True Detective

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
1911914_676108955764448_1814847678_n.png
 
Изгледа само јас не сум импресиониран од разврската.

Очекував главниот негативец поврзан со моќниов култ да биде повеќе од сељак што си ја секса полусестрата. Мех...Скоро ништо не беше разјаснето околу култот, што и зошто прават, кои се итн.
Сигурен бев дека цртежите на ќерката значеа нешто, во една епизода ја има таа спиралата од култот на еден од ѕидовите кај Марти побогу. На крај ништо...можда и се сонило.
И кога се помирив со досадната разврска мораа да го заебат и Раст како лик. Светлина, задгробен живот...кај и да е ќе се замонаши. Мора малку хепи енд клише за американците, религиозни луѓе се нели.

Да не бидам мрчатор и да не дадам погрешна слика со постов, серијата во целина ми се допадна и ме воодушеви. Во крајнава епизода како и секогаш глума на ниво, одлични кадри и камера, супер избран score и soundtrack.
 
Фала ви HBO, фала ви Метју, Вуди, Пизолато и сите кои стоеја зад перфектниве 8 епизоди.

:cuc:
Не иди на предавање за да гледа серија ццц :D

Сега јас ја сметнувам и не ве читам појче!
 
Ја изгледав :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
WoW браво ХБО за ова БРАВО , до последен детал беше одлично, тоа сцените префектни,сценарио,глума....:cuc::cuc::cuc::cuc:
Се надевам втората сезона ке биде барем пола од ова.
Златните глобуси нека резервираат уште од сеа по еден за Мет и Вуди ,и уште 5-6 во кој ке биде номинирана
 
:cuc::cuc:
Одлично. И јас посакував малце поразличен крај ама сепак супер си беше. Браво за HBO, стварно не знам како успеваат се што ќе направат да е на толку високо ниво.
Метју каква глума покажа во серијава, феноменално. Останува само да жалиме што имаше само осум епизоди и дека во наредна ќе треба да се навикнуваме на нови детективи што ќе биде ептен тешко после ова дуо, ама ако некој може да успее во тоа, тоа секако е HBO.

 
Последно уредено:
Да ви кажам право и не ме импресионира толку финалево, очекував повеќе. Перфектни епизоди гледавме досега, можеби и за тоа имав големи очекувања од финалнава епизода. Како и да е, перфектна серија испадна на крај, какво дуо беа Раст и Кол, кои дијалози, монолози и што уште не ги имаше во серијава, чудо нешто.

Тешко дека некој ликови во наредните серии, ќе успеаат да ги надминат овие. :cuc:
 
Закључок за сезоната, според постовите?

:cuc:
 
Дојде и тој ден, крај на уште една серија.
Задоволна сум од меланхоличниот крај, Метју ме направи да сочуствувам со Раст, дури и да ми ги насолзи очите.
Благодарност до екипата што ни ја донесе серијава. Волку тензичен трилер немам гледано од Silence of the Lambs.

Значи што ви е? :) Не заврши серијата, заврши првата сезона. Поприкладно е да се каже де ка почна серијава, него дека заврши.

Точно, импресионираше актерското дуо и изгледа тешко достижно пак во поглед на глумата (најмногу Метју), но ова е HBO. Уште еднаш ќе го кажам тоа за нив, дека и од приказна во која разврската е очигледна можат да направат перверзија. Според мене (малку мрч) ама оваа сезона не беше толку јака колку што е хајпот (почнав да го мразам зборов) за неа и дека имаше многу точки за кои може да се мрчи. И затоа мислам дека допрва ќе гледаме појаки сезони од шоуво, особено од поглед на приказната и нејзината разврска.

Keep calm and trust in HBO.
 
Нострадамуси, не знам како од сега викате дека нема кој да ги надмини овие 2 лика. :D
 
Nope, спроед мене нема да ја надминат оваа сезона, јас обожавам мрачни сетапи, така да за мене ова е врвот од оваа серија најверојатно, освем ако новата сезона се служи со истите елементи :vozbud:

Ако на ова се додаде дуото...тешко..
 
Nope, спроед мене нема да ја надминат оваа сезона, јас обожавам мрачни сетапи, така да за мене ова е врвот од оваа серија најверојатно, освем ако новата сезона се служи со истите елементи :vozbud:

Ако на ова се додаде дуото...тешко..

Кој ќе победи на Светско?

Сериозно, од кај знаеш како ќе биде после? Може да се направи помрачно и тоа многу. Подобри актери од овие двајца секако може да се најдат. Ептен тинејџерско размислување ми е тоа, искрено, да се одбие можноста во иднина за сметка на тоа што поминало.
 
Не дека не може и нема да се најдат. Ама ептен се навикнавме на овие па може да не бидат одма прифатени новите, не дека нема да чинат. Плус такво мислење може уште подобра да ни ја направи серијата ако ги погодат :D
 
Незнам за светско, ама знам дека Метју нема кој да го помине, како прво...како второ рекво дека ако направат уште една сезона по сличен терк - сценарио, со мрачни елементи, дека е можно да се премислам и да бидам демантирам, но не верувам дека ќе направт 2 слични сезони, барем од аспект на сетап - атмосфера.
 
Nope, спроед мене нема да ја надминат оваа сезона, јас обожавам мрачни сетапи, така да за мене ова е врвот од оваа серија најверојатно, освем ако новата сезона се служи со истите елементи :vozbud:

Ако на ова се додаде дуото...тешко..

Па не верувам дека ќе се префрлат на детективи кои решаваат џанаци и лесни дроги. Трилер/хорор/мистика елементот ќе остане сигурно, можеби не волку филозофирачки настроена ко што беше оваа сезона. Типувам на жена детектив следната сезона, иако не знам колку тоа ќе биде прав потег.

Инаку, изгледа само мене Вуди ме нервираше малку со глумата, поточно со зборувањето при правењето вакви потези со устата/фацата:

Capture.JPG

Ако има нешто за кое сакав да го нема во серијава тоа е ова. :нинџ:

Заборавив да пишам за музиката, дефинитивно една од најмајкоебачките музики од серија, на чело со intro-то, само да искочи саундтракот одма спуштам. :cuc:

Реков, за мене серијава како комплетен продукт по една сезона е далеку од епитетот: Најдобра на сите времиња, ама има потенцијал да влезе во тој свет најтесен круг. :D

п.с. Оние 15 минути кога го бараа килеров у оние напуштени тунели, сета сценографија, тензијата и тоа „позадинско“ зборење се осеќав ко да глеам епизода од Лост.
 
Уште сум под импресија од финалето, и звучам ко напалена тинејџерка, ама финалево фрчеше! Едноставно газеше све пред собом. Секоја чест за сите што работеа на серијава, и особено секоја чест до Вуди и Метју кои се феноменаленеонални глумци ебаго. Многу моќен завршеток, уште појак крај затоа што завршија со стил, завршија како што почнаа, споро, мрачно, со феноменални кадри најбољи дијалози ever снимени во филм.
Многу ми се допадна како беше прикажана Каркоза и целото место беше феноменално, мрачно, моќно, предизвикуваше морници да те лазат, со сите детали кои беа посветени во епизодава. Од самата куќа и општиот хаос полн со касети и кукли, до темните тунели со кукли и лешеви легнати наоколу во фустани, и уште на тоа самиот завршен дел со отворот горе е нешто феноменално. ХБО поставува нови стандарди, нов жанр, секоја чест.
И уште нешто да си спомнам, и може ќе звучам како пиче, ама монологот на Метју на крај за ќерка му и мракот дур бил во кома ме навистина допре, ја ептен бев соживен со ликов на Раст, и крајниов монолог ме остави со насолзени очи, и видовме еден различен Раст. Секоја чест значи, прејак крај, многу емотивно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom