Немам никакво претчуство за денес.
Со вакви кваилтетни екипи не се секавам да било едно 1/4 финале на ЛШ. Ниедна нема за украс екипа, или се работи за големо име или за одлична екипа. Буквално се може да се случи кои и да ни се падне.
Посакуван противник: МанЈу. Иако треба да се внимава што се посакува, сепак ако се оди како што треба, би требало да сејебеме лошо ако се паднеме.
Од другите буквално сеедно ми е.
Атлетико - крајно незгодни, може да се случи ние да се подопуштиме малку и после да се чудиме.
ПСЖ - јаки се и компактни, мотивирани ќе се да се покажат и да влезат во 1/2 финале.
Дортмунд - неќум со овие, сакам да има шанса пак да има 2 германски екипи во 1/2 финале. Повредени-вака-така, со нас ќе си ископаат од под нокти да поминат...
Челзи - што да мислам за овие не знам. Пеп вс Мурињо ќе е во фокусот ако се паднеме. На хартија сме појаки и би требало да ги поминеме, ама Мурињо во секој момент е во состојба да извади од џеб некоја од тие деструктивните тактики да ти се сосере и после ќе кинеме нерви до 95та во реваншот...
Барса и Реал - just too early...