@jamajka
Причина за тоа што не се разбираме е тоа што јас зборувам за моменталната ситуација, а ти зборуваш за иднината.
Ти опишуваш некаква
идна дегенерација и крах на американската економија, некои
идни руски проекти.
Сега праиш харикири од здравиот разум и интелегенција. Каде реков јас за идни проекти? Исклучи го бродот-централа тука, пошто тој е ван расправата. И во минато блиско и далечно, Русија е светска сила и тоа е веќе 3-400 години, со мали или големи подеми и падови. Нормално е да има одредени флуктациии на моќта после извесни внатрешни превирања, како што биле октомвриската револуција и подоцна паѓање на комунизмот. Но фактот е следен, во ниеден момент не престанала да биде светска сила.
Сето тоа е во ред. Мене ми е јасно дека Русија е во нагорна траекторија, но исто ми е јасно дека треба тој курс да го одржи уште 10-20 години за да им конкурира на САД.
Доколку излезеш од дневните курсови на проекција на сила, ќе сватиш дека Русија иде во нагорна траекторија во последните 500 години и не за џабе се нарекува третиот Рим(очигледно не е само поради круната).
За доктрините:
Има само една доктрина за проекција на сила, од памтивек. Морковот и стапот.
За послушните - морков (економска и воена помош), за непослушните - стап (бомби, инвазии, атентати). Секоја сила се користела и ќе се користи со тоа. И Русија исто. Украина дури беше послушна- морков, сега-стап.
Во моментов рускиот "стап" е во рамките на нивното соседство, а рускиот "морков" до кај што им се протегаат гасоводите.
Значи Русија во моментов има интерес да обезбеди патишта за сопствените ресурси(сега ќе ги стопанисува и Иранските), додека САД има интерес да обезбеди ресурси.
Тоа се два различни аспекти и две различни доктрини. Во случајот со Русија, интересите се таму каде што се патиштата, Украина Грузија. Додека на САД таму кај што се изворите, Либија, Ирак, а и покрај другото треба да ги обезбедат и патиштата(Сирија, Турција). Види сега колку ги кошта Русија една таква интервенција (и во луѓе и во пари и во популарност во светот), а колку ги кошта САД. Па ќе ти стане јасно зошто на САД му е неопходна сета таа воена логистика, ако сака да биде некаков фактор во светот и колку ги кошта тоа. Во прашање е различна геостратешка поставеност, што нормално изискува различна доктрина. Во моментов тие интереси се играат во предворјето на Русија и на САД им е потребна сета таа машинерија за да биде присутна во регионот, иљадници километри далеку од дома, додека Русите многу поевтино си поминуваат.
Русија имаше внатрешни проблеми и превирања(криминал, тероризам, корумпција) последните 20тина години и не дека беше немоќна, туку беше до негде отсутна од светската политика, исто како што беше отсутна за време на граѓанската војна. Сега тие проблеми се средени и Русија е свртена нанадвор. Ако во 2008 години го гледав тоа со доза на скептичност, сега сум сигурен во тоа што го зборам. Колку ние ќе имаме ќар или зијан од сето тоа, тоа е друг муабет. Фактите на терен говорат дека Русија се врати(уште во 2008) во светската политика маестрално, онака како што и доликува. Се сложил ти со тоа или не.
Доколку е така како што викаш, дека САД проектира далеку надмоќна воена сила. И дека економскиот boost на воената индустрија на САД кој е огромен, зошто не успеа да ја неутрализира Русија во периодов од 20 години? Како успеа ете Русија да оди и покрај сите проблеми, така како што сакаат да кажат економски инфериорна, во воена технологија во најмала да држи чекор со САД. Сега ќе кажеш дека тоа не е вистина, ама ако не е вистина, зошто толку бука околу С300 во Сирија? Зошто противракетниот штит во Полска и Чешка? Зошто никаква воена закана за Крим и само најавени појачани санкции во случај на интервенција во Јужна и Источна Украина? Како успеаја Кинезите своето наоружување да им се состои 2/3 Руско оружје од постара генерација, а притоа Америчката пропаганда да ја промовира Кина како можна светска сила, а Русија како регионален играч, што гледам и доста е прифатено од форумџиите. И на крај, зошто САД не интервенираа во Сирија? Што ги спречи да интервенираат како што интервенираа во Либија?
Интересите на Русија до сега била во рамките Источна Европа и Азија, каде всушност се дешаваат работите и таму кај што има интерес таму и делува. Доколку никој во тоа делување(Сирија, Крим, Грузија), не се најде моќен ниту да се осуди да ја спречи, тогаш тоа значи дека е таа светска сила.
Како одсега ќе ги проектира своите интереси, тоа останува да видиме. Но од тоа ќе и зависи доктрината, а со самото тоа и воената техника. Како што има најави за поголем број носачи на авиони, ништо чудно интересот да и се префрли во Јужна Америка, имајќи ја во предвид подршката што ја има од тамошното население.
За ресурсите:
СССР ги имаше истите ресурси, дури и повеќе, па се распадна. Не е поентата само да ги имаш, туку да знаеш како да ги искористиш. Погледни ја Африка.
Промена на систем беше тоа, СССР не беше Русија, сојуз на држави, Русија беше најголемиот сегмент и на некој начин исто што сега е САД со НАТО. Ако НАТО пропадне, САД нема сигурно да пропадне, но ако пропадне САД, НАТО е осудено на пропаст.
Кога сме веќе кај Африка, истиот систем на окупација на држави богати со ресурси(колонијализам) како сега што има САД имале западноевропските земји со Африка. Дури истите брутални методи и ден денеска ги користат локалните влаштодрсци, кои сеуште работат за своите западноевропски господари.[DOUBLEPOST=1395874940][/DOUBLEPOST]Интересно како Русија се снаоѓа во современата пропагандна војна:
Немора да нагласуваме дека youtube во современиот свет е гласило број еден.