Еден и единствен...

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Апсолутно не значи.
Ама таквите се во премал број. Ако им е убаво, добро. Ако не им е, пак добро
Пак со предрасуди. Од кај знаеш дали таквите се во премал број? Можеби се само преекспонирани оние другите.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
Пак со предрасуди. Од кај знаеш дали таквите се во премал број? Можеби се само преекспонирани оние другите.
Поентата е сосема е неважно колку се.
Не гледам зошто да им речам ,,браво,, или пак да ги осудам.
На кој како му е убаво, така ;)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Мислам дека може, ако девојката и самата размислува така, дека треба да биде со еден маж цел живот, и ако тој маж и нуди се што и треба не верувам дека ќе има потреба од некој друг. Али ја лично не мислам дека цел живот треба со еден партнер да се помине. Додека не сме settled down, додека сме млади и слободни може да експериментираме (у некои граници, нормално) али после коа ќе се влезе во брак и коа ќе се донесе таа одлука мислам дека треба и може да се држи до неа.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Леле сите ова го зборат, изгледа некој ви го има пикнато во памет, сте чуле и зацртано ви е и без некој доказ, го кажувате ко песниче.
Од лично искуство ти ова го знаеш па сега што солиш памет? Или знаеш пошто комшивката заминала со фитнес тренерот? Yeah right.

Абе луѓе, 6 милијарди луѓе сме на планетава и 6 милијарди различни карактери. Ако некои од неизживеаните се излетуваат на стари години, некои не се излетуваат. Не значи дека ако некои се залетале на стари години да вараат, дека сите сакаат.
Ти мора да се изгориш од топло за да дуваш или ке пазиш ако си видела друг дека се изгорел?
Друго, пиша дека сме 6 милијарди луѓе,кај прочита ти дека покажувам со прст на некој? Секој си прави што сака и кога сака и со кој сака,ама факт е дека голем процент од изневерувањата е поради тоа.
болд 1: има за ова сцена од еден филм,вели: What do you want, a smoking dick?
болд 2: токму така, за дел не значи ама за другиот дел значи. Велиш сите го зборат тоа,си се запрашала зошто? или ти си заклучи самата дека не е тоа доволна причина за неверство?
 
Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
јас би останала со некој цел живот ако ми се погоди , зошто секогаш има подобри и од најдобриот ......
 
Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
podobro vrapce vo raka nego golub na granka . . .
gledaj go galebot ama ne zaboravaj na toa sto imas i na sebe , ako ednas napravis greska (od ednas ne se stanuva peder) pogresis i po vtor pat . . . .veke nema nazad sam sebe se kaznuvas (n)
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Тие девојки се изумрени врсти..А порано имало и машки такви, со една жена цел живот....Сега тоа е научна фантастика за машки, а и за девојки вистинска реткост да остане до крај со првиот нејзин дечко. Јас не познавам ниедна...
Не ми се допаѓа ни многу партнери но и еден за цел живот мислам дека е премалку, но ако е вистинскиот зашто да не.
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Тие што можат и сакаат, убаво за нив. Мислам дека е супер. Јас неможев.
Мислам дека се поретки таквите луѓе, не заради тоа што луѓето се неспособни да бидат верни без да екпериментираат, туку заради општеството и тоа што некој ќе им соли памет дека не требало така и слично. Треба да веруваат многу во своите ставови и ништо да неможе да им го смени мислењето. А тоа е многу тешко кога сите околу тебе почнуваат да ти го зборат спротивното, после некое време се прашуваш дали си во право.
 
SteamyLover

beautiful tango
Член од
24 октомври 2012
Мислења
202
Поени од реакции
554
Ако и двајцата се со разум и убаво им е, може да се остане верен без разлика на се'.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Тие девојки се изумрени врсти..А порано имало и машки такви, со една жена цел живот....Сега тоа е научна фантастика за машки, а и за девојки вистинска реткост да остане до крај со првиот нејзин дечко. Јас не познавам ниедна...
Не ми се допаѓа ни многу партнери но и еден за цел живот мислам дека е премалку, но ако е вистинскиот зашто да не.
Овде имаш страшна контрадикторност и неодлучност. Позз
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Јас мислам дека тие девојки што од прва го нашле човекот со кој ќе може да го поминат животот, во денешно време, што не изневеруваат и се задоволни со тој нивен избор, се навистина среќни.

Но, работите не одат по план скоро никогаш, партнерот се менува, ти се менуваш, врската не оди и пукнува тоа. Треба да имаш многу малце самопочит за да продолжиш со некој, само затоа што тој бил првиот, а реално, не го сакаш и не е за тебе.

Така што, кому како му одговара, така може да прави.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Овде имаш страшна контрадикторност и неодлучност. Позз
Па не сум се искажала до крај како што треба изгледа.... Значи ако е вистионскиот, и е прв и последен дечко за цел живот и е среќна тоа е убаво...Но ако се омажи со него но го промаши цел живот, значи не е вистионскиот онда реков дека не треба да се залетува со првиот кој ќе и наиде да треба да заврши за цел живот.Тоа..
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Јас мислам дека тие девојки што од прва го нашле човекот со кој ќе може да го поминат животот, во денешно време, што не изневеруваат и се задоволни со тој нивен избор, се навистина среќни.

Но, работите не одат по план скоро никогаш, партнерот се менува, ти се менуваш, врската не оди и пукнува тоа. Треба да имаш многу малце самопочит за да продолжиш со некој, само затоа што тој бил првиот, а реално, не го сакаш и не е за тебе.

Така што, кому како му одговара, така може да прави.
Во право си, не викам не, ама мислам дека во денешно време, сите пре би се откажале од врската ако нешто не иде како што треба, него да поработат малку на случајот и да си ја средат врската. Љубовта изумира и затоа што двајцата се опуштаат и мислат дека се сакаат, се им е супер па што има сега да се трудат да го изненадат партнерот или да го натераат повторно да ги почувствува тие пеперутки и сл. Порано не си зимале се' здраво за готово па и пореално било врската да трае цел живот. Никој не вика да останат заедно ако не се сакаат, ама љубовта не умира така брзо ако и двајцата се спремни да се борат. :)
 
Мислиш дека само љубовта ја држи една врска? Дека ако таа постои, се е розево? Сметаш дека пеперутките се уствари љубов?
Штом сте се смениле ко личности, веќе можно е да не гледате исто на работите ко порано, веќе сте други личности со малце поразлични цели во животот и тоа е тоа. Исто можда љубовта ја има, џабе е. Не можам јас на 20 години да се нервирам и да се борам за некаква врска што гледам дека не оди и не ме исполнува, па колку и да се трудам.
Да се борам, ако и тој другиот сака да се бори, во ред. Али кога гледам дека и од другата страна е сеедно, па кој курац.

Почит, разбирање (големо!), компромис, грижење еден за друг, без закачувања за секакви глупости, одат рака под рака со љубовта. И во право си, љубовта не може секогаш да ја чувствуваме во исто ниво ко на почетокот, али другиве работи ако ги има, тие ја одржуваат една врска.

Споредбата пак со порано, ми е исто ко баба ми кога ќе каже дека на мои години имала веќе 2 деца.
Да, таа имала, јас на мои години, се трудам да станам човек, а на брак и деца не ми ни текнува моментално. Заеби што правеле порано, денес е сосема друг начин на живот.
И верувај, за некои работи (луѓе), дефинитивно треба да ги оставиш скршени. Можат да ти одземат многу време во исправање, а после некое време да увидиш дека не вредело.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom