Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    735
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
Значи Украина праќаше оружје за борба против Албанските терористи, и ти си за Украина.
Хммммм. Овде нешто не ми штима. Јас мислам дека рамковно мора да навијаме за Русите!
Можеби тогаш не знаел оти бил во подрум :ROFLMAO::icon_lol:
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.899
Поени од реакции
13.025
Овие локалните доброволци-бранители (како што ги нарекуваше Путин) баш добро наоружани. Или сепак се работи за руска армија.
О рамковен, ги измеша ти лончињата од пусти страв.
На видеото се руската армија која си завзема позиции. Оди прогуглај каде се наоѓа Ростов.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Викам јас оставете да пишува Дарданиан и компанија.
Ќе има матерјал и за смеа, па и теории на кои ќе подзавидат западните центри за пропаганда.
Сега и гркоманчето Реален кога ќе дојде хумор ќе биде..:icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Јас не реков нешто за Македонија , не дека не гледам парадокси во вашите русофилски настапи.

Македонците се антички народ , а русите славјански отаде Карапатите.
Република Македонија сеуште во САД гледа најголем и најблизок сојузник. Република Македонија нема повлечено ниту еден чекор со кои би ги загрозила интересите на САД во светот. Република Македонија само тргува со Русија и Кина, ама истото го прават и Германија, Британија, Полска, Франција, па дури и самите САД.

Зошто мислиш дека русофилските ставови на форумов се толку опасни? Кога државната политика не е отстапена ниту за милиметар.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Затоа што Пол Волерс чита..Се чита..
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.516
Поени од реакции
27.335
Република Македонија сеуште во САД гледа најголем и најблизок сојузник. Република Македонија нема повлечено ниту еден чекор со кои би ги загрозила интересите на САД во светот. Република Македонија само тргува со Русија и Кина, ама истото го прават и Германија, Британија, Полска, Франција, па дури и самите САД.

Зошто мислиш дека русофилските ставови на форумов се толку опасни? Кога државната политика не е отстапена ниту за милиметар.
Албанец отворено да каже дека треба да се подржува Украина поради тоа што тие ни давале оружје во 2001 може да значи:
а. Страв
б. Лицемерието на Албанците нема граници
в, Страв
г. петочен налог од оџата за пропаганда во склоп на општата пропагандна офанзива на САД
д. Страв
ѓ. Све наведено
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Се уште стојам на истиот став..
Кој ја нападна Украина пред симнување од власта на Јанукович, дали законски беше тоа насилие кое го спроведуваа демонстранти, дали нив некој ги тепаше, дали мислиш дека Руската политика е директно насочена против Украинците и со цел зголемување на својата територија, дали пред протестиве покажаа некоја територијална претензија према Украина, и за крај дали ти мислиш дека Украинците тек така излегоа на протестиве да го сменат Јанукович поради социјални причини?
Сега кога ти ги поставив овие прашања, расчитај се наназад 30-40 страни и ке добиеш одговор зошто овде повеќето се за руската страна, и оваа нема никаква додирна точка со Албанциве во Македонија.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Верувај дека многу повеќе ќе изгуби ако го предадат Крим, а и Украина на Европа. Ако тука попуштат за 10тина години отидоа, ................... па можда ете сега си наогаат причина да ја тргнат од меѓународните институции за да не им сметат во нивните планови на Блискиот Исток.
Шкотскиот референдум ќе биде неуспешен. Соодносот помеѓу не и да се движи од 1.5 до 1.75, што во временски период од 5 години е невозможно да се сврти, а не за 6 месеци. На Каталонија и Баскија нема ниту да им дозволат референдуми.
Случајно овие два поста го даваат одговорот зад сета геополитикчка мешаница.

1. Русија ги попречува сите планови на Западот за наметнување на апсолутна власт во светот.
2. Доколку Крим се отцепи, Шкотска, Каталонија и Баскија ќе добијат дополнителен ветер во плеќи кој ќе ги осмели да го бараат истото.

Досега Западот го имаше ексклузивното право да одлучи кој може а кој не може да се отцепи.
Затоа сите овие цепења се случуваа во други земји, Кина и Русија исто така беа подложени врз исти дејствија(нп. Кавказот и Тибет) и сега ќе се обидат да ја префрлат топката во дворот на западните земји.[DOUBLEPOST=1394700239][/DOUBLEPOST]
Русија молчеше во 2001ва , Украина праќаше оружје и инструктори.
Значи Украина праќаше оружје за борба против Албанските терористи, и ти си за Украина.
Хммммм. Овде нешто не ми штима. Јас мислам дека рамковно мора да навијаме за Русите!
Ова дефинитивно беше најголемиот фејл на темава.
Навијачот на УЧК ја поддржувал Украина затоа што испраќала оружје против нив. :ROFLMAO:

Бтв, да, Дарданија е службено пратен на одмор.[DOUBLEPOST=1394700719][/DOUBLEPOST]
Албанец отворено да каже дека треба да се подржува Украина поради тоа што тие ни давале оружје во 2001 може да значи:
а. Страв
б. Лицемерието на Албанците нема граници
в, Страв
г. петочен налог од оџата за пропаганда во склоп на општата пропагандна офанзива на САД
д. Страв
ѓ. Све наведено
Дефинитивно под (ѓ) :rolleyes:

Одлично го долови моментот.

Република Македонија сеуште во САД гледа најголем и најблизок сојузник. Република Македонија нема повлечено ниту еден чекор со кои би ги загрозила интересите на САД во светот. Република Македонија само тргува со Русија и Кина, ама истото го прават и Германија, Британија, Полска, Франција, па дури и самите САД.
Се работи за страв, а не за искрено сојузништво. Го правиме тоа што го правиме затоа што не можеме самите да се бориме против нив.

Зошто мислиш дека русофилските ставови на форумов се толку опасни? Кога државната политика не е отстапена ниту за милиметар.
Јас би рекол дека преовладуваат анти-американски ставови, а не русофилски. Сепак, најдобро ќе биде да се воздржувате од етикетирања и да дискутирате преку конкретни аргументи.
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Anonymоus Ukraine тврдат го хакнале маилот на помошникот воен аташе Jason Gresh.

Хакеры взломали почту помоштника американского военного атташе в Украине
12 марта, 2014

http://www.securitylab.ru/news/450395.php
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Јајј, немој бе премногу вреќи да си клаваш на плеќи другарче.

Се работи за рамнотежа во геополитиката, а тоа е единствениот начин да се постигне праведност или барем да се биде што поблиску до неа.

Во спротивно, ќе бидеш препуштен на волјата на само една страна и доколку таа пресуди на твоја штета нема да имаш никаква алтернатива ниту можност да одлучуваш за себе и за тоа чија опција е поприфатлива за твоите интереси.

Многу си погрешил во проценката дека овде некој заговарал потполна доминација на Русија, немој да мислиш дека ти овде си изел најмногу мозоци, па ние другите не сфаќаме дека апсолутната доминација само ќе ги замени страните но последиците ќе бидат исто така лоши како и претходно. Тоа никој од нас не го сака.

Но, ако во моментов САД игра во полза на албанската кауза, единствената противтежа може да биде Русија која ќе ги користи преседентите на Америка во своја полза.
Тоа ќе придонесе сите арогантни велики сили да подразмислат подетално кога ќе ги прекројуваат границите на некое место во светот, бидејќи самите не би сакале да ја отворат спиралата против своите интереси.

САД мислеа дека се семоќни и дека имаат единствено право да одлучуваат кого ќе отцепат, каде ќе направт преврат, кого ќе бомбардираат без никаква согласност, колку луѓе ќе убијат и кој каде требало да биде на власт.

Ситуацијата со Крим секако дека е надвор од прифатливите решенија за Украина, меѓутоа тој преседан е потребен за да ги окончи таквите идни насилни обиди за делење на суверени држави, со тоа што никој повеќе нема да поддржува сепаративни намери.

Сега сите светски сили или ќе покажат разумност и ќе постигнат договор со кој ќе се обврзат (барем на некое време) да не ги повторуваат овие практики и да дојде до природен баланс меѓу нив... или сите наебавме.
Излези од стереотипите за Русофилите, има тука луѓе кои размислуваат така со причина:

„Немањето противник на запад прави тешка нестабилност на режимите, но и на економската состојба. Фамата со исламизот помина, режимите кои требаше да бидат страв и трепет паднаа како глувци. Се бара нов блок. Не за џабе го спомнав Ромни. Гледај ги работите вака: И на Русија и на САД им одговара нова студена војна за да можат полесно да ги остваруваат своите интереси. Ако ние останеме надвор од тие блокови, сме потенцијално бојно поле, но ако сме внатре во еден од сојузите, ќе бидеме посматрачи и ситни учесници. Значи ако поради некои причини не не примаат во НАТО, треба да се види дали би можеле да станеме дел од другите.“[DOUBLEPOST=1394644276][/DOUBLEPOST]Meanwhile.... Позиционирање..
Нашите ставови се послични отколку што мислите, ако добро ги прочитате моите претходни постови.
Накратко - контрабаланс на САД, дали од Кина, Русија, Индија или било кој е ДОБРО. Напишав претходно како ситуацијата во Украина ќе се реши со референдум, дека САД не треба да се мешаат во Украина и Белорусија, НАТО не требаше да ги прими поранешните држави од Варшавскиот Пакт. Русија е голема држава. И треба простор да дише. Но, секој посериозен контрабаланс ќе биде од Кина, а не од Русија.
Мое мислење е дека Балканот под руско влијание е лошо за Македонија. Во многу наврати сум објаснал зошто.

^^ Јас да можам да се вратам назад 150 години знам што би правел.
А тој комитата од твојата приказна, да му кажеш колку од Македонија е e сега слободна и независна и колку навистина е независна... и јас се согласувам дека би заплакал човекот, ама не од радост.

Тие Чеченците што ги спомнуваш, страдаа заради истите глупави одлуки од кои денес страдаат Украинците. Некој (кој ли?) ги набуцкува игнорантните да гинат за сопствени цели. Плаќа локални алчници за моќ и пари да ја хушкаат неуката раја на војна против соседот кој е една од двете најмоќни воени сили на планетава. Едно е храброст, а друго е глупост да дозволиш да те насанкаат кон судир кој можеш само да го изгубиш, и потоа неизмерно многу да страда народот.
Во кој универзум би дозволила една велесила како Русија отцепување на Чеченија во регион каде има уште десетици други (додуше помали ама исто толку неуки) народи кои исто би сакале да се отцепат?

Патем, Чеченија под Русија не ги страда истите маки како една Македонија под Османлиска Турција. Имаат автономија за внатрешните работи, имаат јазик и школо... зошто мора да имаат „слобода„ за надворешна политика? „Слобода„ да бидат искористувани од западот? „Слобода„ за да настрадаат во воени судири како топовско месо за Америте, како што тоа извесно би биле искористени и Украинците, ама и Пољаците и луѓето од балтичките држави?


Ако веќе сакаш да знаеш што е паметна политика за сосед на велесила. Погледај ја Финска.
Не знам колку си запознает со историјата на Финска, ама Финска има милион пати повеќе причини од Украина, да се конфронтира со Русија... Но Финска не е во НАТО, во Финска се живее убаво и покрај тоа што имаат многу помалку територија и помалку природни ресурси од Украина.
Финска не ја водат корумпирани и алчни квинслинзи кои не се грижат за доброто на народот.
1.Македонија како што си замислуваш ти, без надворешно влијание, нема да биде никогаш. Освен ако не станеме некоја светска сила.
Друг начин нема. Сега сме мала држава и мора да имаме "шеф".
Верувај ми многу поголеми држави од нас, чекаат на инструкции од американски или руски амбасадор.

2.Сите што се бореле или се борат против Русија или руско влијание (на пр. Појлаци, Чеченци, Чеси, Дагестанци, Унгарци) се глупави, не знаат што е добро за нив, терористи, алчници.
Сите што се борат или бореле против западно влијание (на пр. Асад и компанија, Милошевиќ, Русите во Грузија, Молдавија, Украина; Гадафи и компанија), се во право, херои.
Тоа е формулата, така?

Дали сум јас единствениот кој верува во оние руски карти за 2035та година? Таму јасно се гледа како Шкотска ќе се отцепи од ВБ (На 18ти е референдумот), Крим од Украина (на 16ти е референдумот) Баскија и Каталонија и многу другии... И се тече по тој план. Но, при такви дејствија, Македонија ќе изгуби многу.
Нормално е Русија да ги подгорува сепаратистичките движења во непријателски држави.
Се создава нестабилност. Тоа е целта на мапите. Се гледа барем какво мислење имаат за Македонија.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.822
Поени од реакции
34.074
2.Сите што се бореле или се борат против Русија или руско влијание (на пр. Појлаци, Чеченци, Чеси, Дагестанци, Унгарци) се глупави, не знаат што е добро за нив, терористи, алчници.
Сите што се борат или бореле против западно влијание (на пр. Асад и компанија, Милошевиќ, Русите во Грузија, Молдавија, Украина; Гадафи и компанија), се во право, херои.
Тоа е формулата, така?
Формулата види ја во Финска (не зошто се фини, туку затоа што се паметни).
И Финска имала војни со империјална Русија и со СССР, каде имале тешки загуби на жива сила и загуби на големи територии. Ама денес во Финска имаат добра живеачка и одличен стандард и замисли го сквернавењево: не се во НАТО. Не се ни во Евроазискиот Сојуз.

Не сакам сега за се што кажа одделно да ти реплицирам и да одиме во многу пати повторуван офтопик.

Но ако никако не можеш да ми ја разбереш поентата (повеќе би рекол дека не сакаш), тогаш обиди се да го замислиш тоа вака:
Замисли Холифилд (или еве Кличко нека биде) да те убедува да влезеш во ринг на меч со Мајк Тајсон, ама на борба до смрт и без судии. Можат Холифилд и Кличко да те убедуваат дека ќе те одмаздат, ќе навиваат за тебе (ама надвор од рингот) и што се не... ама ако навистина влезеш во тој ринг треба да си или ретардиран, или луд, или многу глуп. Најверојатно сите тие атрибути заедно.

Во однос на ова, иста е паралелата со тоа да иницираш воен судир со САД или Русија. Пази не зборам за нешто како за Либија каде при интервенцијата на САД, Гадафи немаше избор освен да се брани.
Зборам за ситуации каде на пример Куба се спротиставува на САД (нешто што дури и успешно го направи, но на штета на стандардот на живеење на народот). Зборам за ситуации каде една мала Чеченија, или Грузија, или еве сега Украина ги набуцкуваат во судир каде само можат да изгубат, никако да добијат. Се разбира, во таквите ситуации внатрешните корумпирани политичари се најодговорни.
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.899
Поени од реакции
13.025
^^Sparow
Кој сеуште се повикува на историјата и живее во неа, не видел никое добро. Неможе да се изедначува СССР со оваа Русија.
Меѓународниот свет нема да биде биполарен, само меѓу Америка или Кина, туку мултиполарен(Америка,Еу, Русија, Кина,Индија).

Бидејќи не си запознаен за ситуацијата во Дагестан и Чеченија. Прочитај колку Чеченци се заминати за Крим да дадат подршка, и какви акции се одржуваат на териториите на Дагестан за подршка на референдумот на Крим. И двете републики уживаат автономност во рамките на Руската Федерација. Сите права им се заштитени. Зошто да се борат? За Американски интереси?
Сите војни им беа спонзорирани од Америка и пријателите. Конечната цел беше да се дестабилизира Русија а не дека се многу хумани и се грижат за Чеченците и Дагестанците. Тоа го знаеш многу добро.
Се сомневам дека знаеш кои се племето Нахи или Вајнахи и од каде потекнуваат.

Нормално е Русија да ги подгорува сепаратистичките движења во непријателски држави.
Дали Русија ја има спонзорирани баскиската ЕТА? Ирската ИРА? Или да дава подршка на Каталонија, Шкотска?
Да им спонзорира кампањи и руски политичари како Жириновски да се појавуваат на собири и да им продаваат теории што да прават?
Дали Русија еве пример обучува трупи во Грузија? Азербеџан? Финска? Естонија?Литванија? Латвија? Белгија?
НЕ

Не ми е јасно зошто толкава заслепеност и неинформираност. Намерна ли е? Најверојатно намерно е од твоја страна.
Пред да составуваш некакви формули чукни ја малце главата и намали со ББС.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Шкотскиот референдум ќе биде неуспешен. Соодносот помеѓу не и да се движи од 1.5 до 1.75, што во временски период од 5 години е невозможно да се сврти, а не за 6 месеци. На Каталонија и Баскија нема ниту да им дозволат референдуми.
Па и на Крим не им дозволија референдум. Нормално е да не се дозволи референдум, но ќе дојде прилика.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Бидејќи не си запознаен за ситуацијата во Дагестан и Чеченија. И двете републики уживаат автономност во рамките на Руската Федерација. Сите права им се заштитени. Зошто да се борат?
Е зошто де? Најубаво му е. Глупаци, изгинаа за џабе.
Сите војни им беа спонзорирани од Америка и пријателите. Конечната цел беше да се дестабилизира Русија а не дека се многу хумани и се грижат за Чеченците и Дагестанците. Тоа го знаеш многу добро.
Точно е. Беа поддржани од САД. Многу нормално. Како се осмелуваат Американците да си ги гледаат интересите?
Дали Русија ја има спонзорирани баскиската ЕТА? Ирската ИРА? Или да дава подршка на Каталонија, Шкотска?
Да им спонзорира кампањи и руски политичари како Жириновски да се појавуваат на собири и да им продаваат теории што да прават?
Дали Русија еве пример обучува трупи во Грузија? Азербеџан? Финска? Естонија?Литванија? Латвија? Белгија?
НЕ
Овде се гледа твојата идеологија и непознавање како работи светот. Да тврдиш дека Русија не поддржува сепаратизам и нестабилност во про-западни држави покажува религиозна приврзаност кон Русија. СИТЕ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ГО ПРАВАТ ТОА. СИТЕ.
Грците ги подбуцнуваат Курдите во Турција и Албанците во Македонија, Турците ги помагаат помаците во Бугарија, така работи светот другар. Или ти мислиш Свети Путин не би паднал толку ниско?

Ти бараш морал во постапките на Русија. Нема да го најдеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom