Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    738

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.693
Поени од реакции
11.899
"нафта скоро и немаат " :tapp:
И како тоа "моќната и праведна " Русија има СЕ а овие што немаат ништо цел свет го контролираат :cautious:
Ај размисли уште еднаш па врати се и напиши. Ваљда ќе ти текни. Можиш и изминативе страни да ги прочиташ 100 пати е објаснето како
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
"нафта скоро и немаат " :tapp:
И како тоа "моќната и праведна " Русија има СЕ а овие што немаат ништо цел свет го контролираат :cautious:
Па ако имаат нафта што мајка бараат во Авганистан, Ирак, Иран, Сирија итн....? Или онака колонизација. :pos::pos::tapp:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тоа е она што на многумина на форумов не им е јасно. Ако Русите утре станат хегемон во светот и на Балканот, исто како сега од американскиот, ќе треба да добиваме "благослови" од рускиот амбасадор. Некој можеби очекува дека русите ќе ни кажат - македонци, не ви се мешаме, градете држава. Не баш, исто империјалистичко сра*е се и едните и другите. Историски погледнато, јака Русија = јака Србија и Грција или Бугарија, лошо за Македонија. Плус, сега се фативме на орото веќе. Не знам дали Србите или Русите ќе ни простат за тоа што го отстапивме воздушниот простор на НАТО во 99та или за признавањето на Косово. И на грците им вршеа притисок за истото, но не попуштија.
Јајј, немој бе премногу вреќи да си клаваш на плеќи другарче.

Се работи за рамнотежа во геополитиката, а тоа е единствениот начин да се постигне праведност или барем да се биде што поблиску до неа.

Во спротивно, ќе бидеш препуштен на волјата на само една страна и доколку таа пресуди на твоја штета нема да имаш никаква алтернатива ниту можност да одлучуваш за себе и за тоа чија опција е поприфатлива за твоите интереси.

Многу си погрешил во проценката дека овде некој заговарал потполна доминација на Русија, немој да мислиш дека ти овде си изел најмногу мозоци, па ние другите не сфаќаме дека апсолутната доминација само ќе ги замени страните но последиците ќе бидат исто така лоши како и претходно. Тоа никој од нас не го сака.

Но, ако во моментов САД игра во полза на албанската кауза, единствената противтежа може да биде Русија која ќе ги користи преседентите на Америка во своја полза.
Тоа ќе придонесе сите арогантни велики сили да подразмислат подетално кога ќе ги прекројуваат границите на некое место во светот, бидејќи самите не би сакале да ја отворат спиралата против своите интереси.

САД мислеа дека се семоќни и дека имаат единствено право да одлучуваат кого ќе отцепат, каде ќе направт преврат, кого ќе бомбардираат без никаква согласност, колку луѓе ќе убијат и кој каде требало да биде на власт.

Ситуацијата со Крим секако дека е надвор од прифатливите решенија за Украина, меѓутоа тој преседан е потребен за да ги окончи таквите идни насилни обиди за делење на суверени држави, со тоа што никој повеќе нема да поддржува сепаративни намери.

Сега сите светски сили или ќе покажат разумност и ќе постигнат договор со кој ќе се обврзат (барем на некое време) да не ги повторуваат овие практики и да дојде до природен баланс меѓу нив... или сите наебавме.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Сега демек ни е подобро со јака Албанија, Грција и Бугарија? o_O
Па со оглед на тоа што како народ во моментов, сме популациски и финансиски слаби, не е толку лошо. Имаме независна држава, каква таква, наша е. Многу појаки народи можат само сонуваат за тоа што го имаме ние. Каталонецот сонува за тоа што го има Македонецот. Чеченците, цела машка популација им изгина, уште црни вдовици им останаа, за таа независност.
Од нас зависи дали ќе си ја зголемиме финансиската и популациска моќ. Соседите не притискаат, така е. Нив тоа им е работа, кучињата си лаат. Евреите се од сите страни заобиколени со непријатели. Јас сум сигурен дека да се вратиме 150 години назад и на некој македонски комита што се бори за независна Македонија, да му речеш - па, да имаме држава Македонија, но лошо ни е, соседите ни прават проблеми, сиромашни сме -ќе ти плесне некој шамар и ќе заплаче од радост.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.944
Поени од реакции
34.291
^^ Јас да можам да се вратам назад 150 години знам што би правел.
А тој комитата од твојата приказна, да му кажеш колку од Македонија е e сега слободна и независна и колку навистина е независна... и јас се согласувам дека би заплакал човекот, ама не од радост.

Тие Чеченците што ги спомнуваш, страдаа заради истите глупави одлуки од кои денес страдаат Украинците. Некој (кој ли?) ги набуцкува игнорантните да гинат за сопствени цели. Плаќа локални алчници за моќ и пари да ја хушкаат неуката раја на војна против соседот кој е една од двете најмоќни воени сили на планетава. Едно е храброст, а друго е глупост да дозволиш да те насанкаат кон судир кој можеш само да го изгубиш, и потоа неизмерно многу да страда народот.
Во кој универзум би дозволила една велесила како Русија отцепување на Чеченија во регион каде има уште десетици други (додуше помали ама исто толку неуки) народи кои исто би сакале да се отцепат?

Патем, Чеченија под Русија не ги страда истите маки како една Македонија под Османлиска Турција. Имаат автономија за внатрешните работи, имаат јазик и школо... зошто мора да имаат „слобода„ за надворешна политика? „Слобода„ да бидат искористувани од западот? „Слобода„ за да настрадаат во воени судири како топовско месо за Америте, како што тоа извесно би биле искористени и Украинците, ама и Пољаците и луѓето од балтичките држави?

Ако веќе сакаш да знаеш што е паметна политика за сосед на велесила. Погледај ја Финска.
Не знам колку си запознает со историјата на Финска, ама Финска има милион пати повеќе причини од Украина, да се конфронтира со Русија... Но Финска не е во НАТО, во Финска се живее убаво и покрај тоа што имаат многу помалку територија и помалку природни ресурси од Украина.
Финска не ја водат корумпирани и алчни квинслинзи кои не се грижат за доброто на народот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.572
Поени од реакции
27.403
Тоа е она што на многумина на форумов не им е јасно. Ако Русите утре станат хегемон во светот и на Балканот, исто како сега од американскиот, ќе треба да добиваме "благослови" од рускиот амбасадор. Некој можеби очекува дека русите ќе ни кажат - македонци, не ви се мешаме, градете држава. Не баш, исто империјалистичко сра*е се и едните и другите. Историски погледнато, јака Русија = јака Србија и Грција или Бугарија, лошо за Македонија. Плус, сега се фативме на орото веќе. Не знам дали Србите или Русите ќе ни простат за тоа што го отстапивме воздушниот простор на НАТО во 99та или за признавањето на Косово. И на грците им вршеа притисок за истото, но не попуштија.
Излези од стереотипите за Русофилите, има тука луѓе кои размислуваат така со причина:
http://forum.kajgana.com/threads/Самит-на-НАТО-Чикаго-мај-2012-општа-дискусија.58313/page-16#post-4960093

http://forum.kajgana.com/threads/Самит-на-НАТО-Чикаго-мај-2012-општа-дискусија.58313/page-16#post-4960134

„Немањето противник на запад прави тешка нестабилност на режимите, но и на економската состојба. Фамата со исламизот помина, режимите кои требаше да бидат страв и трепет паднаа како глувци. Се бара нов блок. Не за џабе го спомнав Ромни. Гледај ги работите вака: И на Русија и на САД им одговара нова студена војна за да можат полесно да ги остваруваат своите интереси. Ако ние останеме надвор од тие блокови, сме потенцијално бојно поле, но ако сме внатре во еден од сојузите, ќе бидеме посматрачи и ситни учесници. Значи ако поради некои причини не не примаат во НАТО, треба да се види дали би можеле да станеме дел од другите.“[DOUBLEPOST=1394644276][/DOUBLEPOST]Meanwhile.... Позиционирање..
Белорусија побарала руски авиони да ја заштитат од НАТО
„Александар Лукашенко побарал од Москва да го зголеми бројот на воените авиони стационирани на територијата на Белорусија поради активностите на НАТО во близина на нивните граници, јавува Војс оф Раша.

Минск соодветно ќе реагира на засилувањето на силите на НАТО во близина на границите на Белорусија, а ќе ѝ понуди и на Русија дополнително да го зголеми бројот на борбените авиони стационирани на нејзина територија, изјавил претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

„Белорусија соодветно ќе реагира на зголемувањето на бројот на НАТО-силите во близина на белоруските граници“, изјавил Лукашенко на седницата на Советот за безбедност на Белорусија. „Белорусија ќе ѝ понуди на Русија поради поагресивното присуство на НАТО да стационира дополнителни 15 авиони на нејзина територија“.

Од 10 декември минатата година единица руски ловци Сухој Су-27 почнала заедничко патролирање со белоруски ловци. Формирањето на базата било објаснето со потребата на воздушните сили во рамки на единствениот систем на одбрана на Русија и Белорусија.“

Потези се влечат одамна само што ние ретроактивно ги следиме. Исто неодамна имаше разместување на Искендер ракети во Калининград.

ЕДИТ: исто во декември 2013 се распределени ракетите. Конфронтацијата е очекувана, плановите на западот се намирисани. Мене пак ми мириса на позиционирање во пресрет на нова студена војна.[DOUBLEPOST=1394647312][/DOUBLEPOST]ВИДЕО: Две беспилотни летала соборени над Крим
„Украинските медиуми од реонот на Крим известија дека се соборени две беспилотни летала од американско производство.

На YouTube се појави снимка на беспилотно летало од американско производство како снима воени позиции на Крим. Порталот English Russia, повикувајќи се на извештаите на локалните медиуми пишува дека најверојатно се таботи за авиони од типот MQ-9 Reapers.

И двете се соборени. Леталата наводно биле неозначени така што било невозможно да се утврди кој управувал со нив и со каква цел снимале над позициите во Крим. На видеото се гледа како едно од леталата снимало воени позиции. Војниците при крајот на снимката го забележуваат леталото и со ласер му попречуваа да снима.“
 
Последно уредено:
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Crimean parliament guarantees broader rights to Tatar minority

Under the amended constitution, the Crimean Tatar language would be granted official status, on a par with Russian and Ukrainian in Crimea.

It stipulates proportional representation in future parliaments and provides for at least 20 percent of seats in the republic’s executive for Crimean Tatars. They would have guaranteed representation in the lower levels of government as well.
....Crimean MPs pledged to fund programs for support of the Tatar community in Crimea and repatriation of Crimean Tatars, who were deported from the peninsula by Joseph Stalin's Soviet government in the 1940s......

http://rt.com/news/crimea-tatar-rights-guarantee-122/
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Дали сум јас единствениот кој верува во оние руски карти за 2035та година? Таму јасно се гледа како Шкотска ќе се отцепи од ВБ (На 18ти е референдумот), Крим од Украина (на 16ти е референдумот) Баскија и Каталонија и многу другии... И се тече по тој план. Но, при такви дејствија, Македонија ќе изгуби многу.
 
A zoshto mislish deka Makedonija ke izgubi mnodu.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Дали сум јас единствениот кој верува во оние руски карти за 2035та година? Таму јасно се гледа како Шкотска ќе се отцепи од ВБ (На 18ти е референдумот), Крим од Украина (на 16ти е референдумот) Баскија и Каталонија и многу другии... И се тече по тој план. Но, при такви дејствија, Македонија ќе изгуби многу.
Важно Крим ќе биде Русија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.287
Поени од реакции
26.168
Дали сум јас единствениот кој верува во оние руски карти за 2035та година? Таму јасно се гледа како Шкотска ќе се отцепи од ВБ (На 18ти е референдумот), Крим од Украина (на 16ти е референдумот) Баскија и Каталонија и многу другии... И се тече по тој план. Но, при такви дејствија, Македонија ќе изгуби многу.
Шкотскиот референдум ќе биде неуспешен. Соодносот помеѓу не и да се движи од 1.5 до 1.75, што во временски период од 5 години е невозможно да се сврти, а не за 6 месеци. На Каталонија и Баскија нема ниту да им дозволат референдуми.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
-40.000 доброволци пријавени за национална гарда на Украина.

-Францускиот претседател Оланд: Референдумот нелегален , анексијата неприфатлива.

-Американскиот сенат предлага санкции за Русија.

-Обама го подржува територијалниот интегритет на Украина , украинскиот премиер вети дека Украина нема да се предаде во борбата за заштита на суверенитетот.

-Г7 не го признава референдумот на Крим.

-Меркел најави можност од следната недела да се постават остри санкции на Русија.

-ОБСЕ: Руските сили не запираа и држеа на нишан.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
-40.000 доброволци пријавени за национална гарда на Украина.

-Францускиот претседател Оланд: Референдумот нелегален , анексијата неприфатлива.

-Американскиот сенат предлага санкции за Русија.

-Обама го подржува територијалниот интегритет на Украина , украинскиот премиер вети дека Украина нема да се предаде во борбата за заштита на суверенитетот.

-Г7 не го признава референдумот на Крим.

-Меркел најави можност од следната недела да се постават остри санкции на Русија.

-ОБСЕ: Руските сили не запираа и држеа на нишан.
И?! Што и можат на Русија?
Големите санкции ќе биле да не им се дозволува влез во ЕУ и САД на властите од Крим ?:pos:

Големо чудо што кој рекол, и за Сирија многу збореа истите, но се` се сведе на она што Русија го кажа:cool:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom