Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Препорачајте ми некој добар креатин (прав да е, не капсули).
Од PBC имаат еден во кесица, 1кг е 1100, тој најевтин ти е и највеќе ти се исплати.
Иначе креатин си е креатин, ако е микронизиран - сите се исти.
 
Од PBC имаат еден во кесица, 1кг е 1100, тој најевтин ти е и највеќе ти се исплати.
Иначе креатин си е креатин, ако е микронизиран - сите се исти.

Кај нас во кутија е 1.350 за 1 кг. Инаку има пакувања од 300 и 500 гр.
 
Еве вака јас правам два тренинга дневно еден од сабајле трчање друг навечер во теретана тегови дали е добро ова или во посебни денови тренинзи во теретана и трчање да праам ??
 
Некој искуство со Dymatize CLA и ефекти

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 
сакам да прашам за минерали и витамини сум во план да купувам,мислење ваше ми треба кој што има искуство со нив,дали има резултати или некое несакано дејство...фала однапред
 
сакам да прашам за минерали и витамини сум во план да купувам,мислење ваше ми треба кој што има искуство со нив,дали има резултати или некое несакано дејство...фала однапред

Витамините и минералите служат за правилно функционирање на организмот. Нема несакани дејства (освен ако не се предозираш со одредена група на витамини)
 
Здраво дечки.

Ми треба помош.
Сакам да земам некој додаток на исхрана.Не само што сакам туку и осеќам потреба.Ми треба повеќе енергија во текот на денот,значи не за време на тренинг туку во текот на денот се осеќам како убиен:)

До што може да е проблемот,до исхраната или ми фали нешто ко магнезиум или некој витамин???

3-4 пати во неделата правам утринско кардио со велосипед 15 км и попладне уште 15 км.
Планирам да почнам и во теретана но со тоа што осеќам замор со самото кардиот страв ми е да не бидам уште толку утепан.
Ваљда ја погодив темата и местото а и прашањето:)
 
Треба паметно да се раководиш,а ти уште од првата реченица идеш во погрешен правец.
Среди си ја исхраната,додај зеленчук,овошје и протеини.
Храни богати со макро и микронутриенти.
Намали на кардиото.
Прави секој 2 ден.
Тргни во теретана вежбај цело тело.
Јади доволно.
После размислувај за се друго.

Sent from my ME173X using Tapatalk
 
Имам 14 години сега уште малку 15, висок околу 168-170 и околи 60-65kg пред некој ден почнав во теретана, што мислете дали е во ред и дали може да ми влијае на растот? и дали има некој вежби со кој можам да го потикнам растот односно да се извишам повеке ? сакам да сум повисок се извинувам ако прашањето е на погрешно место.
 
Последно уредено:
Не можеш да идеш против генетика и нема вежби за потикнување раст.
Но ако вежбаш со тежини ќе ја зголемиш густината на коските и во теорија може да пораснеш ако го практикуваш тоа.
Плус вежбањето тежини ослободува хормон за раст.
Ова е хипотеза,не ме разбирај погрешно,но јас од 165 на 16 години сега сум 182 и вежбав со тежини.
 
Се трудам исхраната да ми биде средена.Јадам што можам повеќе зеленчук,овошје и месо јајца риба...
Но проблемот е тука,сега засега нерешлив...ако има некој поконкретен одговор би ве замолил да ми пишете.
 
Не сум експерт како „Стеф“ ама од искуство и од други искуства. Мислам дека 30км точак на ден особено ако одиш со висок интензитет ти се многу штом се чуствуваш лошо преку ден. Најверојатно ја трошиш складираната енергија во телото а истата не ја обновуваш преку исхрана. За додаток или суплемент зависи што ти е целтта и колку години имаш. Доколку продолжуваш со кардио исклучиво тогаш треба да зголемиш внес на „добри“ јаглехидрати и да видиш со исхрана да регулираш, можеш слободно да почнеш и магнезиум 500мг на ден, Витамин Д, и Омега 3 во каква и да си вежбачка моментална состојба овие само ќе ти помогнат. Доколку пак имаш друга цел освен кардио и почнеш и теретана и сакаш мускул тоа ти е сосема друга приказна од суплементи ти треба Протеин или Гејнер да намалиш кардио односно само за загревање и преминеш на тежини, од исхрана намалиш јаглехидрати зголемиш протеин и така натаму.
За енергија преку ден (ок не баш енергија туку фокусиранос) можеш да си земеш таблети кофеин исто така.

И уште ова викаш јадеш зеленчук, овошје, месо јајца риба - ова е супер за теретана и тежини и создавање дефиниција, за точак и кардио јок ти фалат јаглехидрати и заради тоа најверојатно ти е лошо.
 
Значи порано имам посетувано теретани ама ништо серизоно.А иначе сакам пак да почнам и ако почнам како што викате треба да намалам со кардиото.
Што би ми предложил ако продолжам да го правам тоа утринско кардио и да почнам да одам во теретана...зар не би можел тоа да го надоместам со храна и додаток на исхрана?
Еве ти да си на мое место имаш такво кардио секој ден и посетуваш теретана што би конзумирал ти во текот на денот?
Значи ме интересира од страна на додатоците на исхрана поради тоа што тука сум слаб и немам знаење.
 
Земи една вагичка,најдобриот додаток во исхраната и почни да мериш калории и макронутриенти.
Во случај тогаш да осетиш потреба,земи тоа што пиша членот.
Суплементите не се брз начин за добивање резултати,исхраната е.

Sent from my ME173X using Tapatalk
 
Значи порано имам посетувано теретани ама ништо серизоно.А иначе сакам пак да почнам и ако почнам како што викате треба да намалам со кардиото.
Што би ми предложил ако продолжам да го правам тоа утринско кардио и да почнам да одам во теретана...зар не би можел тоа да го надоместам со храна и додаток на исхрана?
Еве ти да си на мое место имаш такво кардио секој ден и посетуваш теретана што би конзумирал ти во текот на денот?
Значи ме интересира од страна на додатоците на исхрана поради тоа што тука сум слаб и немам знаење.

Прво мора да дефинираш што сакаш да постигнеш значи која ти е крајната цел - сакаш мускул, сакаш да ослабеш, да се затегнеш, да се одржуваш во форма - мора прво да кажеш која е целтта за да добиеш соодветен одговор што ти треба од „гориво“. Сабајле кардио навечер теретана е преоптоварување за рекреативец освен ако нема некои поголеми амбиции. И да повторам неможам да ти одговорам што јас би внесувал бидејќи ако терам сабајле кардио навечер теретана за мене би било непотребно ама со тој интензитет би се трудел да задржам маса што повеќе за да дефинирам после мускул, би одел на соодветен внес јаглехидрати-протеини-масти - , многу вода - пред теретана кофеин + некој друг енергенс, после теретана магнезиум, цинк, витамини Б6, д, Омега 3, најверојатно Андол нешто такво...се ти е хипотетички ако не е позната целтта - кажи цел.

И да повторам да не ме нападнат овде - јас не сум ни под разно личен тренер или експерт или слично - пишувам од искуство лично и што сум читал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom