Смешно е како ова го мисли секој, кој нема изгледано ниедна утакмица на ПСЖ. За тим кој што го води Блан, да се каже дека „нема тренер“ е во најмала рака навредувачки за истиот. ПСЖ оваа година е 10х пати подобар, од оној ПСЖ што го водеше Карло лани. Сега нормално дека имаат плус некој играч од оној состав лани, ама сеедно фудбалот што го играат оваа сезона е стварно одличен.
Ова искуство не знам дали да го искоментирам. Ако играчи како Силва, Алекс, Максвел, Тиаго Мота, Ибра, Кавани, Лавеци немаат искуство тогаш, што да се каже за Кејхил, Азпиликуета, Матиќ, Вилиан, Ширле?
А и не знам зошто толку се дава значење на тоа искуство. Не игра искуство, игра квалитет, игра уиграноност, игра желба за докажување. Тоа го докажа Дортмунд лани.