Здраво дечки,
Го почитувам сето ова Кајганско општество, но јас сум прилично неактивен член и доаѓам тука само по потреба.
Потребата ми е следна:
Во план ми е да побарам спонзорство/донација од правно лице (компанија) за извршување на проект на невладина организација со цел збогатување на познавањето на културното наследство на тлото на Македонија. Станува збор за археолошко истражување, а јас сум фацилитатор на целото финансирање на споменатиот проект.
Сега за сега знам дека ако се стремам да го добијам тоа спонзорство од било кого, треба да се изработи детален елаборат за проектот, ама тоа и не е баш правна постапка. Но кога станува збор за потребните документи и процедури, тука сум со ниско ниво на умешност и информации, па би сакал да го променам тоа т.е. да научам повеќе.
-Дали постои образец за договор за спонзорство/донација?
-Ако треба да го изработам договорот, на кои членови и ставки од законот/уставот треба да го основам истиот?
-Исто така, бидејќи сум надворешен соработник на невладината, како е поедноставно да работам (официјално) за нив? Дали да се зачленам или пак да склучам договор за соработка т.е. привремено вработување? Идејата е да добијам фиксен процент од сумата која што ќе ја придобијам преку спонзорството/донацијата.
-Каква е процедурата по склучувањето на договорот? Дали тој е валиден со печати од двете страни и потпис од моја страна?
-Дали јас можам да бидам сам свој застапник (кога станува збор за вработување).
-Дали постои договор за еднократна услуга?
Сметајте дека сум прилично лаик на правниве аспекти, па слободно надополнете со информации коишто сметате дека се релевантни за мојот успех.
Се надевам дека ќе ми искочите во пресрет и ви благодарам однапред.
Искрено,
Зоран.