Нерешено со европскиот првак со горко кисел вкус.
Лош почеток на натпреварот и нашите голмани кои не успеаа ништо да фатат се додека не стапи Диви на сцена. Ако не се лажам Хамбург беше во водство скоро целиот натпревар иако во неколку прилики изедначивме и имавме прилика и за водство али не ги искористивме. Карачиќ и Душебаев одлично ја работеа нивната одбрана и со крајни напори се трудеа да го надоместат нашиот недостаток на солиден бек шутер кој се приметуваше низ целиот натпревар.
Дибиров оставаше на моменти премногу простор и му дозволи на Шредер непрекинато да не полни... Ја броев до седум гола али мислам даде повеќе. Диви на моменти успеа да ја откаже нивната бековска линија која успешно не бомбардираше. Исто така неколку пати успешно не изработија од пикерска позиција.
Судењето.... за судењето ќе кажам дека во најмала рака беше СРАМОТА за тоа како се штити европскиот шампион. Толерирање на дооолги напади кои во некои ситуации траеја дури и до две минути и си помислив дека ќе трае и подолго додека не шутне и даде гол Хамбург. Од моето долгогодишно пратење на Вардар можам да кажам дека ова беше едно од поужасните судења во полза на противникот.
Се можеше и подобро каде на душа на Прибак отидоа неколку грешни пасови кои резултираа со нивни контри, иако морам да признаам дека Вардарци се трудеа со цела сила да му се спротистават на Хамбург.
Можеме да збориме што би било кад би било али што е тука е, идеме да ги мачиме и во Хамбург.
Во однос на случувањето со Комити.
Ја го разбирам нивниот потег само единствено тајмингот беше лош за ова. Овој закон по мене преставува круна на долгогодишните напори на владата да се стават под целосна контрола сите навивачки групи во секоја смисла.
Јас лично и од мои идеолошки и филозофски размислувања не подржувам идентификување без валидна причина а посебно не туку така некој партиски потрчко во униформа да ми бара лична карта и да ми запишува податоци. Кој е он да ме идентификува зашто јас одам во сала да гледам ракомет.
Ова го има во Англија и други западни земји ДА али Англија е нормална права држава која функционира и каде што се знае за што служат собраните податоци таму. Тука на сите ни е јасно каде ќе завршат овие собрани податоци (hint: по партиските штабови за евиденција) и за што ќе служат и на кому ќе му служат. Нема што некој од оваа корупирана и полу пропадната држава туку така да ме индентификува за којзнае какви цели само зашто ја одам на ракомет да го бодрам мојот клуб.
Да ги оставиме на страна тие случувања, се остварија предвидувањата на повеќето (не и на
@Коњаникот Сабја 
) дека Вардар нема да падне во Борис макар и од европскиот шампион! Одличната прва сезона продолжува и знам дека ова е само земање залет за тоа што ни следи во наредните години
Еден е Вардар!