Фан клуб - РК Вардар

Јовчевси го одбележа мечот.
Влезе во 55 минута и само што влезе доби две минути за погрешна измена хахахахахаха
Прво влагање во сезоната и одма исклучување. Се врати во 57 минута и одма даде гол од крило и тоа при затворен агол, ја протна топката кај поблиската статива. Вториот гол го даде по фаул направен врз него за пенал, откако му ја препуштија топката на него да шутира.

Денес Малумбрес ги откажа. Чуда правеше во вториот дел кога ја направивме разликата :pos:
Нанижа сигурно над 10 одбрани за 15-тина минути. И во првиот дел Милиќ не беше лош. Мечот беше добро изигран од наша страна со неколку моменти кога Загреб брзо не полнеше и се враќаше по голема негатива од 4 гола...
Какви стапови шутери имаат човече, од кај го ископаа оној Шандрк, сто метра е висок човече...
Козлина е како дете спрема него, а кога беше во дуел со Душебаев и Брумен изгледаше како наставничка со забавачињата околу него...
Извадија неколку добри шутеви и он и Степанчиќ и тоа беше се од Загреб. Имаа неколку добри влеза на пикер ама се тоа беше неутрализирано во вториот дел.
Кај нас се што посакавме ни одеше. Карачиќ беше расположен за игра, имаше и неколку добри додавања на пикер, Душебаев даде неколку одлични голови, особено добра беше една бомба во вториот дел. Петриќ имаше добри влезови, кога ја менуваше топката во друга рака и лесно погодуваше. Марковиќ одличен на крило, имаше 2 утки но и во двата случаи имаше недосудени фаули врз него.
Дибиров беше на трибини и Марковиќ го играше цел меч.
Столе имаше една контра која ја реализираше за цела сала да го испрати со овации.
На Загреб им фалеше Мандалиниќ и откако Малумбрес ги отпиша во вториот дел и отидовме над 10, до крај беше само ревијален меч.

На фудбал жив човек немаше, на ракомет солидна посетеност нешто што прилично ме изненадува...

И одиме во фајнл фор по титулата :D
Полуфинале со Загреб :D
 
Најјак момент беше контрата на Столе.Уште кога ја фрли Малумбрес топката кон Столе цела сала на нозе беше. :D Почна Столе оваа сезона и во одбрана да прикажува добра игра и на почетокот на 2-3 наврати како Шек ги залепи Хрвативе. :) Малумбрес во тимов треба да се чува само заради позитивна атмосфера.Човек како него еднаш се раѓа. :D Останатите ракометари исто така добро го одиграа овој лежерен меч пред она вистинското со Швабите.

Хмирова ( :love: ) на трибина беше со Кликовац,Индира,Јованка и Дибиров од маживе...не дека ве интересира ова или е поврзано со утакмицава ама морам Тата да ја спомнам. :love:

Навивањето од 10та минута до крај на прво за чиста 10ка,а во второ кога веќе се беше јасно за нијанса послабо,но со оглед на тоа што 99% од тие што навиваа биле на утакмицата со Работнички оправдано е.
 
Столе е подобар во одбрана него ли во напад во моментов.
Во напад многу малку простор успеваше да направи, за разлика од Чипурин на пример...
 
Дечки од кај може да се купи утре карта за ЖРК Вардар?

Работат ли во недела продажниве салони на Оне? пошто тука во Велес не работат.
 
Дечки од кај може да се купи утре карта за ЖРК Вардар?

Работат ли во недела продажниве салони на Оне? пошто тука во Велес не работат.
Продавниците на One во Skopje City Mall и Ramstore сигурно работат, за другите не би знаел да ти кажам. Исто така, може да купиш карти и од билетарата во салата Борис Трајковски. Мислам дека отвара во 12 часот. Само не знам колкав избор на влезници имаш, мислам дека централните трибини се распродадени, има само за позади головите.
 
Си лапнав карта од тиа од 400:vozbud:,искрено не ми е многу битно кај сум,само да гледам и да уживам у атмосферата,нека грми у субота.
 
Столе е подобар во одбрана него ли во напад во моментов.
Во напад многу малку простор успеваше да направи, за разлика од Чипурин на пример...
Грешка си за овој дел. Чипурин баш беше доста слаб во напад, на 2-3 пати не прифаќаше топка и само да изигра еден на еден со одбрамбениот на Загреб, или не успеваше да дојде до удар или седум метри. Столе кога го замени во второ одма изнуди исклучување и седум метри ми се чини.
Столе во одбрана е доста подобрен, според мене треба повеќе минутажа да добива да си ја поврати формата.
 
Туку, да не случајно му се наоѓаат на некој 2 карти, значи купил а сепак неможе да појде во Сабота, па да ми ги пушти картите преку Карго во Прилеп? Плаќам + 100ка од редовната цена за картата. Значи ако биле по 300, плаќам 800 :D
 
Баталете Хамбург, идеме ли во Нови Сад? :D
Една кајганџиска екипа во приватна режија? :icon_mrgr:
Вчера викав дека не идам, ама некако почна да ми се иде, има месец дена може да се организираме добро 3 дена во Нови САд, ајде кој знае билети за воз бус до таму нека пише, за полека полека да се спремаме. :D
 
Вчера викав дека не идам, ама некако почна да ми се иде, има месец дена може да се организираме добро 3 дена во Нови САд, ајде кој знае билети за воз бус до таму нека пише, за полека полека да се спремаме. :D
Јас барав уште вчера, ама слабо ми иде пребарувањето.
Ама знам кој е експерт за тие теми.
Се моли @RedStarFan да ни помогне по ова прашање :D
 
Се договаравме и вчера и денес, можеме да отидеме околу 10 души :D
Јас ќе ве однесам бе :D само не знам како би можел јас во петок да дојдам :unsure: ќе ви се приклучам јас во недела изгледа, ако се пласираме во финале, вие спијте си во паркови :LOL:
 
Да најдеме некој од Фирмашите да не прими дома :D
Али Фирма се браќа на Романтичари, може напад да ни направат :icon_lol:
 
Се договаравме и вчера и денес, можеме да отидеме околу 10 души :D
Јас ќе ве однесам бе :D само не знам како би можел јас во петок да дојдам :unsure: ќе ви се приклучам јас во недела изгледа, ако се пласираме во финале, вие спијте си во паркови :LOL:
Слободен ден, или боловање :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom