Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Може некој да ми даде образец како да си склопам пред-купопродажен договор без да ангажирам адвокати? Ви благодарам однапред.
одма да ти кажам ангажирај адвокат!
 
одма да ти кажам ангажирај адвокат!
значи знам дека може и без адвокат, затоа и прашав овде за помош, сепак е еден ебан образец што после на нотар ќе се завери...
 
за почеток да ти кажам ја утна работава , Договорот не е образец. Постојат неколку елементи кои задолжително треба да ги содржи секој договор, може да се работи и со раскинлив или одложлив услов ( ако знаеш за што ти кажувам). Со оглед да е пред договор треба да знаеш дали сумата ќе биде капар или дел од купопродажна цена што во случај на спор е многу важно. Може во случај н а неисполнување на договор или еднострано раскинување да си се заштитиш. Може да ти направи и извршна клаузула. Со составување на дог од страна на адвокат се штитиш самиот себе. Тоа ти е една кратка лекција од облигации а ако купуваш недвижност или сумата е солидна незнам како несакаш да дадеш 50-100 евра повеќе да се ти биде ок. Ти си знаеш
 
значи знам дека може и без адвокат, затоа и прашав овде за помош, сепак е еден ебан образец што после на нотар ќе се завери...
А бе заебан, земи САМ направи си го ебаниот образец, земи однеси го кај некој нотар да ти го ебано завере преддоговорот, после пак САМ напиши си го ебаниот договор за продажба, и тој однеси го на ебана заверка кај нотар, и после ако не дај боже ти излезе некој ебан проблем со преддоговорот и договорот поради твојата ебана (не)стручност, дури тогаш ќе мораш да побараш ебана адвокатска помош и ебано ќе се влечиш по судовите! :D:D:D
 
значи знам дека може и без адвокат, затоа и прашав овде за помош, сепак е еден ебан образец што после на нотар ќе се завери...
Може и без образец, договори се со чоеко на маса уз ракија и мезе, само на крај не заборави да го погледеш право во очи , смали го гласот за 2 октави извај пиштол, клај го на маса покрај ракијата и речи му “Ако ме заебеш - ќе те убијам“... направи пауза 4-5 секунди па од џеп извади и кибрит, клај го покрај пиштолот и речи му “И куќата ќе ти ја запалам“
Така да нема потреба да се замараш со адвокати нотари заверки....
 
значи знам дека може и без адвокат, затоа и прашав овде за помош, сепак е еден ебан образец што после на нотар ќе се завери...
Абе да баш така е тоа, имам тие како тебе сретнато многу случаи на кои не им треба "eбан" адвокат, дури одат и без застапник на суд и после кога ке дојде јајце на газ доаѓаат и кукаат што да се прави, батице имаш милион финеси во облигации, кои ниту ги знаеш ниту може да претпоставиш дека постојат, а да ит значат многу, така да не си играј оди направи си договор кај адвокат фрљи му 1500-2000 денари и си завршил работа, нотарот ке ти го завери договорот и ти да го направиш али кој квалитет и дали сите права што ти припаѓаат ке ги опфатиш во тој договор е сумњива работа.
Инаку плус да ти напоменам договорите се прават за во случај на спор, а не за кога се е како што си замислил и ако сите размислуваат така како тебе нема да постои ниту адвокатура, ниту нотаријат, ниту суд, ниту закон, ниту правен систем ...
 
Не се работи за ништо особено туку пренос на сопственост на стан и како што добивме сознанија нотарите можеле да ги направат тие договори а некои луѓе и сами ги правеле па не знам каде има ризик од правни проблеми за влечкање по судови понатаму и токму затоа прашав но најверојатно ќе побараме адвокат за да биде сигурно. Благодарам на одговорите
 
1. Преносот на сопственост Е НЕШТО ОСОБЕНО
2. Нотарите несмеат да прават договори исклучиво нотарски акти( прочитај што е нотарски акт што е солемнизација на дог)
3. Неспорно е дека може сам да го направиш али колку ќе бидеш заштитен е прашање има голем ризик од понатамошни проблеми
4.Не ми е јасно зошто континуирано сакате да го одбегнете адвокатот кој може многу да ви помогне
 
Затоа што на некои луѓе не им се даваат 1.000 - 2.000 денари за адвокатската услуга, иако станот/дуѓанот/земјиштето може да кошта 20.000, 30.000 евра па и повеќе, онака од инает не им се даваат тие пари, македонска работа, што да се прави!
 
За 1.000 - 2.000 денари не станува збор туку за суми од над 100 евра.
 
Koи суми од, ај нека се и 200 евра, ако нешто после тргне на лошо ќе изгледаат дури и смешно...према тоа што може да те очекува.
Луѓето арно ти велат погоре... Некој учел за тоа, некој го знае тоа навистина.
Читам, ја сфаќаш работата како да купуваш цигари во маалска бакалница.
Пренос на сопственост на недвижност е ептен озбилна работа, не си играј со тоа.
 
која мака ја имам, јас би дал и 1000 евра за сомнителен нотар али да ми заврши рабора.
 
За 1.000 - 2.000 денари не станува збор туку за суми од над 100 евра.
епа ако недвижноста чини 20000 евра 100 евра и не се така многу иначе ако дојде до тужба во старт адвокатските услуги ти се мин 150 евра а и по мин 4680 ден за секое судење едно вештачење или проценка од 7-8000 ден па нагоре а такса за тужба на оваа вредност е 48000 ден а за жалба дупло. а доколку со договорот и не си убаво заштитен(сам си го попунил образецот) постои можност и да го изгубиш спорот.. па ти сега размисли дали 100 па и 200 евра е многу
 
Какви 100-200 евра, кој адвокат зема за договор правење толку пари на оваа немаштија, луѓето како немаат пари да дојде кај нас во канцеларија да му потражиш 200 евра во старт знаеш дека нема од каде да ти даде, дојди во Куманово ке ти најдам 20 адвокати кои ке ти направат договор за пренос на сопственост врз недвижност за 2.000 денари.
 
епа нека оди во Куманово тогаш. Само незнам како за кај нотарот ќе има за плаќање без проблем
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom