Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Треба паметно да се раководиш,а ти уште од првата реченица идеш во погрешен правец.
Среди си ја исхраната,додај зеленчук,овошје и протеини.
Храни богати со макро и микронутриенти.
Намали на кардиото.
Прави секој 2 ден.
Тргни во теретана вежбај цело тело.
Јади доволно.
После размислувај за се друго.

Sent from my ME173X using Tapatalk

Зошто да намали на кардио? Не е ли битно и тоа?
 
Не можеш да идеш против генетика и нема вежби за потикнување раст.
Но ако вежбаш со тежини ќе ја зголемиш густината на коските и во теорија може да пораснеш ако го практикуваш тоа.
Плус вежбањето тежини ослободува хормон за раст.
Ова е хипотеза,не ме разбирај погрешно,но јас од 165 на 16 години сега сум 182 и вежбав со тежини.
А во ред ли е да одам на 14-15 години во теретана ? што би ми препорачал ? да не е многу рано или можам да одам ?
 
Во ред е нормално е.
Зошто да намали на кардио? Не е ли битно и тоа?
Затоа што не е целта зголемување на капацитет на кислород и не си маратонец.
Целта е да ослабне,а примарното слабеење доаѓа преку исхраната.
 
Во ред е нормално е.

Затоа што не е целта зголемување на капацитет на кислород и не си маратонец.
Целта е да ослабне,а примарното слабеење доаѓа преку исхраната.

Па јас со кардио ослабев. (y)
 
Па јас со кардио ослабев. (y)
Што си ослабнел?
Телото не е создадено само од масти,имаш мускули,вода,гликоген,коски.
Просто е вежбај 2-3 пати неделно strenght
И секој 2 ден по 30-45 мин кардио.
Не реков дека не треба кардио али не треба да е доминатно.
 
Прво мора да дефинираш што сакаш да постигнеш значи која ти е крајната цел - сакаш мускул, сакаш да ослабеш, да се затегнеш, да се одржуваш во форма - мора прво да кажеш која е целтта за да добиеш соодветен одговор што ти треба од „гориво“. Сабајле кардио навечер теретана е преоптоварување за рекреативец освен ако нема некои поголеми амбиции. И да повторам неможам да ти одговорам што јас би внесувал бидејќи ако терам сабајле кардио навечер теретана за мене би било непотребно ама со тој интензитет би се трудел да задржам маса што повеќе за да дефинирам после мускул, би одел на соодветен внес јаглехидрати-протеини-масти - , многу вода - пред теретана кофеин + некој друг енергенс, после теретана магнезиум, цинк, витамини Б6, д, Омега 3, најверојатно Андол нешто такво...се ти е хипотетички ако не е позната целтта - кажи цел.

И да повторам да не ме нападнат овде - јас не сум ни под разно личен тренер или експерт или слично - пишувам од искуство лично и што сум читал.
Првична цел ми е да намалам масти...а сега што сакам да тргнам во теретана е да изградам и некое прикладно тело.
Значи главното прашање не ми е како да го направам тоа тело туку што да купам од аптека за да не го осеќам тој замор во текот на целиот ден.Овие одговори што ми ги дадовте ке ми вршат работа во иднина кога ке тргнам во теретана но сега во моментов не ми помагаат ништо.Значи пишете ми конкретно кој производ да го купам за да ги немам проблемите после тренинг(било каков да е)
 
[DOUBLEPOST=1395330213][/DOUBLEPOST]

Нема таков производ!
 
Стеф фала ти што се обидуваш да ми помогнеш ама од тебе не слушнав ништо друго освен да ја средам исхраната.
Јас да знаев се што треба да направам немаше да барам помош тука од вас.И следниот после мене што ке побара помош ке му пишеш исто,среди ја исхраната...Јас ти пишав дека се трудам колку можам,можеби не вагам се што јадам али се трудам да биде здраво свежо и протеинско.Сепак работа,обврски не дозволуваат да правиме се баш како ние што сакаме.Затоа побарав нешто што може барем заморот да ми го отргне-колку толку.Магнезиум,кофеинми пиша другиот член.Но колку магнезиум,каков магнезиум да купам,значи незнам никогаш не сум купувал таква ствар нити сум користел.А ако треба од стручно лице-лекар да побарам помош пишете ми,а не да ми викаш дека треба исхрана да средам.
 
Купи циган нека трча за тебе така нема да си изморен.
Абе бате нормално дека ќе бидеш изморен со две кардиа на ден.Ако се слабеело така лесно сите ке бевме шланг.Ако сакаш да ослабиш запоти го газот и не барај магично апче или пак откажи се!
 
Ок професионалци се извинувам што поставив прашање.Колку за информација до сега имам симнато 27 кг и ми требаат уште некои си 5 кг да бидам со идеална тежина.Можеби не изгледам како сите вие што вежбате со месеци и години во теретана но за мене е сосема доволно.
Многу си дрзок офсет,се понашаш како да си шампион.Уствари и шампионите се понашаат подобро од тебе поради тоа што они не забораваат дека и на нив некој им помогнал и на нив некој им дал насока и повеќето знаат да помогнат.
 
Најверојатно си во состојба на замор. Веќе ти пишаа дека треба исхраната да ти биде средена, а под средена мислам да знаеш колку трошиш а колку внесуваш, и да не дозволуваш да го доведуваш телото во состојба на екстремно гладување.

Една од опциите која не изостанува е алергијата на одреден вид храна, односно глутен или лактоза. Тоа најубаво и единствено можеш да го провериш со консултација со матичниот лекар.

Додаток конкретно кој ќе ти помогне да ја зголемиш енергијата постои, но доколку исхраната како најбитен и основен фактор не е како што треба - тој нема да ти заврши многу работа.

Мој совет е да го зголемиш внесот на калории неколку дена и да видиш дали ќе има промени.
Вметни повеќе овошје, житарки и се разбира не ги изоставувај протеините и мастите (јајца, млеко, риба, пилешко...)
 
Здраво дали има ефект ако се пие гејнер а не се вежба ? Прашањето е дали ке допринесе тоа во зголемувањето на телесната тежина со конзумирање на добра исхрана или мора да се вежба ? поздрав
 
Здраво дали има ефект ако се пие гејнер а не се вежба ? Прашањето е дали ке допринесе тоа во зголемувањето на телесната тежина со конзумирање на добра исхрана или мора да се вежба ? поздрав

Ако под ефект мислиш на зголемување на телесната тежина, тогаш да.
Се разбира повторно, иако на некои им станува досадно да го читаат по 100ти пат - исхраната е најбитна.

Или во превод, ако внесуваш повеќе одошто трошиш - ќе се складира како вишок енергија, а тоа директно ќе предизвика зголемување на телесната тежина.
 
Стеф у реду е.Го добив од модераторот Маерс вистинскиот одговор што го барав.Ако незнаеш не значи дека треба да кажеш нема такво нешто...или пак среди исхрана.
Ке си го купам производот што ми го предложи Маерс и ке пишам какви биле резултатите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom