Врвулицата во канцеларијата што ја видовме кога пред неколку дена престојувавме во Софија потврди дека заострувањето на условите за добивање бугарски државјанства за граѓаните од други држави не ги намалило многу турканиците. Kон крајот на минатиот месец бугарските власти најавија ревизија на издадените бугарски државјанства заради сомнежите дека се правени манипулации, односно дека пасоши им се давани на луѓе што немаат никакви врски со бугарската нација. По ова, бугарската Агенција за Бугарите во странство ги информира граѓаните дека ако сакаат да побараат бугарско државјанство, мора да достават „официјални документи од кои се покажува бугарското потекло на нивните предци“. Тоа значи дека сите баратели треба да достават оригинални крштеници, умреници, венчаници... издадени од некоја од официјалните бугарски власти. Според сознанијата, такви оригинални документи поседуваат мал број македонски граѓани, што значи дека е прашање дали сите баратели што од 7 февруари поднесуваат барања за бугарско државјанство го исполнуваат новиот услов.
- Тој нема да се применува за барателите од Македонија. Лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Kрасимир Kаракачанов, разговарал за ова со претставниците на бугарската влада и усно му било кажано дека ваквиот услов нема да се поставува за македонски граѓани. Односно, дека нема да има никакви проблеми - ни објасни Јанакиевски и додаде дека целиот проблем настанал поради издавањето државјанства на околу 400 Албанци од Kосово.
http://dnevnik.mk/?ItemID=5DF67CCB54585748870E1943A82C7A54