Уникатна сезона, уникатен пристап кон крими жанрот. Најмалку важно ми беше кој е убиецот, монолозите на Раст и начинот на кој го гледа животот и светот беше она што фасцинираше. Во поглед на трансформацијата на крајот, од нихилист и пропаднат човек до човек со верба во светлината, ги занемарувам критиките, мислам дека тоа можеби е и една од најголемите пораки. Човек може да биде пропаднат и опкружен со бесмислата на животот филозофирајќи околу него и немајќи верба во ништо, ама кога ќе осети на своја кожа, кога ќе се соочи со смртта, поминувајќи низ тоа и размислувајќи за искуството сигурно дека нема да остане ист како и претходно.
Најпозитивни впечатоци бидејќи и пресвртите во овој тип на серии веќе се очекувани. Одлично што расчистија дека нема да има mindfuck финиш.
Чекаме втора сезона, налетав на шпекулации дека еден од детективите ќе биде Кристијан Бејл, мислам дека баш би му легнала таква улога.