Синоќа таква еуфорија ме имаше фатено што просто не знаев што да напишам. Што е најинтересно уште ме држи возбудата.
Олимпијакос, Олимпијакос, победа си е победа, враќање од 2-0 е голема работа и 1/4 финале си е 1/4 финале.
Не знам дали забележавте Валенсија пред да го добие ударот згреши 2-3 топки едно по друго, кога го удрија си викам фала богу ке го извадат ама како што почна после да игра борбено викам боље нека остане.

Измешани времиња, измешани емоции.
Пред утакмица ми беше сеедно дали ке пројдат или не оти научна фантастика ми беше Јунајтед да даде 3+ голови а да не прима ниту еден знаејќи ги во каква форма се и све што видовме сезонава од нив.
Задоволен од игра, задоволен од резултат, задоволен од целиот тим. Океј е све тоа али Евра човече дај уозбили се барем малце, не чекаат тешки утакмици и не е шала да не се игра во ЛШ. Бар во ЛШ изиграј како што ти доликува, заеби премиер и онака отидено е све. ТЕ МОЛАМ ЗНАЧИ!!
п.с. Да се јави будалата од форумов што пред некое време имаше пишано дека Де Геа бил просечен голман и ради него биле повеќе од поразите. Нека се јави сам, да не го барам назад низ страните оти после ке го хејтам поише од Рајан Гигс што го хејта Велбек.
п.п.с Челси, Атлетико или Дортмунд ги сакам во 1/4 финале. Не дека ПСЖ ме плашат ама нека бидат последен избор.
п.п.п.с. Господин Џонс! Ех бе Калински
п.п.п.п.с. Слободниот на РВП

п.п.п.п.п.с. Ова ми е рекорд на п.с. И јас како Мојс почнав да рушам рекорди.
