Во право си, не викам не, ама мислам дека во денешно време, сите пре би се откажале од врската ако нешто не иде како што треба, него да поработат малку на случајот и да си ја средат врската. Љубовта изумира и затоа што двајцата се опуштаат и мислат дека се сакаат, се им е супер па што има сега да се трудат да го изненадат партнерот или да го натераат повторно да ги почувствува тие пеперутки и сл. Порано не си зимале се' здраво за готово па и пореално било врската да трае цел живот. Никој не вика да останат заедно ако не се сакаат, ама љубовта не умира така брзо ако и двајцата се спремни да се борат.
Мислиш дека само љубовта ја држи една врска? Дека ако таа постои, се е розево? Сметаш дека пеперутките се уствари љубов?
Штом сте се смениле ко личности, веќе можно е да не гледате исто на работите ко порано, веќе сте други личности со малце поразлични цели во животот и тоа е тоа. Исто можда љубовта ја има, џабе е. Не можам јас на 20 години да се нервирам и да се борам за некаква врска што гледам дека не оди и не ме исполнува, па колку и да се трудам.
Да се борам, ако и тој другиот сака да се бори, во ред. Али кога гледам дека и од другата страна е сеедно, па кој курац.
Почит, разбирање (големо!), компромис, грижење еден за друг, без закачувања за секакви глупости, одат рака под рака со љубовта. И во право си, љубовта не може секогаш да ја чувствуваме во исто ниво ко на почетокот, али другиве работи ако ги има, тие ја одржуваат една врска.
Споредбата пак со порано, ми е исто ко баба ми кога ќе каже дека на мои години имала веќе 2 деца.
Да, таа имала, јас на мои години, се трудам да станам човек, а на брак и деца не ми ни текнува моментално. Заеби што правеле порано, денес е сосема друг начин на живот.
И верувај, за некои работи (луѓе), дефинитивно треба да ги оставиш скршени. Можат да ти одземат многу време во исправање, а после некое време да увидиш дека не вредело.