Ќе направам една паралела меѓу овогодинешниот Манчестер и оној Челси од пред 2 години. И тогаш Челси мака мачеше во лигата, променливо до даска, можда не заостануваа толку зад 4. место ама пак играа дост лошо. Е сега за ЛШ. Тогаш Челси во последно коло избори пласман во фазата по групи (против Валенсија), оваа година Манчестер немаше некои проблеми, а групите им беа релативно со слична тежина. 1/8-финале, Челси губи 3-1 од Наполи, Манчестер 2-0 од Олимпијакос. Не се исти противници, таман работа, но и двете екипи беа отпишувани, и тогаш и сега, дека немаат шанси за 1/4-финале. Кај Челси се случи промена на тренерската позиција, можеби и тоа беше мотив плус. Затоа мислам дека не треба пред време да се отпишуваат Јунајтед. Челси пред 2 години фрли се на една карта, освојување на ЛШ, натпреварите во 1/2 финале и финалето ги играа ко да им се последни утакмици у кариера, прашање на живот или смрт. Не гледам зошто Јунајтед не би фрлиле се на една карта, со сите сили во ЛШ, да пробаат да направат нешто. Не велам дека ќе го повторат успехот на Челси, но никогаш не смееме да отпишуваме тим ко Јунајтед, макар бил и Мојсо на клупата. Можеби ќе бидам демантиран уште после 1/4 финалето, но во фудбалот секогаш има едно „можеби“. Затоа всушност и го гледаме, зошто не секогаш најсилните победуваат, послабите можат да изненадат и слично. Е сега, рака на срце, оваа одбрана на Јунајтед не можам ни да ја споредам со онаа на Челси од пред 2 години. Тогаш, од вториот натпревар со Наполи се играше ко под конец во дефанзива.