ОГЛАСОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ „ПРВА ШАНСА“ СТАРТУВА ОД ДЕНЕС
Огласот за вработување на невработени лица со субвенционирање „Прва шанса“ стартува од денес.
Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 12.02.2014 година, објавува:
ЈЕВЕН ПОВИК
До невработени лица за ваботување со субвенционирање
Се повикуваат сите невработени лица со завршено високо образование до 29 годишна возраст, во студиската година 2012-2013, а кои своето вработување сакаат да го решат преку оваа активна мерка, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ, каде редовно се евидентираат како невработени лица (активни баратели на работа).
- Субвенционирањето на вработување ќе се врши по моделот 3+6, кој предвидува 3 месеци субвенционирано вработување со полно работно време и 6 месеци обврска на работодавачите да го задржи на работа или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на невработени лица на АВРМ.
- Приоритет ќе имаат невработените лица (активни баратели на работа) кои завршиле практична настава кај соодветниот работодавач.
- Финансиската поддршка за вработување на лица со завршено високо образование до 29-годишна возраст, во студиската година 2012-2013, предвиден за исплата на бруто плата (13.000,00 денари) ќе се исплати по добивање на документ од работодавачот дека истиот исплатил плата најмалку во висина на субвенцијата.
- Заинтересираните невработени лица со завршено високо образование до 29-годишна возраст, во студиската година 2012-2013, пријави можат да поднесат најдоцна до 26.02.2014 година во работните клубови на 30-те центри за вработување во Република Македонија.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување во Република Македонија.
http://news.vrabotuvanje.com.mk/index.php/vrabotuvanje-news-makedonija-i-balkan/item/256-prva-shansa