Ќе го добиете како што го добија Челзи Балак.Само вие година и пол покасно,ама и тоа е добро.
@ManUtdChampions
Крос не го добивате додека не му заврши договорот.Ете му кажав на скокајкурлево.Или како Балак,или ќе го продолжи договорот.Биди сигурен во ова,Баерн не се ослободува од него.Ниту има кој да го замени.А и на крај поисплатливо е да му го продолжат договорот,отколку да лупнат 30-40 милиони за нов играч + голема плата и бонуси.Кој ќе го замени,Погба ?
Последно време Бекенбауер излага со изјави,сега Нојер а последно Пеп дека ќе го направи подобар од што е во моментов.Крос има огромен притисок,а како да нема кога Баерн е официјален nr.1 клуб во светот.Балак каков притисок имаше на времето,иако тогаш Баерн беа 3 пати послаби.Му се намали репутацијата на Балак кога си замина,не го почитуваа германците како порано но негова одлука си беше тоа.
За тренинг центар и Баерн имаат,сигурно не му фали тоа на Крос.Надрилекар на некое метро од него.
На Крос му треба пара,а тоа Баерн може да го направи,но си одоговлекуваат бидејќи во нешто можеби не се сигурни.Сите играчи ќе ги продолжат договорите,само тој ќе остане со нерешен проблем.
Од една страна викате ѕвезди,после ми ги спомнуваш Шо и Гризман.Не ги оспорувам нивните квалитети,ама тие во секој случај може да се донесат.Сепак тоа се Саутемптон и Сосиедад.Не се Баерн,ПСЖ,Монако,Сити..За такви играчи од такви клубови,и да отпаднете ќе имате шанса да ги купите.
За од Атлетико играчите ќе збориме на крај од сезоната.Доколку случајно постанат шампиони или постигнат огромен успех во ЛШ,е и тоа ќе биде тешко.Ако се приврзани за клубот нема да мрднат следнава година а и ќе имаат пари да се надоградат уште повеќе.
Мата според мене не ви реши ниеден проблем во тимот,повторно на неприродна позиција ќе игра додека Руни е здрав и прав.
Мојс ќе има повторно шанса да пазарува,ама тој после нецела сезона испаѓа дека е неспособен.4 месеци имаше да прави шеми кој ќе лета,кој ќе купува а тој при крај го купи само Фелаини и тоа за поголема сума.
Додека се разиграат може пак да отиде сезоната,нормално ако си ги пазари повторно 5 до 12.