Значи ти си бараш повраток на данок на парите од Германија колку и да се, а потоа тука плаќаш 10% на целокупно заработените пари (пример за 2 месеци јас имам 3000 евра) и ќе платам данок на Македонија 300 евра, не знам колку ќе ми вратат од Германија ама таа разлика би била мала, не вредна за малтретирање и затоа ќе го оставам на германците.
Не сте должни да поднесете Годишна даночна пријава, доколку во текот на годината имате остварено само приход од: плата; пензија; земјоделска дејност или самостојна дејност.
Зошто да им плаќаш 10% персонален данок кога на тие заработени пари веќе е одбиен и платен персонален данок во Германија, платени се и сите придонеси како пензиско и здравствено осигурување, дури плаќавме и некој данок на црква.
Со години одат студенти на работа во Германија/Уса и никој никогаш не е плаќал ваков данок на заработените пари во туѓа држава.
Единствен приход што ќе ти стигне на македонска трансакциска сметка е повратокот на данок од државата каде што си работел(а). Е сега, за да не ти ги одданочат овие пари, ја вадиш таа потврда за резидент и тоа е тоа.
Не сфаќам зошто би се плаќал данок на данокот кој ти го враќаат?
И дали оваа потврда(или некоја друга потврда) ти ја бараа во Германија при поврат на данок или во Македонија само?
Не се плаќа, затоа и реков “дури и да се плаќа“. Оваа потврда (
http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0596/B-PDR.pdf) што се вади служи за да се избегне двојното одданочување (со земји со кои Македонија има склучено ваков договор).
Инаку, овој документ го бараат само во Македонија. Од документи што испратив во финансиската служба во Германија беше само еден завршен платежен лист на којшто ја има напишано мојата заработка за периодот кога престојував таму како и моја трансакциска сметка со ибан/свифт.
Eве летово ќе одам јас у Немачка. Значи пред да идам ваква потврда да искарам и на германскиот данок што ќе ми го вратат ми одземаат УЈП 10%?
Не, ваква потврда се вади од кога ќе се вратиш од Германија и намената на истата веќе ја објаснив во овој пост.
Јас веќе ги испратив документите и добив одговор дека најкасно до крајот на април парите ќе ми бидат испратени во Македонија. Кога ќе пристингат, ако има некакви реакции или дополнителни плаќања од УЈП ќе ве информирам овде
