Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Главна особина на македончето исто така е да праи планови за другите и да им кажува што е убаво и како треба да прават.еве ајде ти кажи зашо не одиш 6 месеци у странство сама,па после повлечи си и фамилијата ?
Како прво, Војсо на друга тема изјави дека планира да го проширува семејството со трето дете иако ги нема пожелните услови за тоа. Јас, за разлика од него планирам да имам онолку деца колку што ќе може да издржи мојот џеб, ако даде Господ.
Второ, не идам во странство од три причини. Значи правам муабет за моментално каква ми е ситуацијата, за три-четири години две од тие три причини ќе бидат надминати (во недостиг на подобар термин за надминати).
Имам мало бебе на кое сум му потребна. Да потпркне малку, друга ќе биде ситуацијата.
Ми треба уште три-четири години професионално искуство со кое во странство би го работела она кое го сакам и планирам.
И третата причина е тоа што сопругот има многу пари вложено во сопствен бизнис, треба да му дадеме време на истиот за да видиме како ќе биде.
Една од овие три причини е доволна да ме спречи да одам во странство - сега. Јас ги имам сите три. Реков - за три четири години бебето ќе пркне дај Боже, јас се надевам дека би имала професионално искуство, а за третата причина ќе видиме.
Да му се извинам на Војсо што вака субјективно му го решавам проблемот, од моја гледна точка, што го направив главна тема на темава и воедно да кажам дека ова е последен мој пост да го спомнувам на оваа тема и да му солам памет.