Значи идеме по горе доле азбучен ред:
Атлетико М.-Противник што мислам дека ќе ни се падне задутре.Такво чувство имам. Го изгубивме супер купот од Атлетико но тоа беше поинаков Атлетико. Атлетико што не беше во борба за титула во Ла Лига. Игра солиден фудбал но можеби би бил еден ако не е и најпосакуван противник. И те како незгодни но сепак би требало да ги елиминираме во евентуален двомеч
Баерн М.- Екипа што ја знаеме, но и екипа што не знае нас. Пеп-Мур до сега се имаат сретнато многу пати за двајцата тактички да се надмудруваат во евентуален двомеч. Не би се разочарал од ваков исход на ждребот ама би преферирал подоцна да ги сретнеме
Барселона- Слично како и погоре со таа разлика што Барса е во криза периодов. И покрај тоа би биле и те како незгоден противник. Сепак сметам дека би биле малку "полесен" противник од Баерн а ако не би ми сметале Баерн зошто би ми сметале Барса ?
Борусија Д.-До сега немаме играно против Борусија ама затоа пак Мурињо добро знае како е да се сретне Дортмунд во ЛШ.Сезонава се далеку од ланската форма. Би бил задоволен ако ги добиеме Борусија и покрај тоа што еден ваков меч би бил според мене по "зензнат" него ли кога би играле против Баерн. Сепак во еден ваков двомеч би очекувал победа
Манчестер Ј.- Нема многу што да се збори со Мурињо на клупата и Алкантара на теренот ќе биде заебано.
Не, стварно нема што да се збори многу. Во дуел со нив би биле фаворити, и би се очекувало победа. Ако Јунајтед успее да не елиминира во еден таков дуел можат лесно и да ја освојат титулата.
ПСЖ-Екипа што е фаворит од сенка. Го има квалитетот, но го нема тимското искуство. Немаме историја (хех) против ПСЖ, па би преферирал друг противник, ама ете ако судбината не спари против нив ќе имаме и те како добар тест.
Реал М.-Екипа со која што се немаме сретнат од... појма немам кога. Имаат комплетен тим со 2цата најдобри играчи во светот, како и фантастични голмани. Фаворит број 1 за мене во ЛШ сезонава. Се надевам дека нема да го освојат (нормално), и ептен ќе биде добро ако ги избегнеме и во 1/4 финале а и во 1/2 финале. Не ќе биде лошо да се сретнат Баерн-Реал во 1/2 финале или Реал-Барса. Само подалеку од кај нас (и сега малер баш со нив ќе се паднеме)
Ем то е.