Данок за студентите кои ќе работат во странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата khz777
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Локација
Argentina, Buenos Aires
Дали постои ваков закон и ако постои од кога е започнат .Пред некој ден другар ми кажа дека секој студент кој ќе работел во странство е должен да поднесе даночна пријава за остварување приход во УЈП од државата во која бил. Има ли некој што одел да работи во странство и е запознаен со ова ? :)
 
Како што разбрав за од Германија ако си го бараш данокот германците да ти го вратат ќе мораш тука да платиш данок. Ако не бараш да ти го вратат од Германија не плаќаш тука.
 
Како што разбрав за од Германија ако си го бараш данокот германците да ти го вратат ќе мораш тука да платиш данок. Ако не бараш да ти го вратат од Германија не плаќаш тука.
И јас така разбрав за Германија , абе кај си студент се мачиш учиш, идеш и работиш се надеваш на нешто и тоа ќе ти го земе државата .
 
Е оти се такви гнаси ке и го остам на Германија даноко овде пари не му оставам, ко се идиоти такви, нема јас на чар да бидам ама нема ни оваја лакома власт........
 
Како што разбрав за од Германија ако си го бараш данокот германците да ти го вратат ќе мораш тука да платиш данок. Ако не бараш да ти го вратат од Германија не плаќаш тука.

Грешка си разбрал. Баш за вакви случаи се вади потврда за резидент за да се избегне двојното одданочување. За вадење на ваква потврда се поднесува барање до УЈП (кое го има на интернет), ТМ од 50 денари, копија од лична карта како и изјава дека се согласуваш да ги користат твоите податоци (од личната карта).
А дури и да се плаќа данок на данокот, на тоа би платил 10% што и не е некоја којзнае колкава сума ако се земе во предвид дека данокот што се враќа од Германија изнесува 200-300 евра.
 
деца ај не лупајте зелени, неможе да ве оданочи држава за пари што не се во промет во истата таа држава. Може некој ако си ги повлекува парите од било каде во Мкд преку сметка да треба да плати придонеси, ама тоа си е редовно нешто што е секаде во светот пракса, без разлика дали си студент или копитар. Две работи мора да се направат, да се умре ида се плати данок, се друго ти е факултативно
 
Грешка си разбрал. Баш за вакви случаи се вади потврда за резидент за да се избегне двојното одданочување. За вадење на ваква потврда се поднесува барање до УЈП (кое го има на интернет), ТМ од 50 денари, копија од лична карта како и изјава дека се согласуваш да ги користат твоите податоци (од личната карта).
А дури и да се плаќа данок на данокот, на тоа би платил 10% што и не е некоја којзнае колкава сума ако се земе во предвид дека данокот што се враќа од Германија изнесува 200-300 евра.

Не сфаќам зошто би се плаќал данок на данокот кој ти го враќаат?
И дали оваа потврда(или некоја друга потврда) ти ја бараа во Германија при поврат на данок или во Македонија само?
 
Значи ти си бараш повраток на данок на парите од Германија колку и да се, а потоа тука плаќаш 10% на целокупно заработените пари (пример за 2 месеци јас имам 3000 евра) и ќе платам данок на Македонија 300 евра, не знам колку ќе ми вратат од Германија ама таа разлика би била мала, не вредна за малтретирање и затоа ќе го оставам на германците.
 
Секој треба да си процени дали е вредна разликата која би ја заработил од поврат на данок од Германија и плаќање данок тука. За поголеми суми мислам дека е вредно да се преземе овој чекор.
 
Фала богу, еден данок, некаков барем, да се воведе.
Државава осиромаши, граѓаните се богатат.
Редно е нешто и ние да вратиме во општеството кое се грижи за нас, што не школувало, израснало и не лечи.

(звучи како да е вистина)
 
Грешка си разбрал. Баш за вакви случаи се вади потврда за резидент за да се избегне двојното одданочување. За вадење на ваква потврда се поднесува барање до УЈП (кое го има на интернет), ТМ од 50 денари, копија од лична карта како и изјава дека се согласуваш да ги користат твоите податоци (од личната карта).
А дури и да се плаќа данок на данокот, на тоа би платил 10% што и не е некоја којзнае колкава сума ако се земе во предвид дека данокот што се враќа од Германија изнесува 200-300 евра.
Eве летово ќе одам јас у Немачка. Значи пред да идам ваква потврда да искарам и на германскиот данок што ќе ми го вратат ми одземаат УЈП 10%?
 
Значи ти си бараш повраток на данок на парите од Германија колку и да се, а потоа тука плаќаш 10% на целокупно заработените пари (пример за 2 месеци јас имам 3000 евра) и ќе платам данок на Македонија 300 евра, не знам колку ќе ми вратат од Германија ама таа разлика би била мала, не вредна за малтретирање и затоа ќе го оставам на германците.

Не сте должни да поднесете Годишна даночна пријава, доколку во текот на годината имате остварено само приход од: плата; пензија; земјоделска дејност или самостојна дејност.

Зошто да им плаќаш 10% персонален данок кога на тие заработени пари веќе е одбиен и платен персонален данок во Германија, платени се и сите придонеси како пензиско и здравствено осигурување, дури плаќавме и некој данок на црква.
Со години одат студенти на работа во Германија/Уса и никој никогаш не е плаќал ваков данок на заработените пари во туѓа држава.
Единствен приход што ќе ти стигне на македонска трансакциска сметка е повратокот на данок од државата каде што си работел(а). Е сега, за да не ти ги одданочат овие пари, ја вадиш таа потврда за резидент и тоа е тоа.

Не сфаќам зошто би се плаќал данок на данокот кој ти го враќаат?
И дали оваа потврда(или некоја друга потврда) ти ја бараа во Германија при поврат на данок или во Македонија само?
Не се плаќа, затоа и реков “дури и да се плаќа“. Оваа потврда (http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0596/B-PDR.pdf) што се вади служи за да се избегне двојното одданочување (со земји со кои Македонија има склучено ваков договор).
Инаку, овој документ го бараат само во Македонија. Од документи што испратив во финансиската служба во Германија беше само еден завршен платежен лист на којшто ја има напишано мојата заработка за периодот кога престојував таму како и моја трансакциска сметка со ибан/свифт.

Eве летово ќе одам јас у Немачка. Значи пред да идам ваква потврда да искарам и на германскиот данок што ќе ми го вратат ми одземаат УЈП 10%?

Не, ваква потврда се вади од кога ќе се вратиш од Германија и намената на истата веќе ја објаснив во овој пост.
Јас веќе ги испратив документите и добив одговор дека најкасно до крајот на април парите ќе ми бидат испратени во Македонија. Кога ќе пристингат, ако има некакви реакции или дополнителни плаќања од УЈП ќе ве информирам овде :)
 
Ал Капон првиот пат кога го уапсиле извадил пемпеле дека на сите негови пари му е платен данок и го пуштија... а подоцна е уапсен ама за друго, извадил пиштол на улица ( намерно, за да го сместат во затвор, да избега од одмаздата на другата банда ... но го ликвидираа и во затвор :D)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom