Во последно време бришам многу постови. Не знам на што се должи ова. Не зборувам за темава, туку општо за целиот филм и тв, насекаде бришам оф топици и притоа гледам на никој да не му доделам опомена, но нека стои ова во главнава тема - јас никогаш не се поставувам како модератор и некој фактор над останатите, тие што ме пратат на форум подолго време знаат дека се однесувам како најобичен член, никогаш не сум бил во директен конфликт со некого ради казнени поени. Последните сум ги дал којзнае кога. Очигледно грешам и треба да почнам со делење поени и банови. Затоа што некои нешта не функционираат како што треба. Порано како да бевме посериозни, немаше едно-смајли-пост или чда оф топици.
Старите членови изгледа се презаситија и одбраа модерен начин на изразување - исмејување или шаблонска твитер шега. Ова се однесува до сите. Не сакам форумов да се претвори во играчница. Не е една тема во прашање. Секаде читав, препрочитував, бришев, добришував и не оди веќе. Дали темата е во телевизии, во серии или во филм, иако не ми прилега, отсега па натаму нема да се "оправдувам" зошто бришам постови. Ако на некого му фалат лајкови и мислења, нека ми се пожали слободно ако мисли дека е во право. Чим константно се оди оф топик значи моите опомени и мојата функција не се почитуваат и тоа е тоа. Јас само се лутам на себе си што не бев построг.
Провери ги исто така и овие наслови, не се слично на престиж ама брзи филмчиња се и има одлични пресврти во нив.
http://www.imdb.com/title/tt0289992/?ref_=nv_sr_1
http://www.imdb.com/title/tt0310910/?ref_=nv_sr_1
http://www.imdb.com/title/tt0313542/?ref_=nv_sr_1
http://www.imdb.com/title/tt0137363/?ref_=nv_sr_1
http://www.imdb.com/title/tt0119174/?ref_=nv_sr_2