Музичко име на тапет : Coldplay

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Рамштајн се ок :D

Во средно ги слушав едно време поактивно, мелодични ми се, знаат да изразат емоција. Доста бучен бенд со препознатлив стил и дисторзија која нема шанси да ја утниш ако некогаш си ги слушнал. Станаа препознатливи, изградија некој стил и си го цепат. Не ми се омилен метал бенд, но ете ми оставиле некои детски спомени од средно кога ги слушав и лудував низ дома.

Во Апореа кога пуштав музика често пати ги трештев пошто народот ги сакаше и се правеше некоја атмосфера.

Не го разбирам тоа јазикот нацистички, па никогаш не сум ни пуштил песна. Сакате бришете ме како некомпетентен да пишувам на темава, исто ми е.
 
Рамштајн никад не ми се свиѓале. Кога седам у кафиќ си правам муабет и наеднаш пуштат нешто од рамштајн се извинувам на присутните и чекам да заврши безвезната галама такозвана рамштајн. Кога на некоја приватна забава или седенка некој ке пушти рамштајн, му удирам пик и после гледам да го заебавам што е можно повише пред сите за да му биде глупо и да си иде прв, да не го гледам, макар другар да ми е. И кога бев млад, Ду хаст, кога беше хит, го мразев.
Сигурна сум дека барем ако го гледаш Pussy спотот ќе ти се смени мислењето :D
 
Сакаш да слушаш галама, пушташ Рамштајн и слушаш галама. А па тоа некој погоре шо спомна теориите демек двосмислени текстови, па што ти знам што... ако седнам да слушам музика за да разглабам светски политики и да барам значење на секој стих тогаш отишол возот.
 
јас бев тој со теориите :P
но теориите доаѓаат ОТКАКО се заразив со нив. музиката е јака, прејака. не е за секого. или за одбрана раја;)
појма немам од германски, особено во ОНА време кога нетот беше во зародиш. едноставно како шлаг на тортата, така и дознавањето за играта на зборови е шлагот. но тортата е рамштајн. :D
како само добро лежат на уво кога се вози со кола/мотор. ногата сама стиска на гасот. ко speed на billy idol :rolleyes: кога имав 18 год
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Во ред си е тоа де, тебе ти се интересни зашто имаат двосмислени текстови и си играат со зборови. Јас на пример многу повеќе внимание посветувам на музиката, текстовите ми се у заден план. Јас не можам и не планирам да пробам, додека слушам музика да почнам секој стих да го тумачам и да разлагам светски политики или да размислувам што сакал да каже авторот. Тоа за мене не е слушање музика.
 
истото и јас го кажав, дека музиката ми е пред се'(y)
 
Јас би предложил следен да биде Iggy Pop (ако дозволувате рандом предлози).
 
Ново музичко име на тапет: Iggy Pop

Iggy Pop родено име: Џејмс Newell Österberg роден на 21 Април 1947. Иги Поп е американски пејач-текстописец, музичар, продуцент и актер. музиката на Иги Поп ги има опфатено поголем број на музички стилови во текот на годините, вклучувајќи поп, хард рок, панк-рок, пост- панк, глам рок, џез и блуз.

Повеќе за него можете да прочитате тука.

A-11073-1354006073-3775.jpeg
 
Мене ми се допаѓа оној микс кој што го направил, нешто што не е ај да кажам не-толку-панк и рок&рол. Додека е со Д Стуџис ми е многу подобар одколку соло албумите. На многумина од постариве што биле тинејџери у тоа време (барем со тие што сум правел јас муабет околу музика) Иги им бил одвратна појава и сеуште не можат да го прифатат неговото пеење. Повеќето го опишуваат како крекање и лигавење во исто време. А мене па ептен ми е добар, ем зашто ми се свиѓа бојата на гласот, музиката, дикцијата... шо знам, некако ми делува ко спонтано да настанала секоја негова песна, онака чисто од мерак.
Тој што им е од 2003та чинам со Д Стуџис, ми е омилениот албум од нив. Малку посовремен звук со старата идеја, мене ми звучи прекрасно. Омилена песна, не знам точно, веројатно My idea of fun или I wanna be your dog.
 
Песнава на пример грми корни. Закон човече е со придонес во тие години и освежување на поинаков начин на музичката сцена. И јас како членот погоре, повеќе го сакам со Стуџис, отколку соло. Но секако не можеме да му ја одземеме и соло кариерата која исфрли на видело некои класици кои се слушаат до ден денешен. Конкретно во песнава шо ја постирам ми се допаѓа онаа спојка на панкерското, Дорсиското и нешто слично од тие стари, минати времиња. Се слушаше често пати во Апореа....но тоа беа едни стари поинакви времиња во кои уште шундов немаше пуштено коренче и кога народот излегуваше да се изнаигра и изнапие кроз играње на добра музика.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom