Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Значи велбек никогаш нема да биде РВП, Левандовски, Кавани,......?

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
Засега не е во нивни кош. Иако има потенцијал уште да напредува, далеку е сепак од нивна класа на голгетери и тешко дека ќе го достигне тоа ниво...Камо да ме демантира и да испадни играчиште, јас ќе сум пресреќен. Верувам во него, има нешто, но го нема тој карактер и таа дрскост да израсне во нешто што ќе може цел тим како Јунајтед да се ослони на него.Сепак неговата улога во Јунајтед е позната и се знае дека ќе биде секогаш избор од сенка и доколку напредува уште повеќе ќе биде одличен за ротација и за против послаби тимови кога ќе треба да се одмараат клучните играчи. Нуди некоја разновидност и неговото форсирање од страна на САФ бочно некако го направи и подобро да се снаоѓа таму така да може да биде доста корисен. Уште Мојс да го стекни тој осет што го имаше САФ да го вади максимумот на ваквите играчи (пр. Парк) ќе биде уште подобра ситуацијата.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748

Види го бе, пак не признава дека за џабе беше/е тоа фалење. Ти, @goodlife_filipsis @Ilumious сте единствените што веруваат во него.
Јас колку и да се трудам да видам нешто во него, џабе, нема. Ја би да иде на годишен заем во пл и ако таму не напредува тогаш шут карта,има други деца на лагер.

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
И јас верувам во Велбек бе :)
Не, не дека еден ден ќе се повампири од од тој ден ќе постигнува по 40 голови во сезона. Но доколку правилно тактички и според неговите можности се постави неговата игра, во прв тим Велбек би постигнувал по 20 голови во сезона. Но знаеме кои ни се прв избор за нападот и знаеме дека сеуште немаме јасна тактичка филозофија :).
1000 имам кажано и пак ќе кажам, бришете си од глава дека Велбек ќе замине. Истото дури, можеби и за Клеверли да важи.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
абе и во ОШеј немаше нишо коа се гледаше вака од тв али кога дојде со Ирска се лигавеа кој побрзо да се слика со него. Што е битно дали гледаш или не, ако така правиме муабет што гледате во Томас Мулер и Кевин Гроскројц? И тоа види богати стартери се двајцава за финалисти во ЛШ.

Лани Велбек имал еден гол, не чинел. Годинава да видиме статистиката што кажува. Во Премиер Лига е трет Англичанец по постигнати голови, пред него се Руни и Стариџ со најмалце дупло поголема минутажа. Рики Ламберт по кого се лигајчари цела Англија има 9 гола од 29 настапи по 90 минути и изведува и слободни и пенали и се живо. Во цела ПЛ од него повеќе голови имаат постигнато 11 играчи од кои најмалку играниот стрелец има исто така двојно повеќе минутажа од Дени. Што ќе ти позајмица за Дени кога против еден Реал Мадрид во два меча докажа дека нема страв да игра и напад и средина? РвП се посра тогаш реално ако правиме муабет. Значи, уште од старт Гоше ко прво не ни разбра што сака да каже Филип, чисто сумњам и дека прочитал до крај, небитно тоа, но тука стварно се претерува со вентилирање на бесот од сезонава кон Дени кој реши добри 5-6 утакмици сезонава. Дежурен кривец, како што беа Ошеј, Браун, Флечер, Керик и ред други.

Заклучок еднаш и засекогаш - јас и другиве што ги спомнавте ниту го браниме Дени ниту го ставаме на некаков си пиедестал,ниту па го рамниме со РвП и Руни како што си имате умислено иако не знам од каде. Меѓутоа вие претерувате во неговото ругање кое не го заслужува во најмала рака и како да се правите сосила игнорантни. Еве и @Јунајтед не го сака Дени ама признава дека сезонава има огромен напредок кај него и дека си ги користи шансите.

Не го сакајте, fine by me, но нема да ви се сронат бисерите ако испуштите прилика да го искритикувате и испцуете. Вратете се на коментарите против ВБА и видете како смешно делува сето тоа.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тапетата е ушмргљана, како не им е срам, како прасиња по собиве хотелски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom