Тоа е она што на многумина на форумов не им е јасно. Ако Русите утре станат хегемон во светот и на Балканот, исто како сега од американскиот, ќе треба да добиваме "благослови" од рускиот амбасадор. Некој можеби очекува дека русите ќе ни кажат - македонци, не ви се мешаме, градете држава. Не баш, исто империјалистичко сра*е се и едните и другите. Историски погледнато, јака Русија = јака Србија и Грција или Бугарија, лошо за Македонија. Плус, сега се фативме на орото веќе. Не знам дали Србите или Русите ќе ни простат за тоа што го отстапивме воздушниот простор на НАТО во 99та или за признавањето на Косово. И на грците им вршеа притисок за истото, но не попуштија.
Јајј, немој бе премногу вреќи да си клаваш на плеќи другарче.
Се работи за рамнотежа во геополитиката, а тоа е единствениот начин да се постигне праведност или барем да се биде што поблиску до неа.
Во спротивно, ќе бидеш препуштен на волјата на само една страна и доколку таа пресуди на твоја штета нема да имаш никаква алтернатива ниту можност да одлучуваш за себе и за тоа чија опција е поприфатлива за твоите интереси.
Многу си погрешил во проценката дека овде некој заговарал потполна доминација на Русија, немој да мислиш дека ти овде си изел најмногу мозоци, па ние другите не сфаќаме дека апсолутната доминација само ќе ги замени страните но последиците ќе бидат исто така лоши како и претходно. Тоа никој од нас не го сака.
Но, ако во моментов САД игра во полза на албанската кауза, единствената противтежа може да биде Русија која ќе ги користи преседентите на Америка во своја полза.
Тоа ќе придонесе сите арогантни велики сили да подразмислат подетално кога ќе ги прекројуваат границите на некое место во светот, бидејќи самите не би сакале да ја отворат спиралата против своите интереси.
САД мислеа дека се семоќни и дека имаат единствено право да одлучуваат кого ќе отцепат, каде ќе направт преврат, кого ќе бомбардираат без никаква согласност, колку луѓе ќе убијат и кој каде требало да биде на власт.
Ситуацијата со Крим секако дека е надвор од прифатливите решенија за Украина, меѓутоа тој преседан е потребен за да ги окончи таквите идни насилни обиди за делење на суверени држави, со тоа што никој повеќе нема да поддржува сепаративни намери.
Сега сите светски сили или ќе покажат разумност и ќе постигнат договор со кој ќе се обврзат (барем на некое време) да не ги повторуваат овие практики и да дојде до природен баланс меѓу нив... или сите наебавме.