi i termini se gubat i se zamenuvaat so modificirani anglicizmi za da zvucat moderno
 
мореее, кога ќе се фатам во теснец со тебе, и во корелација на конфликтите кои ги апстрахираме, ќе дојдеме до заклучок дека нотификација на апликацијата треба да се деинсталира ;)
ме разбра некој што кажав? :pos:
навистина, имаме убави зборови кои едноставно сме заборавиле да ги користиме. некои пак од практичност ги прифаќаме (особено јас околу компјутерите), но секогаш се фаќам како подотврам уста или пак како одма сечам некој муабет и се вртам кон некој кој употребил некој македонски збор кој не сум го слушнал одамна. не сум лингвист, и верувам дека многу ќе погрешам ако пробам да става некој збор како тебе или другите:(
 
НЕ! Имаш еден постар брат и една помала сестра, и како наместо да кажеш "ова е мојот брат, ова е мојата сестра", да речеш "ова се моите... (siblings)".
Не е со еден збор, но сосема успешно се искажува на следниот начин: „брат и сестриче“. Ако е сестрата постара тогаш се вели: „сестра и братче“.[DOUBLEPOST=1396109092][/DOUBLEPOST]санкции - казни, казнени мерки
дијаспора - иселеништво
спектар - распон, лепеза
фиксен - статичен
рисивер - приемник
дрон - самолет
тим\екипа - состав
 
Последно уредено:
агресивен=насилен=м.-м.
агресија=насилство=ж.-с.
активност=делување
актуелен=сегашен
стимулира=поттикнува
акција=дејство=ж.-с.
апликации=поднесоци=мн.-мн.
апликација=поднесок=ж.-м.
асимилијација=мисловно претопување=изр.
аспект=страна=м.-ж.
аспирација=стремеж=ж.-м.
аџилак=поклонение= м.-с.
бизнис=деловно работење м.-с.
бизнис=стопанисување
бизнисмен=стопанственик
варијантите=можностите
генерација=поколение
демантира=отфрли
демонстрант=протестирач
демонстрации=протести=мн.-мн.
дијалект=наречје
дијаспора=иселеништво
дилер=разнесувач
дилер=доставувач
доминација=надреденост
дрон=самолет
екипа=состав
економија=стопанство
експертите=стручњаците
елемент=примеса
елиминирање=отстранување
елиминирањето=отстранувањето
ескалација=нагло
ескалација=нагло влошување
идиом=израз
стационирани=поставени=мн.-мн.
стационирани=сместени
индикатор=показател
инспирација=вдахновение
институт=установа
интервенција=вмешување
интервенција=измена
интерес=корист
интерес=засегнатост
интересираат=засегаат
инфицираност=заразеност
историја=минато
колективен=заеднички
колективен=општ
колумна=статија
колумна=напис
комбиниран=измешан
комбиниран=мешан
компанија=претпријатие
конкретниот=посочениот
констатација=заклучок
контакт=поврзаност
конфликт=судир
коректно=точно
коректно=правилно
коректно=исправно
корекција=исправка
корелација=сооднос
курсер=трепкач=(кога е во текст)
курсер=стрелка
лексикон=толковник=(јазичен)
лектор=стручњак за правопис=изр.
лидар=водач
литература=книжевност
локално=месно
магазин=списание
магацин=складиште
магацин=склад
мастурбација=ракоблуд=ж.-м.
менаџер=управител
менаџер=раководител
ментално=мисловно
нормата=правилото
оригинален=изворен
официјален=службен
патриот=родољуб
перформанс=изведба
порпарол=гласноговорник
потенцијален=можен
практиката=примената
практичност=применливост
просперитет=напредок
професија=дејност
профил=налог
процедура=редослед
процедура=постапка
ревидира=преправи
регион=област
регулација=уредување
резервации=обезбедување
реформа=преорганизација
ривал=соперник
рисивер=приемник
санкции=казнени мерки
санкции=казни
симпатија=наклонетост
симпатија=привлечност
ситуација=состојба
сленг=помесен израз=изр.
солуција=решение
спектар=распон
спектар=лепеза
сугестија=предлог
сума=збир=ж.-м.
сумира=собере
сумирање=собирање
сумирање=збирање
тенденциозност=настроеност
тест=испробување
тест=проба
тест=проверка
тим=состав
толерантен=трпелив
тотален=целосен
трансфер=префрлување
трансфер=пренос
тренд=насоченост
унифициран=единствен
унифициран=собран
утакмица=натпревар
фактор=чинител
фактор=ставка
фигурира=се користи=изр.
фигурира=постои
физички=телесно
фиксен=статичен
фирма=претпријатие=ж.-с.
форма=облик=ж.-.м.
формирање=обликување
формирање=создавање
фронт=боиште
биографија=житие=ж.-с.
хепенинг=настан
циничност=зајадливост
шофер=возач
анализа=испитување
коментарот=мислењето=м.-с.
овој контекст=оваа смисла
ситуации=состојби=мн.-мн.
дестинации=пристигнувања=мн.-мн.
институции=установи=мн.-мн.
истиот контекст=истата смисла=изр.
контекст=смисла=м.-ж.
глобалната=светската
индиректно=посредно
неактивна=недејствителна
локација=местоположба
комбинација=спој
комбинација=мешавина
драјвер=двигател
статут=начелник
варијанта=можност
варијанта=веројатност
шема=мрежа
солидарност=помагање
транспарентност=провидност
транспарентност=прегледност
легализација=озаконување
политичка партија=политичка странка
критериум=мерило
информиран=известен
информирање=известување
инструкции=упатства
 
Почитувани,
Однапред се извинувам ако ова прашање не соодветствува со темава, но бидејќи не успеав да најдам на форумов соодветна тема решив да пишувам на оваа. Имено, ме интересира дали публикуваните изданија од „Толковен речник на македонскиот јазик“, издадени од страна на Институтот Крсте Петков Мисирков, а во соработка со Министерството за култура, можат да се најдат во книжарите или издавачките куќи и дали можат воопшто можат да се купат.

Интернет-страница:
http://kurir.mk/makedonija/vesti/19...om-od-Tolkovniot-recnik-na-makedonskiot-jazik

Поздрав!
 
Можат да се купат, во слободна продажба се, но навистина не знам во кои книжари ги има. Знам дека првите два тома се распродадени. Институтот редовно има штанд на саемот и таму ги продаваат, а најдобро да им се јавиш на телефон и да ги прашаш.
 
Ви благодарам за исцрпните информации почитуван/а. Сега барем знам од каде да почнам и каде да се обратам за подетални информации.:)

p.s. Доколку сте на драга волја, Би сакал во иднина да се консултирам со Вас за одредени зборови кои кај мене предизвикуваат дилеми!
 
Ве Молам колеги и колешки да ми кажете како правилно се пишуваат зборовите „левоориентирани“ и „десноориентирани“, односно дали со цртичка или одделен простор или без... или пак сосема поинаку?

Благодарам однапред!
 
Не сум јазичар, но при употерба на македонски јазик ослободувајте се од туѓизмите. „Ориентиран“ не се смета за македонски збор. Може да се употреби „насочен“ или „поставен“. „Левонасочени“, „деснопоставени“. За дали да има или да нема црта мислам дека и двете можности се исправни.
Но точно е дека зборот “ориентиран“ има македонски корени. Основицата (лемата) ОР е основица која се најдува во македонските збОРови кои значат заОкРужување.
кОРа, тОР, виОР, ОРган.. ОРо... Спротивно од ОР е РО, што би значело нешто повратно од ОР. Па затоа имаме шиРОчина.
Со исто значење за некој вид на широчина и заокружување имаат и странските хОРизонт, ОРиент, ОРиентиран... и многу други со тие основици ОР и РО. ОРО е движење во круг и напред и назад.
 
Ви благодарам!:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom