Професионални лажговци

Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Она што ме поттикна да ја отворам темава е една случка која ми се случи неодамна. Бев во Скопје и ја оставив колата на паркингот кај автобуската станица бидеејќи требаше да си купам карта.. Додека бев занесен во испраќање порака за паркингот, слушам некој вика извинете.. Се завртев и гледам еден тип прилично богато облечен, со кожно палто.. На битолски дијалект ми вика: "Господине, извинете за мене ова е многу голем срам ама јас си го загинав новчаникот и телефонот. Ми фалат 70 денари за карта ве молам ако ми дајте многу ќе ми помогнете, господ ќе ја види добрината... Стварно изгледаше жално човекот, му дадов 70 денари и заминав накај автобуската. Купив карта, се вратив накај колата и го гледам истиот човек на некој што се паркирал до мене му ја кажува истата приказна и дури па 100 денари му зема на човекот.. До каде одат ваквите луѓе и колку ја искористуваат добрината на некои луѓе не ми се верува.. Стварно е жално.. сте имали ли вакви слични ситуации?
 
Доколку би бил подруг неговиот живот, сигурно добро ќе се снашол во животот. Добра финта е таа, а и не можи секој да го прај, само патолошки лажговци и луѓе со намалено чувство или непостоење на чувство на срам.
 
Има вакви на факултет колку сакаш, и за автобус им требаат пари и за фотокопирање.
 
Хех, пред некое време се симнувам на автобуска и едно дедо 60-70 години ми покажува кутивче од некој лек и ми вика, синко имаш ли 20 денари ми фалат за да го купам лекот, не ни загледав што лек беше, извадив од џеб и му дадов 100 денари. После некое време го гледам истиот пак бара, само сега земал кутивче од шумечи, после некое време пак го гледам...
Што го ебам, нек му служи на чест, мене 100 денари нема да ме оштетат.
 
Заради таквите престанав да се свртувам на секого што ќе ми побара помош. Колку поголема сиромаштија и мизерија, толку повеќе измами и преваранти цветаат. И во весник истово го имаше пред неколку месеци. Буквално процут има од секакви превари.
 
Има едни теткици кај МТВ стално кога поминувам таму по 500 денари ми бараат, до сега не сум им дал, ама има некои наивни што едвај чекаат да им дадат.
 
Има секакви преваранти во овој голем град. Тоа не може да го прави онаму каде сите се познаваат.
Среќа денес никој не зазвони на врата : со мало дете во раце,или со некоја белешка од лекар,или со некоја икона,и кај сите исто:
Дај пари...преваранти-лажговци,земи чувај лопата зад врата и дај им ја и никој нема да ја земе.
Има такви лица најповеќе од автобуска и железничка,па кон клинички што водат улиците или пак пред клинички па дури и внатре.
И тие лица се од други места,ама најповеќе страдаат-олеснати се баш и лицата од други места што доаѓаат овдека.
На пример има една Ромка од друг град доаѓа со пет деца секојдневно овде по ваква работа и вели Скопје е пари,Скопје е држава.
Овие наши тукашни Роми ги има што просат малку, ама повеќето работат-секојдневно по контејнерите,не се срамат. Никој од Велес или Куманово не доаѓа овде да собира хартија
цел ден за 150-200 денари,кога може на полесен начин да заработи 10 пати повеќе.
 
Лажго што го опиша Игор Џамбазов во неговото шоу Џиш
Типот наутро на полигонот за полагање, на сите кандидати им одел и им викал, за 50 марки ќе положиш имам човек во комисија, ако не положиш ти ги враќам парите. И така едно добри 5-6 години додека го откријат. Имал заработено преку 300.000 марки.
 
И на мене вакво нешто ми се има случено, само што јас не му дадов пари туку ќе го здробев за малце.
 
Во скоро време имав една случка во близина на Хавана ми вика те молам ама ептен со молење не ми текнува сега дали го изгубил новчаникот или што се десило ми вика 30 денари ми требаат за бензин демек онде сум со колата. Ептен сомнителен ми беше не знам дали беше измамник или не ама сепак му ги дадов пошто искрено не ми правеше разлика толкава сума. Ако му требале навистина тогаш мило ми е што сум помогнал ако бил измамник жал ми е што морал до такви мерки да посегне.
 
"Глувонемиот" никој не го спомна досега? Мислев дека е најпознат од таквите. :)
Еднаш на тој му викам "неам ситно" и со мимики ми покажува демек ќе ми расситни :D
 
Ова е малце језиво што го памтам ама слушајте.

Пред месец дена на рекорд, еден Ром најверојатно според бојата на кожата, ама со одличен македонски акцент, оди по луѓе со книшка некоја, со некоја рецепта, упат и вика на луѓе:„Извинете, син ми Александар е болен, треба операција ако може да помогнете со било каква помош би бил благодарен.“ И нормално кој не би помогнал.

Она што мене ми текна е дека пред 3 години знам средно бев уште, мене истиот тој ми дојде со истата прича! Фаци никогаш не заборавам, дури и тогаш син му Александар правеше операција. Сакав сега да му побарам да ми ја покаже книшката и упатот. Ама ај викам да не праам скандали, само му реков немам да ти дадам.

Значи ако ве сретне слаб црноманест маж со долга коса, и син Александар кој мора на операција, не му верувајте. Професионален лажго е, ова е бетер и од „глувонемиот“. :)
 
Има и во Дебар маало еден што „колата му останала во дефект поради немање бензин и му требаат пари за да не ја оставал така“. Три-четири години веќе нема собрани пари за бензин :(
 
Има и во Дебар маало еден што „колата му останала во дефект поради немање бензин и му требаат пари за да не ја оставал така“. Три-четири години веќе нема собрани пари за бензин :(
Го знам тој!!!

Помлад е, 23-25 години. Мене еднаш ми бараше 30 денари кај грчка амбасада за гориво...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom